НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (20. до 26. јули): Одлични вести за сите водни знаци!

Оваа недела планетата Меркур е во знакот на Рак и е подготвена да донесе добри вести за сите водни знаци! А вие, во кој знак сте родени? Откријте со нас што ви резервирааа ѕвездите за оваа недела!

Овен: можете да сметате на Венера!
Драги Овни, ова ќе биде една недела малку нервозен за вашиот знак: Меркур во неповолна позиција не ги олеснува меѓучовечките односи, додека Месечината во опозиција во сабота и недела би можела да ве натера да го изгубите трпението многу лесно. На работа, може да има недоразбирање или забавување на проектите. За среќа, ќе ја имате прекрасната Венера на ваша страна, која ќе ви донесе толку многу среќа во љубовта!

Бик: убава Месечина

Небото продолжува да биде на ваша страна. Меркур, Јупитер и Сатурн ве поддржуваат да ги постигнете своите цели, помагајќи ви да ги испланирате и пронајдете вистинските можности или вистинските контакти. Особено среќни ќе бидат деновите понеделник, четврток и петок, кога убава поволна месечина ќе го осветли вашиот пат, дури и на сентиментален план. Тоа е период во кој е можно да се консолидираат важни врски и да се изградат нови.

Близнаци: дали е таа вистинската личност?
Драги Близнаци, долгиот транзит на Венера во знакот продолжува за вас. Дури и најтврдоглавите, после неколку месеци со планетата на љубовта во одлична позиција, ќе поверуваат и признаат дека можеби овој пат навистина ја пронашле вистинска личност! Оние што веќе подолго време имаат стабилна врска, ќе почнат да кројат убави планови за иднината. Особено интересни и стимулативни денови ќе бидат сабота и недела.

Рак: нови можности!
Вашата недела започнува одлично, со прекрасна месечина во понеделник, подготвена да ви донесе среќа! Заедно со поддршката на Меркур, ќе ви гарантираат нови можности и ќе ви донесат многу добри вести, особено во четврток и петок. Марс е во неповолна позиција, од друга страна, и ќе направи да се чувствувате малку уморни и под стрес.

Лав: многу енергија!
Конечно закрепнувате со многу енергија и спокојство, по прилично комплицираните минати месеци. Поволните Марс и Сатурн веќе не се во опозиција и ви даваат нова сила, многу решителност и желба да сторите нешто големо. Венера е исто така на ваша страна, подготвена да ја зацврсти вашата љубовна приказна или, ако сте сингл, да роди нова. Во вторник и среда месечината ќе ви донесе добри вести и многу среќа!

Девица: тензии во љубовта 
Додека работите ќе почнат да се смират за вас од професионална гледна точка, за жал, ќе мора да почекате уште неколку недели пред да можете да уживате во малку спокојство и во областа на чувствата. Неповолната Венера ви го вознемирува срцето и врската со партнерот станува се повеќе тензична. Среќни денови се четврток и петок, кога убавата месечина ќе ви донесе среќа.

Вага: романтичен викенд!
Вашата недела започнува со малку повеќе умор, поради спротивставувањето на Марс и месечината во неповолна позиција. Подобро ќе биде од вторник. На работа може да се соочите со некои дополнителни тешкотии или блокади поради Јупитер, Сатурн и Меркур: ова не е вистинското време да се впуштите во нов потфат! Можете да сметате на поволната Венера, која ќе ви донесе – заедно со месечината – супер-романтичен викенд!

Шкорпија: мирна недела!
Ве чека една недела на многу спокојство, во која можете да сметате на одличниот аспект на Меркур, кој ќе ве опкружи со љубов и почит од луѓето за кои се грижите. Понеделник, четврток и петок убавата среќна месечина ќе ги осветли вашите денови, носејќи ви нови можности за средби и важни контакти. Вторник и среда пак, се тензични, кога може да се појави некое недоразбирање со партнерот.

Стрелец: како на тобоган
Вашиот љубовен живот, во последно време, е сличен на возење на тобоган, па дури и на авантуристи како вас – кои сигурно не сакаат рутина – почнува да им пречи. Искористете ја силата на Марс, подготвен да ви даде нова енергија, за да ги разјасните работите со партнерот. Избегнувајте дискусии, ако можете, во четврток и петок, кога неповолната месечина би можела да ве стави под стрес.

Јарец: бидете трпеливи 
Драги Јарци, вашата недела за жал започнува со месечина во опозиција во понеделник, што додава дополнителна тензија со опозицијата на планетата Меркур. Во овој период се чини дека сè е комплицирано, можеби ќе наидете на уште неколку блокади на вашата патека, но не грижете се: тие се само последните тешкотии што ќе го отворат патот за вториот дел од 2020 година, кој ќе биде многу подобар од првиот! Во меѓувреме, фокусирајте се на среќните месечеви денови: четврток и петок.

Водолија: месечина во опозиција
Месечината во опозиција ќе направи во деновите вторник и среда да биддете особено вознемирени, кога може да почувствувате малку поголема тензија, како дома, така и на работа. Но, не грижи се: планетите се на ваша страна! Убавата Венера обезбедува сила и цврстина на вашата љубовна приказна, додека Марс ви ја дава целата сила и решеност да успеете во целта во секоја област.

Риби: нов пат!
Драги Риби, планетите се на ваша страна, особено ако сте решиле да започнете нова кариера или лично патување: поволниот Меркур, заедно со Јупитер и Сатурн, помагаат во промената и гарантираат успех. Сепак, за жал, ќе мора да се справите со неповолната Венера, која ќе предизвика кавги и тензии во вашиот живот. Денови за одмор: четврток и петок.

 

x

Check Also

УЛОВЕН МИЛИОНОТ ОД ИНСТАНТ ЛОЗОТ ЗЛАТНА РИПКА ВО ПРИЛЕП

Инстант лозот Златна Рипка и во својата 6та серија продолжува да радува ...