Неделен хороскоп (20-ти до 26-ти мај): Топ знаци на неделата – Бик, Риби и Девица

Оваа недела земјените знаци може да сметаат на љубов – прекрасната Венера е за нив одлично поставена. Помалку среќни ќе бидат кутрите Шкорпии и Лавови…А вие, во кој знак сте родени? Прочитајте што ви предвидуваат ѕвездите за периодот од 20-ти до 26-ти мај.

Овен – Голем замор

Оваа недела ќе се чувствувате многу поуморно од вообичаено, а тоа се должи на лошата поставеност на Марс. Ќе се чувствувате безволно и без енергија за нешто да преземете, а добро е и да внимавате на вашето здравје! Четврток и петок, за среќа, ќе ви се подобри расположението, а тоа ќе се должи на одлично влијание на една личност која наскоро ќе се покаже како многу важна во вашиот живот…

Бик – Број 1

Вашиот знак и оваа недела ќе биде фаворит на ѕвездите. Со Венера и Меркур во конјукција се лесно ќе ви оди од рака! На повидок се одлични вести и на деловен и на емотивен план. Осамените Бикови треба да бидат на „готовс“ – конечно би требале да сретнат некоја многу интересна личност. Суперсреќни денови се петок и сабота.

Близнаци – Месечина во опозиција

Драги Близнаци, вашата недела ќе започне со една лоша Месечина во опозиција. Затоа внимавајте в понеделник и вторник. За среќа, веќе од среда ситуацијата се подобрува. Ако сте во некакво очекување на важна вест или одговор – ќе мора да се воздржите уште малку, зашто со Јупитер во опозиција работите не се одвиваат за сега како што треба. Може да сметате на среќните денови од неделата – петок и сабота.

Рак – Викенд на љубов!

Со Марс во знакот сигурно нема да ви недостига супер расположение, одлично здравје и огромна енергија. Всушност, овој период за вас е период на голема сила. Без разлика на потешкотиите со кои се обележува вашата 2019 година, ќе имате енергија која ќе ви послужи полесно да ги поминете порблемите. Внимавајте на деновите вторник и среда, кога Месечината е во опозиција и ќе ви донесе нервози. Викендот резервирајте го за љубов, а недела е суперсреќен ден за романтичност.

Лав – Проблеми во љубовта

Драги Лавчиња, оваа недела ѕвездите нема да бидат на ваша страна, особено планетата на љубовта. Може да очекувате кавги и недоразбирања со партнерот. И Меркур нема да ви притрча во помош, а тоа значи дека на работното место уште потешко ќе оди комуникацијата меѓу колегите, а внимавајте на дијалогот со претпоставените! Најнервозни денови ќе бидат петок и сабота, зашто и Месечината ќе ви го заврти грбот.

Девица – Ѕвездите се на ваша страна

Вашата недела ќе започне со еден прилично тежок понеделник, поради лошата поставеност на Месечината. Ќе се чувствувате безнадежно, но не очајувајте, воопшто не е така! Веќе од вторник ѕвездите застануваат на ваша страна и ви даваат голема поддршка и во љубовта и на работен план. Вторник и среда ќе бидат два суперсреќни дена во кои може да очекувате одлични вести! Внимавајте само на денот недела, кога опозицијата на Месечината може да ви донесе некој пречка или нервоза.

Вага – Во очекување…

За вас продолжува убавиот период на обновување на енергијата. Потресувањата се зад вас, недоразбирањата се веќе минато и сега полека, чекор по чекор, повторно ја враќате хармонијата и стабилноста. За жал, Марс е неповолен па затоа може да се чувствувате заморни. Искористете ја прекрасната Месечина во среќните денови петок и сабота, а викендот уживајте во релаксација и спорт.

Шкорпија – Тука е Месечината

Ова за вас нема да биде едноставна недела – треба да се соочите со опозицијата и на Венера и на Меркур, што значи со блокади и на сентиментален и на деловен план. Но за среќа, тука е Месечината, па може да сметате на среќните денови вторник и среда кога расположението ќе ви биде одлично, а проблемите полесно ќе ги надминувате.

Стрелец – Одлични резултати

Вашата недела ќе започне „на големо“ со една прекрасна Месечина во конјукција – среќата ви се насмевнува и може да пристигне некоја преубава вест и тоа неочекувано. На работен план ве очекуваат големи промени и важни договори. Јупитер е на ваша страна и гарантира успех, затоа не двоумете се да ризикувате! Романтични денови се петок и сабота, додека денот недела може да биде нервозен.

Јарец – Марс во опозиција…

Лошата поставеност на Марс продолжува да ви ја црпи енергијата, а вие и понатаму ќе се чувствувате преморени, нерасположени и без волја да преземете нешто. Резултатите, особено на деловен план, секако ќе пристигнат, но за да пристигнат – ќе мора да вложите многу повеќе напор. Меркур ќе ги фаворизира контактите со колегите и претпоставените, а во вторник и среда можни се нови важни контакти или договори.

Водолија – Барајте дијалог!

За жал, драги Водолии, ова за вас не е убава недела, туку полна со стресови и недоразбирања. Венера е лошо поставена, па не се исклучени жестоки кавги со партнерот и оние кои ги сакате. За среќа, може да сметате на една убава Месечина во деновите петок и сабота – искористете ги овие два дена за да ја смирите топката, и барајте разговор со партнерот. На работен план може да се чувствувате помалку мотивирани.

Риби – На големо!

Ова ќе биде една исклучителна недела за вашиот знак! На ваша страна се и планетата на љубовта, Венера, како и Марс, кој ќе ви ја даде целата енергија за полесно да ги истуркате проектите. И Меркур е на ваша страна – тој пак, ќе придонесе за успешни контакти и одлична комуникација, особено во вторник и среда. Во недела, благодарение на прекрасната Месечина во конјукација, може да очекувате многу романтика.

x

Check Also

Еве ја програмата за Струшки вечери на поезијата 2019

Струшките вечери на поезијата ја објави Програмата на претстојното издание на Струшките ...