Неделен хороскоп (20ти-26ти август): Топ знаци на неделата Вага и Стрелец

Оваа недела Овните ќе чувствуват проблеми и разочарувања во љубовта, поради опозицијата на Венера. Нема да оди се добро ни за Јарците и Раковите! Одлични вести пак, ги очекуваат Вагите, Лавовите и Стрелците. Проблеми на работа за Биковите и Воолиите…А вие, во кој знак сте родени? Прочитајте што ви подготвуваат ѕвездите во неделниот хороскоп за периодот од 20-ти август до 26-ти август 2018.

Овен – љубовни кавги

Во овој период Овновите не треба да се обидуваат да најдат заеднички јазик или решенија со својот партнер, зашто тоа нема да им оди од рака. Ќе имаат многу тешка комуникација со партнерот, која најчесто ќе завршува со кавга, а тоа се должи на лошата поставеност на планетата на љубовта. Најтешки денови ќе бидат вторник, среда и четврок, па подобро е секоја дискусија, ако е неопходна, да ја оставите за петок или сабота, кога може да пристигне добра вест.

Бик – Неповолен Меркур

Лошата поставеност на Меркур ќе продолжи да ви носи неповолности на работното место – доколку пак сте на одмор, ќе почнете да чувствувате проблеми и притисоци од најблиските околу вас. Доколку сте на работа, пак, ќе се појави поголем проблем, особено во петок. Вашиот љубовен живот си тече нормално, но ќе почувствувате потреба за некоја промена, за нови емоции…сметајте на недела кога Месечината е среќно поставена и ќе ги прекрши рутините.

Близнаци – Одлични вести!

Вашата недела ќе започне со нервозен понеделник, кога Месечината ќе биде во опозиција и ќе направи да се чувствувате незадоволни. Но, не грижете се, и Венера и Меркур се на ваша страна и подготвени се да ви подарат многу среќа и на работното поле и во љубовта. Одлични вести доаѓаат во петок и сабота. Ако моментно работите на некој проект, конечно ќе ги видите плодовите!

Рак – Тешка недела

За Раковите неделава ќе биде прилично тешка, поради Месечината во опозиција, а особено се тешки на емотивно поле деновите – вторник, среда и четврток. На емотивен план работите нема да се одвиваат онака како што очекувавте, ќе се појават пречки и проблеми. Додека на работното поле ќе се чувствувате заглавени и немотивирани. Најсреќен ден во неделата е недела.

Лав – Напред!

И оваа недела небото на Лавовите им подарува голема среќа и бројни можности на секое поле во животот! Меркур во конјукција секогаш ќе ви го дава најдоброто и бараното од вас, особено на работно поле, додека Венера ќе ви гарантира спокоен и задоволен љубовен живот. Среќата им се насмевнува и на осамените Лавови! Само напред! Вимание само на малку нервозните денови петок и сабота, кога Месечината ќе биде во опозиција.

Девица – Без параноја

Крајот на август за Девиците е мирен, но мора да се внимава само на денот недела кога неповолната Месечина може да ви донесе мали љубовни нервози и да направи да наоѓате проблеми таму кадешто ги нема! Ако вашата врска е здрава и базирана на доверба, нема за што да се грижите, додека ако врската ви е нова или климава, воздржете се да не влегувате во „параноја“. Позитивни денови за дискусии и работни потфати се вторник, среда и четврток.

Вага – Љубов и можности

Љубовта се насмевнува за Вагите! Со прекрасната Венера во знакот, за вас пристигнува уште една недела полна со љубов, емоции и размена на убави чувства и страст.Петок и сабота ќе бидат најемотивните денови, во кои може да добиете некој предлог или некоја неочекувана вест. Убав период и кога се однесува до средбите и можностите на работното место. Внимание само на нервозната Месечина во деновите вторник и среда.

Шкорпија – Уште малку трпение!

Иако не ви изгледа дека одите нанапред, не треба да ја губите својата самодоверба. Неповолниот Меркур сеуште ви создава проблеми на вашиот пат, особено на работното место и тоа ќе потрае и оваа недела. Но, за среќа, на ваша страна останува планетата на среќата Јупитер, која гарантира успех на дола патека. Значи, уште малку трпение, особено во деновите петок и сабота. Најспокојни денови пак ќе бидат вторник и среда.

Стрелец – Супер недела!

Ѕвездите ви подготвија супер недела. Ова ќе биде недела полна со убави вести, особено на работното место. Венера пак, планетата на љубовта, е на ваша страна, и може да ги надминете лесно сите проблеми кои до сега сте ги имале на емотивното поле. Ако сте во врска, таа ќе прерасне во уште постабилна и ќе уживате во друштвото на партнерот! Единствен малку нервозен ден ќе биде недела.

Јарец – Без нервози!

Драги Јарци, немојте да се нервирате во овој период ако увидите дека вашата врска не функционира: Венера е неповолна, создава проблеми, ја отежнува комуникацијата со партнерот, но немојте да носите избрзани одлуки, а ако сте во врска, дајте и шанса на врската! Сметајте на супер-среќните денови вторник, среда и четврток, кога среќната Месечина ќе ви помогне полесно да ги решите проблемите.

Водолија – Недела полна со љубов!

Уште една недела полна со љубов за Водолиите! Планетата Венера, продолжува да ве поддржува и да ви подарува големи емоции. Петок и сабота ќе бидат два исклучителни дена, во кои една прекрасна Месечина во конјукција, ти гарантира ново ниво на длабоки чувства и романтика! Но, на работно поле, сметајте дека проблемите сеуште ви ги креира неповолниот Меркур, кој пак, ако сте на одмор, исто така може да ви донесе непријатности.

Риби – Каква романтика!

Во овој период во знакот на обновување на енергијата, конечно може да уживате во враќањето на смиреноста особено на љубовно поле. Денот недела, со Месечина во конјукција со вашиот знак, ќе биде посебно романтичен! Осамените Риби, секако, нема да останат осамени во недела! Среќни денови се и вторник, среда и четврток. Внимавајте само на понеделникот, кога може да се почувствувате нервозни.

x

Check Also

Новата Galaxy Note10 серија на паметни телефони официјално претставена во Скопје

По само неколку дена од светската премиера во Њујорк Samsung ја претстави ...