Неделен хороскоп (21. до 27.јуни): Убави изненадувања за Вагите, стрес за Биковите и Шкорпиите, љубов за Лавовите…

Оваа недела планетата Венера ќе го нашушти знакот на Рак за да влезе во знакот на Лав, подготвена да им подари толку многу страст на сите огнени знаци! А вие, во кој знак сте родени? Откријте со нас што ви подготвуваат ѕвездите оваа недела!

Овен: бидете трпеливи 
Планетата Венера ќе остане во неповолна положба за вашиот знак до недела: ако работите не одат добро со вашиот партнер, бидете трпеливи и не носете избрзани одлуки, бидејќи од следната недела ѕвездите ќе фаворизираат дијалог и страст меѓу вас и вашиот партнер/ка . Добри вести на работното место можни се во среда и четврток. Петок и сабота ќе мора да ја издржите малку нервозната Месечина.

Бик: стрес на работа
Почнувајќи од следната недела, планетата Венера ќе ви го сврти грбот, започнувајќи прилично комплициран период во однос на чувствата. Бидете внимателни, затоа, да не оставате неодговорени прашања: искористете ги деновите понеделник и вторник, во кои ќе имате прекрасна Месечина, за да се справите со кој било дијалог со вашиот партнер. Малку повеќе стрес на работното место.

Близнаци: Месечина во опозиција
Драги Близнаци, оваа недела ќе мора да ја издржите Месечина во опозиција во среда и четврток, кога  може да се појават некои непријатности, особено на работното место. Не грижете се премногу, сепак: имате наклоност од Јупитер и Меркур кои се на ваша страна, кои наскоро ќе ви донесат интересни решенија и нови можности. Марс во поволна позиција ви дава многу енергија и предност над другите.

Рак: догледање, Венера!
Уживајте колку што можете оваа недела на љубовен план: почнувајќи од недела, всушност, планетата на љубовта повеќе нема да биде во вашиот знак! Ако сè уште не сте го направиле тој важен чекор кон/со вашиот партнер или личност што ви се допаѓа, не двоумете се. Искористете ги до максимум среќните денови понеделник и вторник, кога исто така ќе имате убава романтична Месечина за да ве поддржи. Денови неповолни – петок и сабота.

Лав: добредојде, Венера!
Почнувајќи од недела, планетата Венера ќе влезе во вашиот знак, означувајќи го почетокот на еден вистински среќен период во однос на чувствата! Во следните недели, љубовта ќе биде вистински протагонист во вашиот живот, без разлика дали сте сè уште слободни или веќе сте во врска. Во меѓувреме, уживајте во деновите среда и четврток, кога ќе имате прекрасна среќна Месечина на ваша страна. Малку лошо расположение – во понеделник и вторник.

Девица: фаворизиран дијалог со партнерот!
Драги Девици, до недела може да сметате на убавата Венера: искористете го позитивното влијание на планетата на  љубовта за да се изјасните пред една посебна личност или да се соочите со тој славен дијалог со партнерот. Најдобри денови за дијалогот, исто така фаворизиран од Месечината, ќе бидат петок и сабота. На работа, можни се некои назадувања во среда и четврток.

Вага: убави изненадувања!
Драги Ваги, вашите љубовни болки ќе завршат! Почнувајќи од недела, конечно, планетата Венера ќе престане да дејствува против вас и ќе започне да му помага на вашиот љубовен живот. Во меѓувреме, обрнете внимание на деновите петок и сабота, кога може да се појават жестоки дискусии со партнерот. Од друга страна, областа на работа е фаворизирана: помеѓу среда и четврток, благодарение на прекрасната Месечина, може да има пријатни изненадувања.

Шкорпија: каков стрес!
Вашата недела започнува добро и ќе имате многу среќа на сите полиња! За жал, сепак, нема да заврши исто така… В недела, всушност, планетата Венера ќе изврши неповолна траназиција за вашиот знак што во следните неколку недели може да ви донесе кавги и недоразбирања со вашиот партнер. Малку повеќе стрес и на работа: внимавајте да не кажете нешто кое ќе ве чини многу!

Стрелец: одлично!
Пристигнуваат добри вести за вашиот знак – почнувајќи од недела – ќе можете да уживате во позитивното влијание на прекрасната Венера. Планетата на љубовта е подготвена да ви даде големи емоции во наредните недели! Во меѓувреме, уживајте во деновите среда и четврток, кога среќната Месечина ќе светне во вашиот знак: може да има добри вести во врска со работата, дополнително поради поддршката и од Меркур!

Јарец: добра вест!
Оваа недела конечно може да се збогувате со спротивставувањето на Венера! Всушност, почнувајќи од недела, планетата на љубовта ќе го напушти знакот на Рак и ќе го врати спокојството во вашиот љубовен живот, кој до неодамна беше прилично измачен. Понатаму, во петок и сабота, можете да уживате и во пријатни романтични мигови благодарение на престојот на Месечината со вашиот знак, подготвена да ви даде многу повеќе среќа во однос на чувствата.

Водолија: Венера во опозиција
Драги Водолии, за жал оваа недела – почнувајќи од недела – планетата Венера ќе дојде во спротивност со вашиот знак, започнувајќи прилично комплициран период што се однесува до чувствата. Во меѓувреме, уживајте во суперсреќните денови петок и сабота, заедно со прекрасната Месечина. Во контекст на работата, Марс во опозиција ќе продолжи да прави да се чувствувате малку поуморно од вообичаено.

Риби: не двоумете се!
Драги Риби, планетата на љубовта ќе продолжи да ви се насмевнува до недела: искористете ја можноста да направите чекор напред, не плашете се да ги искажете своите чувства! Особено романтични и среќни ќе бидат деновите петок и сабота, во кои дури и Месечината ќе дејствува во ваша корист. Внимание, сепак, на деновите среда и четврток, кога може да се појават тензии во канцеларијата или во семејството.

x

Check Also

Заокружување на проектот „Скопје одново“ во МСУ

Јавни презентации на професорките Сасен и Дескова во Музејот на современата уметност ...