Неделен хороскоп (21 до 27 октомври): Топ знаци на неделата – Шкорпија, Вага и Стрелец

И обаа седмица Венера и Меркур ќе бидат стационирани во знакот на Шкорпија и ќе носат прекрасни вести за Шкорпиите, но убави новости ги чекаат и другите водни знаци. Со потешкотии ќе се соочат Биковите, Водолиите и Лавовите. А вие, во кој знак сте родени? Прочитајте го неделниот хороскоп за период од 21 до 27 октомври.

Овен – Марс во опозиција

Марс и оваа недела е во опозиција носеќи ви пад на енергијата и лошо расположение, ни внимавајте и на грип и настинки. Наместо да сте загрижени, искористете го периодов малку да се одморите и да соперете сила. Среќни денови се вторник и среда, кога убавата Месечина ќе биде со вас. Внимавајте на деновите кои се нервозни – сабота и недела.

Бик – Тешка седмица

Драги Бикчиња, за жал, оваа недела ќе биде прилично тешка за вас зашто мора да се соочите со опозициите и на Венера и на Меркур. Дискусиите ќе бидат напнати и дома и на работното место, не внесувајте се многу во жестоки дијалози и обидете се да не се карате. Среќни денови се четврток и петок.

Близнаци – Убави вести

Наградите кои ги посакувавте, пристигнуваат исто како и пофалбите. Во вторник или среда очекувајте прекрасна вест, благодарение на поволната Месечина. Марс е поволен и ќе бидете полни со енергија и одлично расположение, никој нема да може да ве сопре! Внимавајте само да не влегувате во кавги со партнерот, за подоцна да не се покаете, особено в четврток и петок. Сабота и недела резервирајте ги за релаксирање со пријателите.

Рак – Љубовта ви се насмевнува

Вашата недела не може да почне подобро од ова – Месечината е во вашиот знак и ќе ви донесе многу позитивна енергија и среќа. Љубовта ви се насмевнува благодарение на позитивната Венера. И на работното место на повидок се убави новости, иако малку се чувствувате уморни…Внимавајте само на нервозните денови сабота и недела.

Лав – Месечина во конјукција

Оваа недела може да сметате на деновите кога Месечината е во конјукција со вашиот знак – вторник и среда, тогаш среќата ќе биде на ваша страна. Но внимавајте на другите денови кога нема да ви оди се од рака, особено на работен план. И на љубов план очекувајте тензични односи со партнерот, бидејќи Венера е неповолна, особено во четврток и петок.

Девица – Позитивна недела

Оваа седмица дефинитивно ќе биде многу позитивна за вашиот знак, благодарение на големата поддршка од Венера и Меркур. Деновите четврток и петок ќе бидат суперсреќни, искористете ги до максимум! Ако сте во очекување на некоја вест на работното место, би требала да пристигне многу бргу! И љубовта ви се насмевнува, осамените би требало да си ја најдат сродната душа.

Вага – Емотивен викенд

За вас продолжува периодот на голема сила и енергија, гарантирана со конјукцијата на Марс. Оваа недела, всушност, ќе доживеете неверојатни чувства за време на викендот. Оние кои се сами нека ги држат очите отворени, зашто љубовта е пред нив. На работен план најпродуктивни денови ќе бидат вторник и среда, додека понеделник треба да внимавате во дискусиите со колегите и претпоставените.

Шкорпија – Каква страст!

Уште една недела во која сте ѕвезди на Зодијакот, благодарение на огромната поддршка на Венера и Меркур во конјукција! Поддршката на овие планети ви гарантира многу успеси на работното место и на емотивен план. Љубов секако нема да ви недостига, ако сте веќе во пар – ќе уживате со партнерот, а ако сте сами – нова интересна личност е на повидок, а особено интересен ќе биде викендот.

Стрелец – Јупитер е со вас

Планетата на среќата, Јупитер, ќе остане во вашиот знак уште неколку месеци – искористете го овој среќен период, особено на работното место! Ако имате на ум некој проект, не се двоумете да го започнете. Оваа недела особено среќни денови ќе бидат вторник и среда, кога и Месечината ќе биде на ваша страна. Внимавајте само на четврток кога е можна некоја пречка.

Јарец – Тежок почеток

За жал оваа недела ќе почне лошо за вас, особено понеделник ќе биде многу тежок ден – Марс е неповолен, а Месечината ќе биде во опозиција па ќе се чувствувате и уморни и нервозни. Не грижете се, почнувајќи од среда работите ќе тргнат на подобро. Меркур е поволен и ќе се чувствувате горди на работното место. Среќни денови – четврток и петок.

Водолија – Месечина во опозиција

Оваа седмица ќе треба да се борите со неповолната Венера, која ќе го искомплицира вашиот емотивен живот, особено носејќи ви сомнежи и двоумења меѓу вас и партнерот. И на работен план, за жал, работите нема да одат како што сакате, особено внимавајте на вторник и среда кога и Месечината не е на ваша страна. Сабота и недела искористете ги за одмор и релаксација.

Риби – Сè подобро!

Продолжувате да заздравувате и да собирате енергија – среќата во љубовта ви е загарантирана со прекрасната поволна Венера која ќе ви донесе многу емоции и денови полни со страст. И на работен план треба да пристигнат убави вести, особено во првиот дел од неделата. Малку понервозни пак, се деновите четврток и петок, кога Месечината ќе биде во опозиција – внимавајте да не влегувате во кавги.

x

Check Also

Кејт Мидлтон со венче од Zara кое чини помалку од 20 евра

Војвотката од Кембриџ се појави на свечениот концерт во Ројал Алберт Хол ...