Неделен хороскоп(21-ви до 27ми јануари): Топ знаци на неделата – Јарец, Лав и Бик

Оваа недела Јарецот ќе биде во центарот на вниманието на ѕвездите кои ќе помогнат да постигне големи успеси, особено на работно поле. Среќна недела ќе биде и за Биковите и Девиците, додека проблеми на работното место може да имаат Раковите. Љубовта пак ќе им цвета на огнените знаци. А вие, во кој знак сте родени? Прочитајте го неделниот хороскоп за периодот од 21-ви до 27ми јануари 2019.

Овен – Комплицирани комуникации

Љубовта во овој период ја имате и ја добивате во голема мера, до вас е веројатно лице кое се грижи за вас и на кое многу му значите. И супер што е така, зашто токму такво лице ви треба за да ве поддржи во периодот кога ќе се случуваат проблеми на финансиски план и на работното место. Конфликти се можни со претпоставените или со колегите, особено во деновите кога Месечината ви го врти грбот, петок и сабота. Комуникациите ќе бидат многу тешки. Најдобар ден ќе биде вторник.

Бик – Нови средби

Драги Бикови, Венера повеќе не е во опозиција, а нејзиното убаво влијание веднаш ќе го почувствувате на сентиментален план. Доколку сте во врска, ќе уживате во убави моменти со партнерот. Доколку сте сами, во овој период ќе бидат фаворизирани интересни средби. Може да запознаете вистинска личност за вас. Внимавајте само во недела, кога Месечината ќе биде во опозиција и може да ви донесе лошо расположение.

Близнаци – Желба да избегате

За вас слободата е света – дури и ако сте во врска, сега ќе чувствувате вистинска волја за слобода, но и за забавување со пријателите. За жал, Венера е во опозиција па нема да ви оди на сентиментален план баш како што вие сакате. Ова не е вистински период за започнување на нови врски, зашто нема да траат долго…Но, ако толку многу сакате слобода, гледајте да не претерате кон блиските со импулсивно однесување.

Рак – Подготвени сте за борба?

Драги Ракчиња, работите нема да одат како што сакате и се повеќе ќе се вплеткувате во проблеми на сите полиња. Тешко ќе одат и комуникациите со блиските но и со претпоставените на работното место, можни се недоразбирања. Но, сепак, не дигајте раце и продолжете да ги туркате проектите. Најдобри денови во неделата ќе бидат среда и четврток. Одамените Ракови, на сентиментален план, ќе мора да почекаат уште некое време…

Лав – Суперсреќни денови

Вашата недела ќе почне со два извонредни дена – понеделник и вторник, кога Месечината ќе свети во вашиот знак и ќе ви донесе бројни убави изненадувања! Љубовта ќе биде главен протагонист во следниот период. Венера е поволна и ќе ви обезбеди спокојност во врската, но и многу, многу страст. За осамените Лавови, ова е суперсреќен период во кој би трабале да се родат нови врски предодредени да траат долго.

Девица – Неповолна Венера

За жал и оваа недела ќе бидете под влијание на неповолна Венера. Планетата на љубовта ќе ви создава тешкотии во емотивните врски, па можни се и конфликти во најстабилните врски. Периодот не е за започнување нови релации, зашто веднаш ќе бидат поставени на „климави нозе“. За среќа, може да сметате на поддршката од Меркур, кој ќе ви донесе успеси на работен план, особено во суперсреќните денови среда и четврток кога ќе чуете убави вести.

Вага – Уште малку стрпете се…

Не грижете се ако на работното место проблемите се намножуваат, станува збор само за уште една тешка недела. Меркур е неповолен и за жал, нема да ви помага да ги решите работите, затоа стрпете се, оставете периодот да помине…Од друга страна пак, Венера ви е наклонета, затоа уживајте во неделата полна со возвратена љубов, спокојство и голема поддршка од партнерот. Осамените Ваги имаат шанса да запознаат интересна личност и да започнат убава љубовна приказна. Најсреќни денови на љубовен план се петок и сабота.

Шкорпија – Успех на работа

Меркур продолжува да ви ги отвора вратите на работен план. Многу од вас, вложуваа голем труд во изминатите месеци, па конечно сега ќе ги собирате зрелите и слатки плодови. Суперсреќни денови на деловен план се среда и четврток, кога и Месечината ќе ви даде поддршка. Што се однесува до чувствата, може да сметате на поволна Месечина во недела, тоа ќе биде ден кој ќе го запамтите!

Стрелец – Да живее љубовта!

Драги Стрелци, со Венера во вашиот знак, тешко дека некој може за нешто да ве одбие! Особено на љубовен план, работите ќе одат како што сакате. Оние кои се во пар ќе уживаат во романтика и страст, додека осамените Стрелци ќе имаат шанса да се вљубат во вистинска за нив личност. Најсреќни денови за љубов се петок и сабота. И на работен план може да очекувате убави вести, особено на почетокот на неделата. Внимавајте само на четврток кога поради лошата Месечина ќе бидете нервозни и нерасположени.

Јарец – Доаѓаат задоволства!

Вие сте ѕвезда на неделата, што и да допрете ќе претворате во злато. Со прекрасен Меркур во конјукција, нема да ви недостигаат бројни прилики и успеси на работен план. Ако до неодамна се грижевте зашто плодовите не ги собирате, сега е време да уживате во задоволствата. Најдобри денови во неделата ќе бидат среда и четврток. Малку замор пак ќе почувствувате во сабота.

Водолија – Месечина во опозиција

Вашата недела ќе започне со два дена кои ќе бидат тешки – понеделник и вторник поради лошата поставеност на Месечината ќе бидат денови полни со нервоза. Но, не грижете се, веќе од среда, работите почнуваат да одат на подобро…Од друга страна пак, љубовта ќе ви донесе задоволства, па така полесно ќе ги пребродите деловните и финансиски маки. Венера е со вас и ви подарува разбирање со партнерот. Осамените Водолии треба викендот да искочат од дома, зашто зад аголот ги чека интересно лице.

Риби – Љубовни макички

Драги Рипчиња, за жал, продолжувате да бидете без поддршка од Венера, а сега грб ви врти и Месечината, особено во деновите среда и четврток кои ќе бидат тешки за вас од емотивна гледна точка. За среќа, Меркур ќе ви подари голема поддршка на работното место и одлични резултати! Можни се многу важни контакти и средби кои ќе ви ги отворат вратите за успех во иднина, особено на финансиски план.

x

Check Also

Промовиран автомобилот ЗАС Г20 – „Фиќо со електричен мотор„

Првиот македонски електричен автомобил ЗАС Г20 својата промоција пред медиумите и домашната ...