Неделен хороскоп (22ри до 28ми април): Топ знаци на неделата – Овен, Лав и Водолија

Без сомнеж оваа недела најсреќни ќе бидат родените во знакот на Овен! Овните ќе ја имаат поддршката и од Венера и од Меркур што значи дека успеси и убави изненасувања ги чекаат и на деловен и на љубовен план. Помалку среќа ќе имаат Вагите. А вие, во кој знак сте родени? Прочитајте што ви подготвија ѕвездите за периодот од 22ри до 28ми април.

Овен – Супер недела!

Пред вас е една исклучителна недела! Венера во конјукција ќе ви подари големи емоции – ако сте сами, пред вас е судбинска средба која ќе ви го промени животот. И на работен план доаѓаат убави вести, особено во деновите понеделник и вторник кога се ќе ви оди од рака, зашто и Месечината ќе блеска само за вас. И крајот на неделата е прекрасен, во знакот на страстите и романтиката.

Бик – Среќна Месечина

Драги Бикчиња, оваа недела ќе биде многу среќна за вас особено во централниот дел на неделата. Од вторник до четврток, всушност доаѓаат преубави вести на работното место, а еден проблем кој одамна ви тежи ќе биде позитивно решен. Во љубовниот живот пак може да поминувате низ мал период на криза, но ништо сериозно! Со вашиот разум и капацитет лесно ќе се справите со барањата на партнерот.

Близнаци – Марс ви дава сила!

Пред вас е една незаборавна недела. Ќе започне со малку нервозен понеделник и вторник, кога Месечината е во опозиција, но почнувајќи од среда ве очекуваат само убави средби, новости и успеси. Марс е во вашиот знак и ќе ви даде многу енергија и физичка сила, одлично здравје, па ете прилика да победите на сите полиња…Викендот ќе бидете протагонист на моменти полни со страст.

Рак – Не претерувајте

Внимавајте оваа недела да не претерате и да не се вложувате премногу, зашто ќе бидете исцрпени, уморни и со паднато расположение бидејќи нема да го постигнувате лесно тоа што сакате. И Венера и Меркур се неповолни па затоа подобро е да не инсистирате во решавање на проблемите и да не започнувате нови проекти. Мора да се стрпите. Особено тешки денови ќе бидат среда и четврток кога и Месечината ќе ви го заврти грбот. Подобро ќе се чувствувате за време на викендот.

Лав – Убави вести

Драги Лавчиња, ве очекува супер недела, и на работен и на сентиментален план. Венера е поволна и ќе ви донесе спокојство во врската, а оние кои се сами – ќе запознаат интересна личност. И Меркур е поволен па ќе ве изненади со прекрасна вест на работен план, а суперсреќни денови се понеделник и вторник. Внимавајте само на крајот на неделата, кога Месечината нема да биде на ваша страна па ќе ви создаде сплетки и нервози.

Девица – Се е под контрола

Знаеме дека многу сакате да ги држите конците во ваши раце, а оваа недела баш така и ќе биде – се ќе биде под ваша контрола! Марс е неповолен па можно е да почувствувате слабост, замор или недостаток на енергија за да ги истуркате важните проекти, особено во нервозните денови понеделник и вторник. Подобро ќе биде од среда, а среќен ден е четврток, кога ќе добиете убава вест.

Вага – Каков стрес!

Драги Вагички, за жал и оваа недела ќе мора да се борите со негативното влијание на Венера и Меркур…И понатаму ќе ви создаваат пречки и на деловен и на љубовен план. Ќе чувствувате дека ништо не ви оди од рака, но не грижете се, ова е само минлив период…И со партнерот нема да најдете заеднички јазик, па воздржувајте се од кавги, особено во среда и четврток кои се многу нервозни денови.

Шкорпија – Време е за одлуки и избори…

Во овој период планетите не ви создаваат ни тензии ни стрес, туку создаваат за вас бројни ситуации на избори и ќе бараат од вас да станете одлучни и да преземете одговорност. Одбирајте, не плашете се! Ваквите одлуки ќе ве направат поцврсти и ќе ви помогнат да ги победите личните конфликти кои веќе долг период ве мачат. Позитивни денови се среда и четврток, кога Месечината ќе ви приреди многу убаво изненадување.

Стрелец – Заморни ама среќни

Неделата се отвора убаво за вас со прекрасна Месечина во конјукција во среќните денови понеделник и вторник! Во овој период ништо не може да ве сопре – Меркур ќе ви подари потврди на работното место, додека Венера ќе ви подари многу љубов и разбирање со саканите лица. Марс е неповолен и ќе ви носи замор и пад на енергијата, затоа внимавајте на здравјето.

Јарец – Љубовни проблеми…

Драги Јарци, во љубовта работите нема да се одвиваат како што вие сакате…Недоразбирањата и тензиите со партнерот земаат замав, а кочници ќе почувствувате, за жал, и на деловен план. Немојте да се обесхрабрувате! Позитивни денови се сред аи четврток, кога може да сметате на поддршката од убавата Месечина која ќе ве направи победник и од најлошите ситуации.

Водолија – Прекрасна недела!

Пред вас е извонредна недела, Венера, Марс и Меркур ќе се обединат и ќе ве земат по заштита, носејќи ви бројни победи на сите полиња. Осамените Водолии може да очекуваат интересни средби, затоа искористете ја секоја прилика за излегување од дома. Оние кои се во врска ќе минуваат низ период на романтика – а за некои и одлуки за брак. Супер вести и на работа – можно е унапредување или стабилност на финансиите. Викендот е исклучителен!

Риби -Не сте виновни

Иако Венера веќе не е во вашиот знак, продолжува периодот на заштита од неа кога се во прашање емоциите и врските. Но, немојте се да земате при срце, и немојте вините да си ги препишувате на себе, зашто овојпат вие навистина не сте виновни – можеби вашиот партнер бара премногу? Обидете се со дијалог. На работен план, за жал, ништо ново, ќе мора малку да се стрпите. Внимавајте на нервозните денови понеделник и вторник кога силно ќе ја почувствувате слабоста која ќе ви ја испраќа Марс.

x

Check Also

Неделен хороскоп (16. до 22. септември): Топ знаци на неделата – Вага, Близнаци и Лав

Оваа седмица и планетата Венера и планетата Меркур ќе блескаат во знакот ...