Неделен хороскоп (22ри до 28ми јули): Топ знаци на неделата – Девица, Бик и Близнаци

Оваа недела планетата Меркур го напушта знакот Лав и влегува во Девица – одлични вести доаѓаат за Девиците и за сите земјени знаци, додека Рипчињата ќе се соочат со некои проблеми…А вие, во кој знак сте родени? Прочитајте го неделниот хороскоп.

Овен – Уште малку трпение…

И оваа седмица ќе треба да се вооружате со трпение – Венера набрзо, почнувајќи од недела, ќе престане да ви создава љубовни маки, а пред вас ќе се отвори период полн со спокојство и разбирање. Понеделник, вторник и среда ќе бидат три среќни денови кога Месечината ќе биде во конјукција. Убави вести доаѓаат на деловен план.

Бик – Убави вести

Драги Бикчиња, конечно оваа недела Маеркур престанува да ви создава проблеми на работа, почнувајќи од четврток, работите ќе тргнат на подобро! Во следниот период може да очекувате убави вести и новости, пред се на деловен план. Четврток и петок ќе бидат два прекрасни дена, благодарение на прекрасната Месечина која ќе ви донесе убави емоции на сентиментален план.

Близнаци – Суперсреќен викенд

Искористете го до максимум првиот дел од неделата, особено на деловен план, бидејќи, за жал, почнувајќи од четврток, ќе почнат да се појавуваат деловни проблеми. Во следниот период, планетата на комуникациите, Меркур, ќе ви го заврте грбот, што значи дека ќе се соочувате со пречки на работа. Викендот ќе биде суперсреќен, благодарение на прекрасната Месечина во конјукција која ќе ви донесе убави емоции. Но, од недела, и Венера ќе ви го заврти грбот, па ќе имате проблеми и во врската….

Рак – Успехот е пред вас!

Драги Ракчиња, почнувајќи од четврток треба да пристигнат преубави вести и новости на деловен план. Не грижете се ако неделата започне лошо, понеделник, вторник и среда ќе чувствувате како ништо да не ви оди од раце. Но, се ќе се среди на добро! Венера е во конјукција и ви гарантира многу успех и на љубовен план. Осамените Ракчиња, нека се стрпат само уште малку, вистинската личност е зад аголот.

Лав – Догледање Меркур

Оваа седмица Меркур го напушта вашиот знак и влегува во Девица, почнувајќи од четврток. Затоа, не губете време, искористете го периодот до четврток да ги довршите успешно сите проекти, особено на деловен план. Понеделник, вторник и среда се среќни денови, искористете ги до максимум за позитивни цели. Од денот недела пак, Венера влегува во вашиот знак и ви носи многу убави новости на емотивен план.

Девица – Добредојде Меркур!

Оваа седмица Меркур влегува во вашиот знак, подгответе се за период полн со деловни успеси и одлични комуникации и контакти! Наскоро очекувајте убави вести, но и можности за подобра заработувачка. И на љубовен план се ќе ви оди од рака – Венера е позитивна се до денот недела и ви ветува убави емоции.

Вага – Месечина во опозиција

Уште една семдица е пред вас во која трпението ќе биде клучно. Издржете уште малку…почнувајќи од денот недела, Венера ќе биде многу поволна за вашиот знак и ќе ви донесе убави новости на емотивен план. Но до тогаш, ќе мора да се соочите со три прилично тешки денови и нервоза – понеделник, вторник и среда, поради Месечината која е во опозиција

Шкорпија – Среќата е со вас! 

Почнувајќи од четврток, планетата Меркур ќе престане да ви создава неприлики на деловне план, па конечно ќе може да ги поставите целите и да ги завршите прокетите. После прилично тежок период, среќата доаѓа на ваша страна, гарантирајќи ви успеси на сите полиња. Внимавајте само на замор и лошо расположение во деновите четврток и петок, кога Месечината ќе биде во опозиција и ќе ви создава нервози.

Стрелец – Тука е Јупитер!

Оваа седмица, за жал, планетата Меркур ќе ви го заврти грбот – почнувајќи од четврток ќе се соочите со пречки на деловен план. Но, не грижете се, тука е Јупитер кој ви гарантира успех на долги патеки! Деновите сабота и недела можат да бидат тешки на емотивен план, поради лошата поставеност на Месечината, затоа воздржете се од кавги со партнерот.

Јарец – Спокојството се враќа

Драги Јарци, негативниот период е веќе при крајот, во недела, Венера конечно ќе престане да ви создава неприлики на љубовен план. Затоа, издржете уште малку, конечно пред вас ќе се отвори период полн со разбирање и убави емоции. И на деловен план на повидок се убави вести почнувајќи од четврток.

Водолија – Една добра и една лоша вест

Оваа седмица за вас ѕвездите имаат една добра и една лоша вест. Да почнеме од убавата вест – почнувајќи од четврток планетата Меркур нема повеќе да биде во опозиција што значи дека пред вас е период на деловни успеси. Лошата вест пак, е, што исто така, почнувајќи до четврток, Венера влегува во опозиција и ќе ви создава проблеми на љубовен план. Затоа, сконцентрирајте се на работата!

Риби – Меркур во опозиција

За жал, почнувајќи до четврток, планетата Меркур влегува во опозиција и со тоа ќе започне еден период полн со проблеми на работа. За среќа, љубовта ќе ви цвета, Венера е поволна и ќе ви подари преубави романтични моменти, додека осамените Риби ќе запознаат некоја посебна личност…

x

Check Also

Претставена колекцијата на H&M во соработка со Ричард Ален, во продажба од 22ри август

Со први фотографии од рекламната кампања модниот гигант H&M ја претстави колекцијата дизајнирана ...