Неделен хороскоп (22ри до 28ми октомври): Топ знаци на неделата Шкорпија и Риби

Неделата ќе започне со три дена во знакот на Месечината во Овен, носејќи многу среќа за сите огнени хороскопски знаци. Но, не многу среќни ќе бидат Вагите , Раковите и Јарците. Љубовта продолжува да им блеска на водените знаци, а пред се на Шкорпиите, додека љубовни проблеми можат да имаат Биковите и Лавовите. А вие во кој знак сте родени? Прочитајте што ви подготвија ѕвездите во периодот од 22ри октомври до 28ми октомври, 2018.

Овен – Прекрасна Месечина!

За вас неделата почнува „на големо“ со една среќна, прекрасна Месечина. Во деновите понеделник, вторник и среда, всушност, Месечината ќе биде во конјукција со Вашиот знак – Ве очекуваат големи емоции и неочекувани убави вести. Пред вас ќе се отвори еден период во кој буквално се ќе ви оди од рака. И кајот на неделата ќе биде прекрасен, особено кога се работи за чувствата.

Бик – Каков стрес!

Драги Бикчиња, за жал, за вас продолжува октомврискиот период на стрес и веќе се чувствувате многу уморни. Опозицијата на Венера продолжува да создава проблеми на сентименталниот фронт, дури и цврстите и долги врски сега се изложени на тешки дискусии и сомнежи. На работното место, обидете се да не влегувате во конфликти, особено со претпоставените, и на секој начин да ги избегнувате евентуалните стресни ситуации. За среќа, Месечината ќе ви се насмевне во деновите четврток и петок, кога ќе можете да земете здив!

Близнаци – Страст и чувства

Оваа недела ќе може да уживате во благодетите кои ќе ви ги носи прекрасната Месечина, која, особено за време на викендот, ќе ги осветли вашите денови со многу страст и огромни чувства. Ако во овој период сте во потрага по една исклучителна приказна, може да сретнете некоја посебна личност. Оние пак, кои сакаат само да флертуваат или да си ги искажат емоциите, ќе имаат прилично прилики за тоа. Одлични вести доаѓаат и на работен план, во деновите понеделник и вторник.

Рак – Не губете трпение

Драги Ракчиња, вашата недела започнува со три дена кои се прилично стресни – понеделник, вторник и среда, всушност, неповолната Месечина ќе ви донесе огромно чувство на незадоволство и револт кон другите што ќе посакате да се осамите. Но, не правете го тоа! Веќе од четврток, работите се подобруваат. Меркур пак, ќе ви помогне да ги систематизирате прашањата на работното место, додека Венера ќе ви донесе смиреност во љубовните врски и во емоциите.

Лав – Одлучете се за релаксација

За Лавовите ова е прилично стресна недела, а стресовите пристигнуваат од неповолната Венера (на љубовен план) и лошо поставениот Меркур (на рбаотен план). На работен план нема да недостигаат тензии и дискусии, особено во деновите четврток и петок. И во емотивните релации, ситуацијата изгледа прилично нервозна – особено во деновите кога и Месечината ќе биде неповолна, сабота и недела. Затоа одлучете се за релаксирачки викенд со партнерот.

Девица – Нов почеток

Драги Девици, за вас ова ќе биде една исклучително мирна недела и полна со убави изненадувања, кои ќе пристигнат, пред се, на сентиментален план. Венера ќе ги фаворизира средбите и раѓањето на нови љубови. Оние кои ги завршиле своите љубовни приказни, сега е вистинско време да започнат нови. Внимавајте само на деновите сабота и недела, зашто Месечината е неповолна и може да ви создаде по некоја нервоза.

Вага – Месечина во опозиција

За жал, за Вагичките, ова ќе биде недела која нема да се одвива на начин на којшто посакувате. Особено неповолни и нервозни ќе бидат понеделник, вторник и среда, кога неповолната Месечина ќе биде во опозиција и ќе ви донесе незадоволство и лошо расположение. Но, не разочарувајте се! Останатите планети не се толку лоши, па затоа проблемите кои ќе се создаваат, лесно и ќе се решаваат. Среќен е викендот, сабота и недела, кои осбено на љубовен план ќе донесат незаборавни мигови!

Шкорпија – Суперсреќна недела

За вас, драги Шкорпии, продолжува октомврискиот период на среќа. И оваа недела продолжува вашето фаворизирање од трана ѕвездите. Венера ќе ви подари неверојатни емоции, а многу парови ќе се одлучат на заеднички живот…И на работното место нема да недостигаат отворени прилики за успех и бројни задоволства. Ако имате некој проект на ум, преземете голем чекор! Внимание само на деновите четврток и петок, кога опозицијата на Месечината рискира да предизвика по некој непријатен миг.

Стрелец – Стресен викенд

За вас, Стрелци, оваа недела ќе почне со суперсреќен понеделник и вторник – Месечината ќе застане на ваша страна и ќе ви помогне да решите некои прашања кои биле заглавени во минатото. Но, за жал, викендот ќе биде прилично тежок за вас, а планетите со лошата поставеност може да стават во прашање бројни врски. Доколку сте во врска, најдобро е да избегнувате тешки дискусии. Наместо тоа, обидете се да ги игнорирате сите коментари, а за да го намалите стресот – избор е планината или физичките вежби.

Јарец – Без нервози

Драги Јарци, и оваа недела ќе имате убава поддршка од Венера и од Меркур, кои се подготвени да ви дадат стабилност и задоволства. Но и покрај нивната супер поддршка, вие ќе се чувствувате вознемирени и подготевни за кавга, особено во деновите понеделник, вторник и среда. Без нервози, ве молат ѕвездите! Наместо тоа, воздржете се до следните денови, кога пред вас се отвора повторно убав период. Пред се, мора да расчистите со тоа – за што вреди, а за што не вреди да се вознемирувате.

Водолија – Љубовни проблеми

Љубовта оваа недела ќе ви донесе потемни мисли…, внимавајте особено на четврток и петок, кога неповолната Венера и ќе и дадде поддршка на неповолната Месечина која веќе ви создава љубовни болки. Тензичност ќе почувствуваат и стабилните врски, затоа избегнувајте тешки дискусии со партнерот. Многу подобри се деновите сабота и недела, па ако веќе мора да дискутирате со саканите, направете го тоа за време на викендот. На работното место пак, стресни денови кои нема да донесат задоволства.

Риби – Многу успех!

Драги Рипчиња, за вас продолжува многу среќниот период, во кој сите планети се на ваша страна и ви помагаат да ги реализирате сите замисли! Убавата Венера ќе ви подари убави емоции, носејќи ви супер-романтични мигови, токму онакви какви што вие сакате! Убави вести може да слушнете и на работното место, особено во четврток и петок. Внимавајте само на малку полошото расположение во сабота и недела.

x

Check Also

Како и со што заведува вашиот хороскопски знак

Прочитајте какви заводници сте и со што сте надарени да заведувате. Овен ...