НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (23 – 29 ноември): Љубовни маки за Биковите и Водолиите, романса за Девиците и Шкорпиите!

Оваа недела планетата Венера во знакот на Шкорпија ќе донесе љубовна болка на Биковите и Водолите, а вие, во кој знак сте родени? Откријте со нас што ви подготвуваат ѕвездите оваа недела!

Овен: најлошото е зад вас!
Оваа недела ќе бидете многу поспокојни: стресот што го доживеавте во последниот период сега е зад вас и Марс е подготвен да ви даде многу повеќе сила и енергија да реагирате проактивно на секоја тешкотија, без да се изгубите себе си и својата душа, како вистински воин каков што сте. Во среда и четврток можете да сметате на убава среќна Месечина која ќе светне точно во вашиот знак.

Бик: проблеми со љубовта
Оваа недела – за жал – ветува дека ќе биде доста тешка поради двојното спротивставување на Венера и Меркур. Планетата на љубовта ги потенцира тензиите со вашиот партнер и ви носи проблеми што долго време се обидувавте да ги игнорирате… Искористете ги деновите петок, сабота и недела – кога имате прекрасна Месечина – да побарате дијалог со партнерот и да најдете решение: љубовта ќе триумфира!

Близнаци: неповолна Месечина 
Вашата недела започнува со два дена дена со неповолна Месечина: помеѓу понеделник и вторник нешто може да помине поинаку отколку што се надевавте, и ова ќе ви донесе лошо расположение… Подобро, сепак, ќе биде во среда и четврток, кога добра можност може да ви се отвори на работното место. Поволниот Марс ви дава дополнително полнење на „батериите“ и ви помага да се докажете на работното место.

Рак: спокојот се враќа!
Оваа недела можете да сметате на поддршката и на Венера и на Меркур: овие две планети ќе ви помогнат да најдете мир во вашиот љубовен живот, промовирајќи комуникација со вашиот партнер и нови познаници. Викендот особено ќе биде многу среќен, со прекрасна Месечина на ваша страна. Малку повеќе замор, сепак, во деновите со неповолна Месечина, среда и четврток.

Лав: тешка недела 
Оваа недела ветува дека ќе биде доста тешка за вашиот знак: и планетата Венера и планетата Меркур се во неповолна положба. Може да наидете на уште некои пречки во вашиот професионален живот, додека со вашиот партнер ќе биде потешко да се разберете. Обрнете особено внимание на викендот, кога неповолната Месечина може да ги зголеми тензиите и да ве натера да се чувствувате разочарани.

Девица: романтичен викенд!
Драги Девици, ова е среќно време за вашиот знак: Јупитер и Меркур ви помагаат од професионална гледна точка, додека убавата поволна Венера помага вашата врска да расте и да станува се поцврста. Внимавајте, сепак, во понеделник и вторник, кога Месечината во опозиција може да донесе забавување или пречки на вашиот пат. Викендот, пак, ќе биде совршен за романса!

Вага: со самодоверба!
Драги Ваги, во овој период сте особено силни: веројатно имало мала или голема револуција во вашиот живот и тоа ве прави да се чувствувате малку дезориентирани и уморни во моментот, но и задоволни. Во среда и четврток, со Месечината во опозиција, над сè ќе преовладува заморот, исто така поради спротивставувањето на планетата Марс. Но, не се обесхрабрувајте и не заборавајте да се цените себе си за постигнатите резултати!

Шкорпија: погледнете околу себе!
Ова ќе биде навистина исклучителна недела за вашиот знак, во која ќе можете да сметате на двојниот спој на Венера и Меркур: овие две планети се подготвени да ви дадат големо задоволство и на работното место и на сентименталното поле. Сигурно ќе има можности за славење и наздравување за вашите достигнувања! Внимание само на Месечината во опозиција во петок, сабота и недела.

Стрелец: не претерувајте со настојувањата
Драги Стрелци, овие денови ќе се чувствувате прилично внимателни. Постојат неколку проблеми што ве окупираат, но не давајте премногу од себе да ги решите, зашто нешто не оди како што треба…Затоа, стрпете се, 2021 година ќе биде подготвена да ви донесе бројни задоволства! Во меѓувреме, искористете го позитивното влијание на Месечината во среда и четврток, кога ќе имате особено среќа. И во љубовта, внимавајте да не се трошите премногу: одвојте време што ви треба за вистински да разберете што сакате од вашата врска.

Јарец: спокојот се врати!
По прилично проблематичен период, спокојот конечно се врати! Венера во поволна положба ви помага да најдете разбирање со вашиот партнер, оставајќи ги настрана недоразбирањата во последните неколку недели. Добри вести и нови достигнувања пристигнуваат и на работа: Јупитер и Меркур ви помагаат да ги соберете придобивките од вашата посветеност во изминатиот период. Пазете се од неповолните денови на Месечината – среда и четврток.

Водолија: Венера неповолна 
За жал оваа недела ќе мора да се справите со Венера која е во неповолна положба: оваа планета ризикува да донесе недоразбирање и конфликти во вашиот љубовен живот, што би можело да биде особено нагласено во петок, сабота и недела, кога исто така ја имате Месечината во неповолна положба. За да се соочите со вашиот партнер, најподобро е да разговарате со него/со неа во среда и четврток.

Риби: Месечината е со вас!
Драги Риби, вашата недела започнува одлично, со два дена бакнати од Месечината! Понеделник и вторник ќе бидете одлично расположени и среќата ќе ви се насмевне. Венера е на ваша страна и е подготвена да ја поттикне вашата романтична врска или, ако сте слободни, ви гарантира среќни средби. Отворете ги очите особено за време на викендот, кој ветува дека ќе биде полно со емоции. Меркур и Јупитер, од ваша страна, ветуваат добри резултати на работа.

x

Check Also

„ЛАЧИ ИСКРИНИ“ – Поетска збирка на д-р Михаил Левенски во издание на „Матица Македонска“ и Фондација д-р Михаил Левенски

Фондацијата „Д-р Михаил Левенски“, со голема благодарност до издавачката куќа „Матица Македонска“ ...