Неделен хороскоп (23-ти февруари до 3-ти март): Топ знаци на неделата Водолија, Риби и Рак

Оваа недела планетата Венера влегува во знакот Водолија, носејќи голема среќа во љубовта на родените во овој знак, но и на родените во воздушните знаци. Среќа во љубовта ќе имаат и Овните и Стрелците. Меркур, пак, влегува во знакот на Рибите – ги очекуваат важни новости на деловен план. А вие во кој знак сте родени? Откријте што ви подготвија ѕвездите за периодот од 23-ти февруари до 3-ти март, 2019.

Овен – Подобрување на љубовен план

Драги Овни, од петок Венера ќе застане на ваша страна и ќе ви донесе среќа на љубовен план. Доколку имавте проблеми во врската, ќе бидат надмината и повторно ќе ви се врати спокојството. На работа, најдобри денови ќе бидат вторник и среда, кога и Месечината ќе застане на ваша страна и ќе ви ги подобри комуникациите. Викендот пак, може да биде малку нервозен. Затоа посветете повеќе време на релаксација или на кратко патување.

Бик- Љубовни тензии

За жал, почнувајќи од четврток, планетата на љубовта ќе ви заврте грб. Затоа, очекувајте кавги и недоразбирања со партнерот на крајот на неделата. Воздржете се од секакви сериозни дискусии и обидете се да ја контролирате љубомората! Особено неповолен ден е денот недела, кога тензијата ќе го доживее својот максимум. Подобро ќе биде на работен план – среќни денови на работа се четрток и петок, кога може да чуете убава вест.

Близнаци – Меркур ви го врти грбот

За жал, оваа недела Меркур нема да ви дава веќе поддршка и може да се соочите со тешкотии на работното место, но во приватните релации. Особено внимавајте на деновите вторник и среда, кога работите може да загубат контрола. За среќе, ќе имате можност да земете воздух при крајот на неделата, особено за викендот, кога ќе уживате во романтични мигови со една посебна личност!

Рак – Одличен период

Конечно убава вест за вас, драги Ракчиња – пред вас се отвора убав, позитивен период. Почнувајќи од петок, Венера нема да биде во опозиција, па досегашните проблеми на емитивен план, одеднаш ќе станат минато. И од работна гледна точка, Меркур е поволен и ќе ве награди со одлични комуникации и нови деловни можности. Искористете го периодот да ги зајакнете важните контакти!

Лав – Венера во опозиција

За жал, оваа недела, почнувајќи од петок, планетата Венера ќе влезе во опозиција и можни се недоразбирања со партнерот. Внимавајте многу на викендот, особено на денот недела, кога тензиите ќе станат големи! Искористете го овој период на емотивна криза за да сфатите што точно сакате од вашата врска и која е идината која ја замсилувате со партнерот. На работен план, без посебни промени.

Девица – Меркур во опозиција…

Драги Девици, за жал, оваа недела нема многу добри вести за вашиот знак – почнувајќи од понеделник, планетата Меркур ќе влезе во опозиција, а тоа ќе ви создаде тензии на работното место. Ќе биде многу тешко да ги реализирате работните цели и да покажете успех. Пречките ќе бидат особено тешки во деновите кога и Месечината ќе има лоша поставеност, вторник и среда.

Вага – Враќање на спокојството

Конечно почнувајќи од петок пред вас се отвора спокоен период – Венера ќе престане да ви прави проблеми во љубовта и ќе почне да ви носи убави задоволства! Ако минувате низ криза со партнерот, стрпете се до крајот на неделата, зашто од петок, одеднаш сите недоразбирања ќе исчезнат. Денот недела ќе биде посебно убав ден, цел во знакот на романтиката! Додека првиот дел од неделата, за жал, сеуште ќе биде тензичен.

Шкорпија – Тензичен крај на неделата

За вас ѕвездите имаат две вести – една добра и една лоша. Добрата вест е што веќе од понеделник, ќе може да сметате на поддршката на Меркур, кој ќе ви донесе успех и нови можности, особено на деловен план. Лошата вест е што почнувајќи од петок, Венера ќе стане неповолна за вашиот знак, и ќе ви создаде љубовни проблеми. Внимавајте особено за време на викендот, особено во недела, кога тензиите ќе бидат најсилни!

Стрелец – Уживајте во магијата на љубовта

Драги Стрелци, оваа недела нема да биде посебна од гледна точка на работата – ако чекате некоја вест, нема да пристигне, или пак, нема да ви се допадне. Но затоа, ѕвездите ви даваат огромна поддршка на љубовен план каде ќе ви „цветаат рози“. Љубовна магија и страст ќе ви донесе Венера, почнувајќи од петок. Недела ќе биде ден за паметење полн со романтика и страст!

Јарец – Збогум Венера

Уживајте до максимум до петок, користејќи ја поддршката на Венера, зашто од петок, нема да имате веќе заштита од планетата на љубовта. Но не плашете се, врската ви е веќе доволно силна, па тензичен период со партнерот нема да има пред вас. На работен план пак, може да очекувате супер вести и голема новост. Четврток и петок се суперсреќни деловни денови!

Водолија – Добредојде Венера!

Веќе од четврток вечер, Венера ќе застане на ваша страна, односно ќе влезе во вашиот знак давајќи ви силна поддршка на љубовен план. Оние кои се во врска, ќе се одлучат на важни позитивни чекори, засилувајќи ја врската, додека осамените ќе добијат бројни можности за убави средби. Ќе бидете магнетски привлечни! Денот недела ќе биде посебно среќен ден, зашто и прекрасната Месечина ќе ви даде поддршка. Внимавајте само на мала нервоза на работа в понеделник.

Риби – Добредојде Меркур!

Оваа недела Меркур влегува во вашиот знак! Па веќе од понеделник, оваа планета ќе ви помогне да постигнете одлични резултати на работен план, особено ако имате работа која е поврзана со контакти со други луѓе. Понеделник, вторник и среда ќе бидат суперсреќни денови. Што се однесува пак, до љубовните односи, може да сметате на позитивен прв дел од неделата, кога Венера ќе ги фаворизира убавите релации со партнерот и саканите лица.

x

Check Also

Еве ја новата колекција на PUMA претставена преку фотосесија со Селена Гомез (ФОТОГАЛЕРИЈА)

По вторпат продолжува соработката на Селена Гомез со спортската марка PUMA, а ...