Неделен хороскоп (23ти до 29ти септември): Топ знаци на неделата – Лав, Близнаци и Вага

Оваа седмица Овните, Раковите и Јарците ќе имаат проблеми на љубовен план. Фаворити на неделата се Водолиите, Близнаците и Вагите. А вие, во кој знак сте родени? Прочитајте што ви зготвија ѕвездите за периодот од 23ти до 29ти септември.

Овен – Воздржете се од избувливост

Драги Овни, оваа недела ќе бидете во искушение да „дигнете“ сè во воздух: обидете се да го контролирате вашиот избувлив каактер и внесете трпение во секојдневието, колку и да сте раздразливи, затоа што наскоро работите ќе се решат. Во меѓувреме, избегнувајте премногу да дискутирате со партнерот, особено во текот на викендот, кога опозицијата на Месечината – заедно со онаа на Венера и Меркур – ќе ве направи особено нервозни. Најсреќни денови оваа седмица: вторник и среда.

Бик – Продолжете вака!

Вашиот живот последниве месеци претрпе (или се уште претрпува) длабоки промени. Колку ова да изгледа застрашувачко за вас, знајте дека немате од што да се плашите: sвездите се на ваша страна и, особено на крајот на годината, тие ќе бидат уште повеќе со вас! Верувајте на вашите инстинкти и продолжете по патот што ќе го одберете, без да изгубите доверба во своите цели. Внимание на деновите вторник и среда во кои може да се случи некаква непријатност.

Близнаци – Малку умор…
Во овој период ги собирате успесите, а и оваа седмица ќе продолжи во таа насока. Меркур ги промовира меѓучовечките односи, додека Венера го истакнува вашиот природен шарм. Само Марс не е со вас, и најверојатно ќе ве натера да се чувствувате малку поуморни од вообичаено, особено во четврток и петок, кога и Месечината ќе биде во неповолна позиција … Подобро ќе се чувствувате во сабота и недела!
Рак – Ако врската е вистина, ќе трае…
Грижите растат и лошите мисли не ве пуштаат: земете длабок здив и обидете се да се фокусирате на тоа што е убаво и тоа што веќе го имате во животот, почнувајќи од луѓето што ве опкружуваат и нивната вистинска љубов кон вас! Може да се појават недоразбирања со партнерот, особено за време на викендот, но ако вашата љубов е вистина, ќе биде предодредена да трае.
Лав- супер недела!

Ве чека многу среќна недела! На ваша страна се и Меркур и Венера, па може да добиете неочекувани, добри вести во професионално и во личното опкружување. Деновите вторник и среда особено ветуваат пријатни изненадувања и многу емоции, благодарение на раскошната Месечина во знакот. Оние кои штотуку започнале љубовна приказна, ќе ја почувствуваат големата љубов, а врската ќе станува се поголема и посилна!

Девица – Многу енергија!

Оваа недела ќе бидете полни со енергија! Имате на ум многу планови и голема желба да ги реализирате. Марс во знакот ќе ви даде не само насока која ви е потребна за да ги постигнете своите цели, туку и голем стратешки капацитет. Четврток и петок се супер среќни денови, со прекрасна Месечина во знакот. На емотивен план ќе биде подобро ако партнерот не ве кочи, во спортивно, ќе имате проблеми со него/неа.

Вага – Големи емоции!

Продолжува периодот на успеси. Меркур во знакот ви ги дава можностите што ги очекувавте, додека Венера – исто така во знакот – ветува денови на големи емоции. Ако сè уште сте „сингл“, голема е веројатноста дека ќе имате среќни и ветувачки средби, особено во сабота и недела, кога и Месечината ќе засвето за вас!

Шкорпија – Со силата на Марс!

Вашата недела започнува со убава, поволна Месечина в понеделник, благословена со среќа. Деновите вторник и среда, сепак, би можеле да ви донесат уште неколку мали проблеми, но ќе успеете да управувате со нив на најдобар начин. Марс пак, од негова страна ќе ви ја даде целата сила и борбеност што ви е потребна за да го освоите како победник секој предизвик! Добра вест може да пристигне во четврток или петок, но најдобрата вест ќе дојде во наредните недели…

Стрелец – Време на победи!

Пред вас е период на победи и успеси, особено во професионалната сфера. Конечно, вашата вредност ќе биде препознаена и можностите за постигнување на вашите цели ќе бидат многу големи. Меѓутоа, неповолниот Марс ќе направи да се чувствувате малку уморни … Обидете се да најдете време за да поминете убави мигови со партнерот: Венера ќе ви донесе моменти на големи емоции и романса.

Јарец -Месечина во опозиција

Драги Јарци, вашата седмица, за жал, започнува со грда Месечина во опозиција, тоа во понеделник, што може да ве направи нервозни и нерасположени. Неповолниот Меркур пак, постави некои пречки на вашиот деловен пат, па ќе почнете да се сомневате во вашите способности. Не очајувајте – наскоро ќе дојдат успесите што ги заслужувате и кои ги чекате. Обрнете внимание за време на викендот да не влегувате во конфликти со партнерот … Неповолните Месечина и Венера може да предизвикаат кавги и за најситни работи.

Водолија – Во обновување!

Во овој период на закрепнување – по прилично мачно лето – конечно успевате да го пронајдете балансот и стабилноста што ви треба, како во вашиот приватен, така и во професионалниот живот. Вие сте слободен дух, но тоа не значи дека и вам не ви треба сигурност! Внимание на деновите вторник и среда, кога лошата Месечина би можела да создаде тензични моменти.

Риби – Најлошото е зад вас!

Драги Риби, најлошото сега е зад вас: малку по малку успевате да се вратите во центарот на животот и да се насмеете. Марс, сè уште во опозиција, ве тера да се чувствувате уморни, и емотивно и физички, а во четврток и петок овој замор ќе го истакне опозицијата на Месечината. Не очајувајте: работите наскоро ќе се подобрат! Во меѓувреме, инвестирајте во среќниот ден понеделник, кога и вашето расположение ќе биде подобро.

x

Check Also

Утревечер светска премиера на „Врба“ на Манчевски на Филмскиот фестивал во Рим

Светската премиера на филмот „Врба“ на Милчо Манчевски ќе биде утревечер на ...