Неделен хороскоп (24ти до 30ти септември): Топ знаци на неделата – Риби и Вага

Оваа недела планетата Венера ќе им донесе љубовни проблемчиња на Биковите, на Лавовите и на Водолиите…Голема, голема страст, пак, за сите водни знаци! Нови отворени врати за Вагите и воздушните знаци, а препреки на патот за Раковите и Овновите. А вие во кој знак сте родени? Прочитајте што ви подготвија ѕвездите оваа недела, за периодот од 24 до 30 септември.

Овен – Бројте до 10

Драги Овнови, оваа недела ќе треба строго да се држите до изреката – избројте до 10 пред да кажете нешто. Бидете внимателни, дека токму зборовите може да ви донесат штети во врската или во релацијата со блиските. Ама и на работното место, воздржете се, оставете ги другите да зборуваат. Опозицијата на Меркур, всушност, носи потешкотии и недоразбирање во комуникациите. Среќни денови во неделата – среда и четврток, кога Месечината ќе биде во конјукција и ќе ве заштити.

Бик – Месечината ќе ви помага

Опозицијата на Венера, за жал, ќе ви донесе невољи на љубовен план и сентиментите ќе бидат во центарот на вниманието за вас оваа недела. Главната стратегија за да си го сочувате срцето ќе биде да премолчите. Убава енергија носат деновите петок и сабота, кога Месечината ќе биде во конјукција со вашиот знак и ќе ве заштити. Во тие денови планирајте разговори со партнерот, организирајте вечера, излезете…

Близнаци – Супер викенд!

Вашата недела започнува со неповолна поставеност на Месечината и лош понеделник, но не се обесхрабрувајте – од вторник се ќе тргне во најдобра насока. Ќе ви се врати енергијата и желбата за дружење. А Меркур, тука е да ве поддржи и да ви ги подобри комуникациите. Недела ќе биде еден посебен ден, прекрасен, со Месечината во знакот, би требало да пристигне убава вест, неочекувана или да доживеете голема страст.

Рак – Романтична недела

Драги Ракчиња, со ваква прекрасна Венера можете да ги отворите сите врати и да ги добиете најубавите прегратки. Оние кои од вас се веќе во пар, ќе уживаат во една многу романтична недела, а оние кои не се – ќе им се насмевнат нови лица. Но на работен план, за жал, Меркур е неповолен и ќе создава одложувања…Посебно внимавајте на неповолните денови, кога и Месечината е лошо поставена – вторник, среда и четврток. Ситуацијата се подобрува во петок и сабота.

Лав – Проблеми со партнерот

За жал, работите со партнерот продолжуваат да не функционираат – Венера е неповолна, и ситуацијата ќе ја прави уште посложена. Меркур пак, е одлично поставен и на работен план ќе ви отвори многу врати, очекувајте нови интересни средби, особено во првиот дел од неделата. Петок и сабота ќе бидат потензични денови. Подобро е да го планирате викендот за спорт и дружба со пријателите.

Девица – Месечина во опозиција

Драги Девици, вашата недела започнува на нервозен начин, бидејќи Месечината е во опозиција и ќе ви недостига енергија за да се справите со проблемчињата на патот. Но, не се разочарувајте, ќе треба да го почекате крајот на неделата кој ви носи максимум енергија! На фронтот на чувствата, може да сметате на поддршката од Венера – доколку постојат тензии со партнерот, очекувајте да се решат и да уживате во спокојството.

Вага – Се може да се случи!

Со Меркур во вашиот знак, се може да се случи! Новости нема да недостасуваат, особено на работен план, а вашите способности ќе излезат на виделина. Но, внимавајте, премногу да не се заморувате, особено во деновите вторник, среда и четврток, зашто се прилично стресни денови. На љубовен план, убави вести за осамените – држете ги очите отворени, особено на крајот на неделата – предвидени се интересни средби!

Шкорпија – Да живее љубовта!

Драги Шкорпии, и оваа недела може да сметате на убавата поставеност на Венера, која ќе ви донесе љубов, страст и сите чувства кои вашето романтично срце ги посакува! Осамените, би требало да запознаат посебна личност, особено во првиот дел од неделата. Во петок и сабота пак, Месечината е лошо поставена и може да ви предизвика тензии или неубаво расположение – за голема средба подобро е да ја изберете за ден – недела.

Стрелец – Со помош на Меркур

Размислувате за премногу проекти, но сепак, не се чувствувате многу концентрирани. Меркур, оваа недела, ќе ви помогне малку да внесете ред во вашиот живот. Вторник, среда и четврток ќе бидат денови бакнати од среќа, во кои секоја врата ќе ви се отвора. Внимавајте на денот недела кога Месечината ќе биде во опозиција и ќе направи да се чувствувате малку незадоволно.

Јарец – Проблеми на работа

Драги Јарци, навистина во последниот период вашата работа не одеше во најдобра насока и не ви донесе многу задоволства. Но тоа се должи на неповолниот Меркур кој продолжува, за жал, да ви создава проблеми на работното место. Но не грижете се – работите наскоро ќе се променат! До тогаш, сконцентрирајте се на чувствата – позитивната Венера ќе ви подари многу љубов и страст, каква што одамна не сте виделе…

Водолија – Неочекувани новости

За вас ова е недела полна со предизвици и пригоди на работното место, а тоа се должи на одличната поставеност на Меркур, подготвен да ве соочи со големи новости и средби кои многу ќе ви се допаднат. За жал, на љубовен план, ситуацијата не е толку поволна, поради неповолната поставеност на Венера која ќе ви создава компликации на планот на чувствата. Среда и четврток ќе бидат најсреќни денови во неделата, благодарение на поддршката од Месечината. Денови „не“ се петок и сабота.

Риби – Маркантна недела

Оваа недела Рипчињата ќе имаат можност да сретнат исклучителна личност, која исклучително ќе значи за нивниот професионален развој. Петок и сабота ќе бидат два дена полни со емоции, а за некои од вас и навистина жешки! Вторник – супер поволен ден, со Месечина во вашиот знак која ќе ви помогне да ги остварите работите кои ги сакате, без разлика дали е тоа со семејството или на работното место.

x

Check Also

10 најпопуларни имиња на кучиња за различни раси и големини

Имате голем избор кога станува збор за вдомување куче. Може да изберете ...