НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (25.НОЕМВРИ – 5.ДЕКЕМВРИ): Страст за Шкорпиите, убави вести за Рибите, нервоза за Близнаците…

Оваа недела ќе блесне прекрасна млада месечина во знакот на Стрелец, која ќе донесе среќа на сите огнени знаци, а не само на нив.. А вие, во кој знак сте родени? Дознајте со нас што ви подготвуваат ѕвездите оваа недела!

Овен: Месечина во опозиција …
Драги Овни, вашата недела започнува со два малку нервозни дена: понеделник и вторник кога месечината во опозицијаможе да создаде непријатности и да да предизвика незадоволство. Обрнете особено внимание на областа на чувствата: непријателската Венера може да донесе уште малку нервози во вашиот живот како пар. Среќни денови, пак, се петок и сабота, во кои може да дојде до неочекувана средба.

Бик: Венера се грижи за Вас!
Ова е период на голем замор за вашиот знак, особено истестиран од немилоста на Сатурн, од лошата позиција на Јупитер, како и опозицијата на Марс, кое ви ја одзема енергијата. Посебно тешки денови ќе бидат  среда и четврток, во кои ќе мора да ја издржите и месечината во опозиција. За среќа, ќе можете да сметате на поддршката на Венера, која гарантира среќа во областа на чувствата.

Близнаци: нервозна недела …
Драги Близнаци, оваа недела може да доживеете моменти на нервоза или напнатост на работното место: спротивставувањето на Меркур носи повеќе пречки на вашиот пат и за да ги постигнете целите ќе треба да имате трпение, и квалитет што се борите да го докажете. Посебно внимавајте на деновите петок и сабота, со Месечина во опозиција. За да се опуштите, почестете се со прекрасен маникир или масажа.

Рак: енергичен Марс!
Спротивставувањето на планетата Венера ќе донесе многу превирања во вашиот живот – поточно во љубовната врска- оваа недела, особено во недела, кога ќе треба да го издржите и противењето на Месечината. Од друга страна, полето на работата е посреќно: добри вести би можеле да пристигнат во среда и четврток! Поволниот Марс ви дава добра енергија што ќе ве натера да победите во важна битка!

Лав: каков умор!
Конечно планетата Меркур почнува да ви носи одредено задоволство, особено на полето на работата. Неповолната положба на Марс сепак прави да се чувствувате поуморни од вообичаено, особено во средниот дел од неделата. Среќната месечина е подготвена да ви приреди убави изненадувања меѓу петок и сабота, а кој знае дека од навидум безначајната средба можеби нема да се роди нешто важно …

Девица: не ризикувајте!
Драги Девици, ова ќе биде многу среќна недела од гледна точка на чувства. Поволната Венера ќе ви подари убави емоции. Изненадувањата пристигнуваат во среда и четврток, кога ќе имате среќна месечина да ви помогне. Од друга страна, деновите петок и сабота се нервозни. Пред се, работното место ќе создаде уште неколку главоболки: ова не е време за ризик!

Вага: со месечината во знакот!
Драги Ваги, вашата недела започнува со два месечеви денови  кои ќе се покажат како супер среќни! Поволна месечина и во петок и сабота, додека во недела би можеле да настанат некои семејни дискусии. Венера во неповолна положба носи тензии во вашиот живот во двојка. Не бегајте од проблемите за да избегнете дискусии и соочите се со нив заедно со партнерот!

Шкорпија: многу страст!
Драги Шкорпии, ова ќе биде многу среќна недела за вашиот знак! Марс ви дава толку многу дополнителна сила и енергија, додека прекрасната месечина – исто така, особено во среда и четврток – ќе ви донесе добри и неочекувани вести! Поволната Венера, од своја страна, го запали еросот. Се чини дека дури и старите парови ќе ја обноват страста од раните денови…

Стрелец: млада месечина!
Планетата Меркур – во конјукција со Сонцето – е подготвена да ви даде неколку убави можности кои треба да ги фатите во лет! Она што ќе решите да го правите во овој период ќе биде предодредено за успех. Денови за паметење се петок и сабота, кога во вашиот знак ќе блесне и прекрасна млада месечина. Време е да се впуштите во нови предизвици: авантурата и ризикот секако не го плашат Стрелецот!

Јарец: да живее Венера!
Драги Јарци, продолжува многу среќен период за вас во однос на чувствата, со прекрасна Венера која ве поддржува. Некои парови ќе донесат важни одлуки во врска со нивната заедничка иднина. Недела ќе биде особено романтична и среќна, благодарение на прекрасната месечина во знакот. Внимание, сепак, во понеделник и вторник, кога може да се случи нешто неочекувано.

Водолија: среќа на работа!
Ова е многу среќен период во однос на кариерата: вие ја имате на ваша страна (подолго време) планетата Јупитер која – заедно со добриот Меркур – никогаш не е уморна да наоѓа нови можности! И покрај тоа, сепак, можно е да се чувствувате особено уморни и под стрес, поради планетата Марс во неповолна положба.

Риби: големо задоволство на повидок!
Драга Риби, вашата недела ќе биде многу среќна во однос на чувствата, нешто помалку од професионална гледна точка. Сепак, не грижете се: за неколку недели планетата Јупитер ќе влезе во вашиот знак и ќе пристигнат прекрасни задоволства! Во меѓувреме, уживајте во поволните месечеви денови – среда, четврток и недела, кога би можеле да добиете добри вести. Денови „не“: петок и сабота.

x

Check Also

Започна продажбата на HUAWEI MateBook 14s на македонскиот пазар

Потрошувачите кои ќе го купат уредот до 31 јануари 2022 година добиваат ...