Неделен хороскоп (26.април – 2.мај): Број 1 се Биковите, љубовни маки за Шкорпиите, добри вести за Девиците…

Оваа недела планетата Венера ќе престојува во знакот на Бик и може да донесе малку повеќе напнатост во животот на Шкорпиите, додека Биковите ќе бидат среќни во љубовта. А вие, во кој знак сте родени? Откријте со нас што ви подготвуваат sвездите оваа недела!

Овен: дискусии со партнерот
Вашата недела започнува со Месечина во опозиција која ќе ве направи особено избувливи и подготвени лесно да го изгубите трпението … внимавајте да не донесувате избрзани одлуки! На работното место, четврток и петок ќе бидат позитивни денови, кога ќе добиете некоја пофалба. Сабота и недела, сепак, може да се појави жестока дискусија помеѓу вас и вашиот партнер.

Бик: број еден!
Драги Бикови, вашиот знак е несомнено омилениот знак на ѕвездите оваа недела! Всушност, ќе можете да сметате на двојниот спој на Венера и Меркур, што ќе ви донесе многу среќа и на полето на работата и на чувствата. Особено романтични ќе бидат деновите сабота и недела, кога исто така ќе имате супер-страствена Месечина на ваша страна. Малку лошо расположение, меѓу вторник и среда.

Близнаци: Месечина во опозиција
За жал оваа недела ќе мора да се соочите со два тешки дена кога Месечината ќе биде во опозиција: во четврток и петок нешто можеби нема да оди како што планиравте и ќе сфатите дека треба да прифатите некој компромис. Поволна Месечина, сепак, во понеделник, која ќе ви донесе среќа во смисла на чувства. Ако се уште сте сингл, некој интересен лик би можел да биде на повидок.

Рак: одлично!
Оваа недела ќе имате многу планети на ваша страна, подготвени да ви дадат нова енергија и нови можности! Марс прави да се чувствувате супер расположени и подготвени за што било. На работното место ќе ве фаворизира убавиот Меркур, кој ќе ви донесе нови контакти и интересни состаноци. Во љубовта, сепак, можете да сметате на прекрасниот аспект на Венера, што ќе ви донесе многу романса. Единствената мана, сабота и недела, со малку нервозна Месечина.

Лав: недела на тензии 
Ова ќе биде прилично напната недела за вашиот знак, кој ќе мора да се бори со Венера и Меркур во неповолна позиција. Во љубовта може да се појават уште некои недоразбирања со партнерот, особено во нервозните денови вторник и среда, кога може да „истрескате“ премногу навредливи зборови… На работа ќе се чувствувате прилично под притисок. Обидете се викендот да се ослободите од стрес со прошетка во природа.

Девица: добри вести!
Планетата Венера и планетата Меркур оваа недела се подготвени да дејствуваат во ваша корист: може да добиете некои убави вести во вторник и среда, додека сабота и недела ќе бидат денови за помнење што се однесува до љубовта. Месечината во неповолна положба, од друга страна, во четврток и петок, може да ви предизвика одредено забавување на работата или некое недоразбирање во семејството.

Вага: каква Месечина!
Драги Ваги, оваа недела ќе започне одлично со прекрасна Месечина подготвена да ви донесе многу среќа. Марс во неповолна положба може да направи да се чувствувате малку уморни и под стрес.  Искористете ги деновите четврток и петок, кога може да се појави убаво изненадување. Во сабота и недела, сепак, ќе има нервоза во семејството и недоразбирања со партнерот.

Шкорпија: Венера и Меркур се против вас!
За жал оваа недела ќе мора да се справите со двојното спротивставување на Венера и Меркур. На работното место ќе наидете на потешкотии и нема да може да ги одбраните ставовите, додека во полето на чувства ќе биде тешко да комуницирате со вашиот партнер. Единствено малку подобри денови се вторник и среда, кога ќе имате прекрасна Месечина на ваша страна која ќе ви помогне да пронајдете спокојство.

Стрелец: нетрпеливи во љубовта 
Оваа недела можете да сметате на два прекрасни дена со убава Месечина, четврток и петок. Среќата ќе ви се насмевне и конечно ќе го добиете одговорот што го очекувавте, или важна потврда… Во контекст на работата, ве заштитува прекрасниот Јупитер во поволна позиција. Во љубовта, сепак, ќе бидете малку нетрпеливи и ќе ви биде здодевна што може да доведе до нагласено фантазирање или впуштање во нови авантури.

Јарец: каков стрес!
Оваа недела ќе ги имате и Венера и Меркур на ваша страна: овие две планети се подготвени да ви донесат големи задоволства и во полето на чувствата и во работата. Сепак, ќе мора да ја издржите спротивставеноста на Марс, што ќе ви одземе малку енергија и ќе ви донесе дополнителен стрес. Сабота и недела ќе бидат два дена полни со среќа, благодарение на прекрасната Месечина.

Водолија: кон промена 
Сега ставате во прашање различни аспекти од вашиот живот. Некои од вас ќе се чувствуваат прилично во криза, но верувајте им на ѕвездите: ова е само минлива фаза што наскоро ќе ве доведе до прекрасна и среќна лична револуција! Обрнете посебно внимание на вознемирувачките денови вторник и среда, кога може да се појават кавги и недоразбирања во семејството или со партнерот.

Риби: многу романса!
Драги Риби, вашата ќе биде многу среќна недела! Ја имате наклоноста на Венера, Марс и Меркур. Планетата на љубовта ви ветува денови исполнети со романса, особено сабота и недела, кога дури и Месечината ќе направи да се чувствувате постраствено и посензуално од кога било! На работа ќе има големи задоволства, особено можни во деновите вторник и среда.

x

Check Also

Неделен хороскоп (5. до 11. април): Најсреќни ќе бидат Овните и Водолиите, тешка недела за Вагите и Девиците

Оваа недела планетата Меркур и планетата Венера ќе светнат во знакот на ...