Неделен хороскоп (26.август – 1.септември): Топ знаци на неделата – Лав, Рак и Девица

Оваа седмица планетата Меркур го напушта знакот Девица за да влезе во Лав – огнените знаци ќе бидат привилегирани, додека проблеми на работното место може да имаат Биковите и Водолиите. А вие, во кој знак сте родени? Прочитајте го неделниот хороскоп за периодот од 26ти август до 1ви септември.

Овен – Полни со енергија

Почетокот на септември за вас ќе биде во знакот на враќање на енергијата. Меркур ќе застане на ваша страна што значи дека на работното место ќе редите успеси, почнувајќи од сабота па натаму. Набрзо ќе пристигнат убави новости. Обидете се да се релаксирате во понеделник, вторник и недела, кога Месечината ќе биде неповолна и може да ви донесе нервози.

Бик – Мирна недела

Се до сабота може да сметате на поддршката на Меркур, значи – довршете ги работите кои сте ги започнале на деловен план, бидејќи од сабота па натаму, ќе се соочувате со потешкотии и блокади. Венера и Марс ќе бидат на ваша страна – љубовта ќе ви цвета, а енергијата ќе биде голема! Осамените Бикови нека си го отворат срцето за нови љубовни авантури.

Близнаци – Новост на повидок

Од сабота, конечно, планетата Меркур ќе престане да ви создава неволји на работен план и конечно ќе може да воздивнете. Пред вас е септември, месец полн со убави вести и една новост е на повидок. Марс ќе продолжи да биде неповолен па ќе се соочувате со пад на енергијата и незадоволства без посебна причина.

Рак – Љубовта ви се насмевнува

Ве очекува седмица во која ќе имате многу сила. Понеделник и вторник ќе бидат два суперсреќни дена кога Месечината ќе ви го осветли патот на успехот. И Марс е поволен – ќе блескате од енергија и никој нема да може да ве спречи да го реазлизирате тоа што сте го наумиле. Љубовта пак, конечно ќе ви се насмевне! Очекувајте убави вести на работа во првиот дел од седмицата.

Лав – Месечината во знакот

Подготвени сте за почеток на септември? Тоа ќе биде блескав почеток за вас на сите полиња, а особено успешен на деловен план. Меркур, почнувајќи од сабота, се враќа во вашиот знак – во следните недели ќе пристигнат прекрасни вести, потврди и нови деловни можности. Може да уживате во денови полни со среќа, благодарение на прекрасната Месечина во знакот, особено во среда и четврток кога се ќе ви оди од рака.

Девица – Не може подобро!

Драги Девици, оваа седмица ќе биде посебна за вашиот знак! Може да сметате на конјукцијата на Венера и Марс – а до сабота – со вас е и Меркур. Петок и сабота ќе бидат исклучително среќни денови, што ќе фатите ќе се позлати! Во овие два дена може да очекувате и супер вест. И на љубовен план – не може подобро, од сите страни ќе бидете облеани со љубов и емоции.

Вага – Недела за одмор

Ако се уште не сте заминале на годишен одмор ова е периодот кога треба тоа да го направите. Седмицава посветете ја на релаксација зашто пред вас е септември, месец полн со емоции! Од сабота па натаму, може да сметате на поддршката на прекрасниот Меркур кој ќе ви ги отвара вратите на деловен план. Најдобар ден во неделата ќе биде денот недела.

Шкорпија – Успех на повидок

Се до сабота може да сметате на поддршката на Меркур, затоа искористете ги овие работни денови за да ги довршите започнатите проекти. По сабота, работите на деловен план ќе одат побавно и потешко. Убави вести може да пристигнат во понеделник или вторник, но и во петок, кога Месечината ќе биде на ваша страна. Малку  нервозен ден ќе биде четврток кога може да се соочите со конфликт со партнерот.

Стрелец – Уште малку стрпете се…

Драги Стрелци, воздржете се уште оваа недела, стиснете ги забите – мора да го пребродите овој период на криза. Веќе од сабота ќе почувствувате мало олеснување, откако Меркур ќе престане да ви создава неволји на деловен план. На почетокот на септември пристигнуваат убави вести на работа! И на љубовен план уште малку стрпете се, пред вас е уште една тензија со партнерот, особено во нервозниот викенд.

Јарец – Месечина во опозиција

За жал, вашата седмица ќе започне со два нервозни дена, понеделник и вторник. Од четврток работите се подобруваат, а Венера, Меркур и Марс ќе застанат, конечно, на ваша страна. Подгответе се за период полн со новости и пријатни изненадувања. Најдобри денови во неделата ќе бидат петок и сабота, кога ќе ве облеат романтични чувства.

Водолија – Меркур во опозиција

За жал, почнувајќи од сабота, Меркур ќе биде во опозиција – значи пред вас е период полн со проблеми на деловен план. На работа, веројатно, ќе се соочите со неочекувана ситуација, која ќе мора да ја пребродите. Среда и четврток се многу тешки денови за вашиот знак кога и Месечината ќе биде во опозиција и ќе ви донесе лошо расположение и нервози.

Риби – Убава вест!

Конечно, убава вест за вашиот знак. Последниот период за вас беше прилично тежок, вашиот карактер беше ставен на тест – Меркур, Венера и Марс беа во опозиција. Но почнувајќи од сабота, среќата се враќа на ваша страна и ќе ја имате поддршката од ѕвездите. Замор може да почувствувате во петок и сабота, затоа викендот планирајте го за одмор.

x

Check Also

Тејлор Хил и сестра ѝ позираат во новогодишната кампања на Polo Ralph Lauren

Моделката и ангел на Викторија сикрет е една од лицата на празничната ...