Неделен хороскоп (27. август-2.септември): Топ знаци на неделата Вага и Близнаци!

На крајот на неделата Месечината ќе влезе во Бик, носејќи многу среќа на сите земјени знаци, но за жа, не и на Шкорпиите, додека во љубовта остануваат фаворити Вагите и воздушните знаци. А вие во кој знак сте родени? Прочитајте што ви подготвија ѕвездите за периодот 27 август до 2 септември 2018.

Овен – трепение

Ако со партнерот работите не почнуваат да одат на подобро, ѕвездите советуваат да почекате и да имате уште малку трпение. Почекајте ја следната недела кога опозицијата на Венера ќе заврши, а доколку сега преземете иницијатива, ќе згрешите и ќе се каете. Среќни денови ќе бидат оние кога Месечината ќе биде во конјукција, среда и четврток, тогаш може да добиете и убава вест или да запознаете интересна личност…

Бик – среќен викенд

Меркур сеуште ќе ви создава проблеми на работното место, затоа воздржете се уште оваа недела и останете смирени! (родените во Бик обично, знаеме, немаат трпение!). Но, од следната недела се ќе биде многу поедноставно и полесно за решавање, особено ако станува збор за работа! Ќе уживате во преубав викенд благодарение на Месечината во вашиот знак.
Близнаци – Топ недела!
Уживајте во максимумот што ви го даваат ѕвездите и ви испраќаат љубов и среќа. Венера во убава поставеност ќе ви дава задоволства на срцето, без разлика дали станува збор за врска која долго ќе трае или за една авантура во текот на летото. На работното место продолжувате да редите успеси, а особено среќни се деновите среда и четврток, кога ќе имате поддршка и од Месечината.
Рак – сметајте на крајот на неделата
За жал, и оваа недела ќе ве мачи љубовта поради негативната поставеност на Венера. Планетата на љубовта нема да ви дозволи да уживате во врската ниту да изградите нова. Обидете се да не влегувате во кавги, особено во среда и четврток, кога и Месечината ќе биде лошо поставена и ќе ви донесе нови нервози. Но затоа може да сметате на убав крај на неделата, кој ќе ви донесе смиреност и на вас и на партнерот.
Лав – Уште една супер недела!
Завршува еден супер месец во годината, а оваа недела ќе биде исто така во знакот – супер! Уживајте во последните денови на август кога и Меркур ќе биде во конјукција – ако треба да донесете одлуки или да давате предлози, сега направете го тоа. Ќе добиете позитивни одговори! Најреќни денови во неделата ќе бидат среда и четврток. На крајот на неделата ќе се почувствувате малку изморени, а можеби и нервозни, поради неповолната месечина.
Девица – Венера во опозиција…
За жал, оваа недела не почнува многу убаво за вас, во понеделник и вторник ќе мора да ја издржите опозицијата на Месечината која ќе направи да се чувствувате лошо или незадоволно. Но, немојте да се грижите, од следната недела Меркур ќе влезе во вашиот знак и ќе ви донесе многу новости, една поубава од друга! За сега, може да сметате само дека викендов ќе уживате во љубовта и забавите.
Вага – Среќна недела
И оваа недела може да сметате дека љубовта ќе ви цути, благодарение на прекрасната Венера во конјукција – секако дека нема да недостига романтика. Паровите кои се подолго време заедно ќе планираат убава иднина, додека оние со мал „стаж“ ќе уживаат во крајот на летото. Среќа ги следи и осамените Ваги, кои ако до сега навистина не сретнале сродна душа…, ќе си ја најдат. Среќна недела и на професионален план, ве очекуваат денови полни со пријатни изненадувања, особено во суперсреќните среда и четврток.
Шкорпија – нервозен викенд
Уште една недела ќе ве мачи неповолниот Меркур кој креира проблеми особено на професионален план. Но не грижете се премногу, туку обидете се да сфатите дека задоцнувањата не се ваша вина. На љубовен план, пак, пред вас е еден релаксирачки период, освен крајот на неделата, викендот, кога ќе се содздат проблеми со партнерот и ќе бидете малку нервозни.
Стрелец – Посебна недела!
Август за вас завршува на големо, односно многу убаво! Многумина Стрелци ќе сретнат посебна личност или пак, ќе доживеат прекрасна авантура. Преубава месечина ќе ве следи особено во деновите среда и четврток, која ќе ви донесе новости на емотивен план. Мали непријатности на работното место единствено може да имате во понеделник и вторник.
Јарец- Кавгите продолжуваат…
За жал, ќе мора да се вооружате со енергија и трпение за да поминете уште една тешка недела во која ќе доминираат недоразбирањата на љубовно поле, поради неповолната Венера. Паровите кои ќе го преживеат крајот на август и нема да се разделат, значи дека се предодредени да траат! Најтензични денови во неделата ќе бидат среда и четврток. На крајот на неделата, спокојството конечно ќе ви се врати. Дури и ако сте на одмор, вашата глава веќе работи на деловни проекти кои набрзо ќе ви донесат убави изненадувања.
Водолија – Стиснете ги забите
Издражавте! Но, издржете уште само оваа недела и готово е! Стиснете ги забите уште седум дена, а потоа Меркур веќе нема да ви создава маки! Не губете ја надежта во себе, ако ви изгледа дека не можете да најдете решение, наскоро сите проблеми ќе ви станат лесно решливи, па дури и смешни. Од друга страна пак, уживајте во љубовта, со поволната Венера која ве наградува со емоции, особено во среќните емотивни денови – среда и четврток.
Риби-Само напред!

Вашата недела се отвора со преубава месечина во знакот, во понеделник и вторник – станува збор за два дена полни со среќа, во кои може да очекувате убави изненадувања. И крајот на неделата ќе биде преубав – во знакот на чувствата и страста. Ако сте во пар, со партнерот ќе се чувствувате поблиски од билокога, додека осамените Риби би требало да направат средби кои ќе бидат незаборавни…Само напред, и не плашете се да ги искажете и покажете вашите чувства!

x

Check Also

Трикчиња кои секогаш успеваат: Како да ги растегнете тесните чевли

Сигурно ви се случило, сте купиле чевли и потоа заклучувате дека всушност ...