Неделен хороскоп (28 јануари-3 февруари): Топ знаци на неделата – Јарец, Шкорпија и Водолија

Оваа недела планетата Венера ќе влезе во знакот на Јарец носејќи одлични вести на сентиментален план за сите земјени знаци, додека љубовни маки ќе имаат чувствителните Ракчиња и Овновите. На работен план, проблеми може да имаат Вагите. А вие, во кој знак сте родени? Прочитајте го неделниот хороскоп за периодот 28 јануари – 3 февруари 2019.

Овен – Стабилизирајте ги врските

Искористете го сеуште поволното влијание на Венера кое ќе трае до 3ти февруари, за да ја стабилизирате врската со партнерот. Се што имате да разрешите на сентиментален план, направете го тоа во текот на следните денови, затоа што потоа работите ќе станат отежнати. На работен план ве чекаат нервозни денови во кои тешко ќе добивате поддршка од колекгите и претпоставените. Избегнувајте да бидете арогантни, наместо тоа – бидете повеќе смирени и толерантни.

Бик- Месечина во опозиција

За жал, вашата работна недела ќе започне со Месечина во опозиција, носејќи ви лошо расположение и нервоза. Но, немате потреба за загриженост. Меркур е во добра поставеност и ќе ве штити на работното место, правејќи да се исполнат вашите проекти. На љубовен план, ќе мора да се стрпите до 3-ти февруари, кога Венера повторно ќе застане на ваша страна и ќе ви донесе убави емоции, а за осамените, интересни средби.

Близнаци – Лошото е зад грбот

Одлични вести за вас драги Близнаци – Венера се враќа на ваша страна и ви носи пријатни чувства, за многумина и нови чувства. Ова значи дека лошиот период веќе ќе го оставите зад вас. Вашиот сентиментален живот беше ставен на тешка и долга проба во последниот период, но сега следува период на собирање на плодовите. На работен план, воздржете се уште малку и „не летајте“ премногу со амбициите. Внимавајте на деновите вторник, среда и четврток, кога ќе бидете посебно нервозни.

Рак – Љубовни макички

Драги Ракчиња, сигурни ли сте дека ги завршивте сите важни разговори со партнерот? Ако уште не сте ги довршиле, направете го тоа до викендот, зашто од 1ви февруари нема да имате веќе поддршка од планетите на сентиментален план. Венера влегува во опозиција и ќе ги отежне разговорите со партнерот. Внимавајте и на работното место особено во четврток и петок, кога нешто ќе тргне во обратна насока од така како што вие посакувате.

Лав – Тензични мигови

Неделата ќе започне со тежок понеделник кој ќе ви донесе лошо расположение. Внимавајте да ја контролирате нервозата и да не избувнувате во кавги! Подобри денови се вторник и среда. Љубовта пак ќе ви се насмевнува се до денот недела, 3ти февруари, а потоа следува тензичен период со партнерот. Затоа, ѕвездите ве советуваат да поминете романтичен викенд и да си ја зацвртите вашата врска.

Девица – Стрпете се!

Драги Девици, уште една недела е пред вас во која треба да се вооружате со трпение, зашто од 3-ти февруари Венера повторно ќе ви се насмевне и ќе ви подари суперсреќни изненадувања. Но до викендот, може да очекувате само недоразбирања и нетрпение со партнерот. Најлоши денови во неделата од емотивна гледна точка ќе бидат вторник и среда. Одлични вести пак, на работното место доаѓаат во четврток и петок.

Вага – Грижи на срцето…

Искористете ја оваа недела до максимум, зашто веќе од викендот, нема да ви оди се од рака. Венера влегува во неповолна поставеност за вашиот знак, носејќи ви недоразбирања и кавги со блиските на вашето срце…Затоа, водете креативни и конструктивни разговори особено во вторник, среда и четврток и бидете сигурни дека вашата врска е поставена на здрави нозе! На работно место пак, за жал, на повидок се тензии.

Шкорпија – Каква добра недела!

Драги Шкорпии, за вас оваа недела ќе започне „на големо“ со една прекрасна Месечина во конјукција, во понеделник, кој ќе биде суперсреќен ден! Би требало да пристигнат убави вести и признанија на работен план, а особено убав ден на деловно поле ќе биде петок. Меркур ќе ги фаворизира вашите работни партнерства и односи, подарувајќи ви нови важни контакти. За љубов ќе почекате до сабота, кога Венера ќе почне да ви се смее, носејќи во многу романтичен период.

Стрелец – Не плашете се!

Обидете се целосно да го искористите периодот до 3-ти февруари кога Венера сеуште е во конјукција. Прилики на сентиментален план секако нема да ви недостигаат, но треба да внимавате да не се затворите во себе и да не се плашите. Ако бидете поотворени, ѕвездите ветуваат дека ќе ви подарат силни емоции, особено во деновите вторник и среда, кога и Месечината ќе ви даде силна поддршка.

Јарец – Кралеви на срцата!

Конечно пристигна вашиот момент – подготвени ли сте да станете кралеви на срцата? Планетата Венера ќе влезе во вашиот знак и во следниот период љубовта ќе биде главен протагонист во вашиот живот. Пред вас се недели на големи емоции! Осамените Јарци, сега ќе имаат шанси да запознаат личност која многу ќе им значи. Суперсреќни денови ќе бидат петок и сабота, кога може да слушнете некоја преубава вест.

Водолија – Колку емоции!

Драги Водолии, се до крајот на следната недела, Венера ќе биде на ваша страна и ќе ги фаворизира љубовните врски, носејќи ви незаборавни и силни емоции. Но, внимавајте, ако сакате нешто да дискутирате со партнерот, направете го тоа во овој период, зашто веќе од 4-ти февруари нема да имате поддршка од Венера. Недела ќе биде суперсреќен ден, со Месечина во конјукција! Единствен малку нервозен ден ќе биде понеделник.

Риби – Одлични вести!

Во последниот период, планетата на љубовта Венера, ви носеше тешкотии на сентиментален план. Но лошото е зад вас, веќе од петок ќе почнете да чувствувате олеснување и работите конечно ќе тргнат на добро. Меркур пак, наклонет кон вас ќе ве фаворизира и ќе ви помогне да остварите успеси на работен план. Сметајте на среќните денови понеделник и петок, кога и Месечината ќе ви даде поддршка.

x

Check Also

Еве ја програмата за Струшки вечери на поезијата 2019

Струшките вечери на поезијата ја објави Програмата на претстојното издание на Струшките ...