Неделен хороскоп (28.јуни до 4.јули): Новости за Близнаците, среќа за Овните, љубов за Лавовите…

Оваа недела планетата Венера во знакот Лав ќе им донесе уште малку љубовна болка на Водолиите, додека Овните ќе блескаат од енергија и љубов… А вие, во кој знак сте родени? Откријте со нас што ви подготвуваат sвездите оваа недела!

Овен: одлично!

По тешкиот љубовен период зад вас, сега Венера во Лав ќе ви помогне во областа на чувствата, носејќи ви романтични и жешки моменти. Меркур и Марс ве прават непобедливи на работа: ќе биде навистина тешко да се оди против вас! Понатаму, во четврток, петок и сабота, ќе можете да сметате на прекрасната Месечина во вашиот знак, што ќе ве направи особено среќни.

Бик: каков стрес!
Во овој период се чувствувате особено уморни и под стрес: тоа е вина на планетата Марс во неповолна положба, што одзема енергија. Венера исто така ќе ве стави пред дискусии со партнерот, често и кавги, внесувајќи напнатост и расправии во вашиот љубовен живот. Искористете го денот недела, во кој ќе можете да сметате на убавата Месечина подготвена да го охрабри дијалогот со вашиот партнер.

Близнаци: новости на повидок!
Драги Близнаци, подгответе се да доживеете уште една недела на голема среќа, во која ќе можете да сметате не само на поддршката на Меркур, туку и на Венера што конечно се врати да ви се насмевне! И во љубовта и на работа може да има интересни новости. Искористете ги деновите што ги поддржува Месечината – понеделник, четврток, петок и сабота. Малку нервозни денови, сепак, се вторник и среда.

Рак: среќна Месечина!
Пред неколку дена Венера го напушти вашиот знак, но сепак можете да уживате во нејзиното благотворно влијание: љубовниот живот ви цвета и наскоро ќе можете да направите добар чекор напред во вашата врска. Оваа недела, фокусирајте се на деновите вторник и среда, кога ќе имате убава среќна Месечина да ве поддржи. Внимание, сепак, на лошите денови четврток, петок и сабота.

Лав: да живее љубовта!
Драги Лавчиња, неделата започнува со Месечина во опозиција,  што може да ви донесе малку лошо расположение и некои неуспеси. Не плашете се, сепак: ги имате и планетата Венера и планетата Марс во вашиот знак, сигурно нема да ви недостасува решителност за реакција и поддршка (дури и само емотивна) од посебна личност. Љубовта ќе ви се насмевне особено во четврток, петок и сабота, со прекрасна романтична Месечина.

Девица: проблеми на работа
Оваа недела може да ви донесе уште неколку проблеми на работното место: планетата Меркур, сè уште во неповолна позиција за вашиот знак, создава назадувања или забавувања. Особено нервозни ќе бидат деновите среда и четврток, кога исто така ќе треба да се справите со Месечината во опозиција… Денот недела пак, е срќен особено на љубовно поле.

Вага: далеку од негативните енергии!
Конечно планетата Венера се врати на ваша страна! Тензиите со вашиот партнер во последните неколку недели ќе бидат само далечно сеќавање и, малку по малку, ќе можете повторно да ги пронајдете разбирањето и страста. Бидете внимателни, сепак, во четврток, петок и сабота, кога спротивставувањето на Месечината би можело да ве натера да заземете негативен став за кој нема причина! Од друга страна, понеделник е среќен ден.

Шкорпија: Венера ве спречува
За жал оваа недела планетата Венера ќе ви става сопки на патот: може да се појават тензии и несогласувања во вашиот љубовен живот, што во некои случаи може да ве натера да ја доведете во прашање вашата врска… Особено внимание посветете на неделата, кога Месечината во спротивставувањето ќе ве направи особено негативни во врска со тоа. Од друга страна, денови на среќа благодарение на Месечината, се вторник и среда.

Стрелец: Јупитер се грижи за вас!
Драги Стрелци, спротивставувањето на планетата Меркур продолжува да создава забавувања, особено на работното место. Не се обесхрабрувајте: планетата Јупитер гарантира голем успех до крајот на годината! Среќата ви се насмевнува, сепак, во контекст на чувствата, благодарение на прекрасната Венера која е на ваша страна. Фокусирајте се на деновите  понеделник, четврток и петок. Лоши денови, со нервозна Месечина: вторник и среда.

Јарец: спокојот се врати!
Конечно се ослободивте од спротивставувањето на Венера и, малку по малку, успевате да го вратите животот во свои раце, и да пронајдете одредена рамнотежа во однос на чувствата. Можеби ќе потрае некое време, особено ако зад вас е неодамнешно раскинување, но на крајот ќе се чувствувате посилни од кога било и подготвени повторно да се вљубите! Денови на среќна Месечина, односно среќни во љубовта: вторник и среда. Среќни денови на работа: четврток и петок.

Водолија: љубовни проблеми
Венера во опозиција од минатата недела почнува да се чувствува: во љубовта има турбуленции, особено за новородените парови. Не се обесхрабрувајте: ако успеете да го надминете овој момент, тоа ќе значи дека тоа е навистина вистинска љубов! Планетата Марс е исто така во опозиција, и ова го потенцира вашиот психофизички замор. Искористете го понеделник, со прекрасна Месечина во знакот.

Риби: романтична недела!
Оваа недела можете да сметате на спојот на Месечината со вашиот знак во вторник и среда, што ќе ви донесе голема среќа. И покрај ова, ќе мора да се справите со Меркур во неповолна положба, што може да ви донесе некои проблеми во вашите односи, и во канцеларија и во семејство. Недела ќе биде особено романтичен ден, па затоа посветете им се на луѓето што ги сакате!

x

Check Also

Заокружување на проектот „Скопје одново“ во МСУ

Јавни презентации на професорките Сасен и Дескова во Музејот на современата уметност ...