Неделен хороскоп (28 октомври – 3 ноември): Топ знаци на неделата Стрелец и Шкорпија

Оваа седмица планетата на љубовта го напушта знакот Шкорпија и влегува во знакот Стрелец. Сите огнени знаци ќе бидат фаворизирани на љубовен план, додека кутрите Рипчиња и Близнаци ќе мора да се соочат со љубовни проблеми. А вие, во кој знак сте родени? Прочитајте што ви подготвија ѕвездите за периодот од 28 октомври до 3 ноември.

Овен – Да живее љубовта!

Влезот на Венера во Стрелец носи одлични вести за вас на сентиментален план. Љубовта е зад аголот, и не ви останува ништо друго освен да се препуштите на судбината…Среќни денови се среда и четврток. Петок и сабота пак, ќе почувствувате замор, поради лошата поставеност на Марс. Подобар ден е недела.

Бик – Се враќа насмевката

Драги Бикчиња, конечно оваа недела може да кажете збогум на опозицијата на Венера. Проблемите со партнерот кои кулминираа во последниов период, брзо ќе се надминат. Љубовта се враќа да ви се насмевне, а со неа и вие ќе се смеете! Меркур за жал останува во опозиција па проблемчиња на работа не се исклучени – понеделник и вторник ќе бидат најтешки денови на деловен план. Подобро ќе биде кон крајот на неделата.

Близнаци – Дајте си време на себе

За жал оваа недела Венера влегува во опозиција со вашиот знак па во следниот период ќе се соочите со проблеми со партнерот. Сигурни сте дека ова е вистинската личност за вас? Среда и четврток ќе бидат два тешки дена кога ќе почувствувате лична криза. Затоа, немасто да очајувате, дајте си време на себеси, можеби со една добра масажа.

Рак – Уморна недела

Подгответе се да почувствувате замор оваа недела, а внимавајте на настинки и грип. И Марс и Месечината се неповолни особено во втората половина на неделата. Венера и Меркур пак се подготвени да ве поддржат – љубов нема да ви недостига, а на работа ќе ви оди добро.

Лав – Трпение, спасение

Вооружајте се со трпение се до денот недела, всушност почнувајќи од 3 ноември, Венера ќе престане да ви создава љубовни проблеми и вашиот сентиментален живот одеднаш ќе се среди. На работен план внимавајте особено во деновите понеделник и вторник, можни се недоразбирања со колегите и претпоставените, а вие лесно ќе го загубите трпението.

Девица – Тука е Меркур

Искористете ја оваа недела до максимум за да ги решите евентуалните недоразбирања со партнерот, зашто почнувајќи од недела, планетата Венера нема веќе да биде на ваша страна и од вашиот емотивен живот можно е да направи хаос. На работен план, работите ќе одат одлично благодарение на поволниот Меркур кој е подготвен да ви донесе прекрасни вести, особено во понеделник или вторник.

Вага – Тука е Венера

Во последно време вашиот емотивен живот изгледа празен, нема трзавици но и ништо не се случува, а вам ви е потребна љубов за да се чувствувате живи. Добри вести на повидок – почнувајќи од денот недела, Венера ќе ви донесе големи емоции, романтични мигови и многу страст. На работа ве чека успех и задоволство особено во деновите вторник и среда.

Шкорпија – Многу среќа!

Се до денот недела може да сметате на конјукцијата на Венера – подготвува за вас недела полна со љубов. Понеделник и вторник, кога и Месечината ќе биде со вас, може да доживеете незаборавни моменти со саканото лице. Многу среќни денови и на деловен план – признанија и успеси доаѓаат во текот на целиот ноември!

Стрелец – Добредојде Венера

Драги Стрелци, подготвени ли сте за влезот на Венера во вашиот знак? Почнувајќи од денот недела, таа ќе блеска за вас носејќи ви период полн со љубов и силни емоции. Осамените ги чека нова љубов! Уживајте во супер-среќните денови среда и четврток, кога и прекрасната месечина ќе засвети за вас.

Јарец – Малку стрес

Иако сте уморни, пред вас е уште една успешна недела. Заморот ви е од Марс кој ќе ви носи и стрес и тензии на работен план. Не плашете се, се ќе се реши на најдобар начин. Среќни денови на љубовен план се петок и сабота, кога прекрасната Месечина ќе биде со вас и ќе ви донесе прекрасни романтични мигови со саканото лице.

Водолија – Издржете уште малку

Уште малку стрпете се, па конечно вашиот емотивен живот ќе се среди. Почнувајќи од денот недела, планетата Венера ќе престане да ви создава проблеми и ќе почне да работи во ваша полза, носејќи ви спокојство со партнерот. На работа пак, продолжуваат тензиите кои ги носи неповолниот Меркур. Денови „не“ – понеделник и вторник. Среќен ден – недела!

Риби – Добри вести

Планетата Венера уште една недела ќе биде на ваша страна, затоа обидете се да ги решите проблемите со партнерот, зашто од следната недела планетата на љубовта нема веќе да ве милува…Убави вести на повидок на деловен план – доаѓаат в понеделник или вторник, благодарение на прекрасниот Меркур. Внимание во четврток, можни се проблемчиња на работа.

x

Check Also

Новогодишна колеција на H&M

Моделките Хана Фергусон и Андреа Џакону, шефот Маркус Самуелсон и неговата сопруга ...