Неделен хороскоп (29.март до 4.април): Нови можности за Лавовите и Овните, уште малку трпение за Близнаците…

Оваа недела планетата Меркур ќе го напушти знакот на Риби за да се пресели во знакот на Овен, подготвен да ги фаворизира Лавовите и Овните во следниот период! А вие, во кој знак сте родени? Откријте со нас што ви подготвуваат ѕвездите оваа недела!

Овен: добредојде, Меркур!
Вашата недела започнува со лоша опозиција на Месечината, во понеделник, што ќе направи да се чувствувате вознемирени и нервозни. Но сепак, знајте дека ова е единствениот „лош“ ден во неделата, бидејќи за остатокот можете да сметате на прекрасната Венера која ќе ви донесе многу среќа во љубовниот живот и на еднакво сјајниот Меркур кој е подготвен да ви донесе огромно задоволство на работното место.

Бик: Месечина во опозиција
За жал оваа недела ќе мора да се справите со Месечината во опозиција, во вторник и среда, кога нешто може да тргне наопаку. Пред сè, работното опкружување ќе ви биде тешко. Искористете ја позицијата на Меркур, подготвен да ве поддржи до недела, и направете ги важните разговори кои подолг период ви тежат, затоа што од следната недела ваквите разговори нема да одат толку мазно.

Близнаци: стиснете ги забите!
До недела ќе мора да се справите со Меркур во неповолна положба, што може да ви донесе некои блокади на работното место. Стиснете ги забите: од следната недела ќе биде многу подобро! Обрнете особено внимание на деновите четврток и петок, кога ќе ја имате и Месечината во опозиција. Венера е во поволна позиција, и ќе ви донесе многу страст и многу убави емоции.

Рак: мали проблеми во љубовта
Ова ќе биде прилично напната недела за вашиот знак што се однесува до чувствата. Венера е во неповолна положба и може да предизвика уште неколку кавги со партнерот. Обрнете внимание особено на нервозните денови – сабота и недела, кога Месечината во опозиција може да ве натера да кажете некои работи за кои подоцна ќе зажалите. Поволна недела, сепак, што се однесува до работата: особено среќни работни денови се вторник и среда.

Лав: пристигнуваат нови можности!
Венера во поволна позиција е подготвена да ви овозможи особено жешка недела! Планетата на љубовта ќе ја разгори страста, а за осамените може да има особено жешки средби… Почнувајќи од недела, планетата Меркур исто така ќе заземе поволна позиција за вашиот знак: во следните недели може да се појават некои убави можности на работното место!

Девица: бидете трпеливи 
Бидете малку повеќе трпеливи: почнувајќи од недела, планетата Меркур повеќе нема да биде во опозиција со вашиот знак и, малку по малку, проблемите од последните неколку недели – особено во областа на работата – ќе најдат решение. За жал, неповолниот Марс ќе направи да се чувствувате уморни, особено во четврток и петок, кога дури и Месечината веќе нема да биде на ваша страна. Обидете се да се одморите, и малку да се релаксирате.

Вага: Меркур во опозиција
За жал – почнувајќи од недела – планетата Меркур ќе влезе во опозиција со вашиот знак, заедно со планетата Венера. Треба максимално да ја искористите оваа работна недела за да ги решите нерешените проблеми: во следниот период ќе ви биде потешко да ги пронајдете вистинските сојузници или вистинските можности на работното место. Сабота и недела ќе бидат нервозни денови, во кои може да имате некаква дискусија со партнерот.

Шкорпија: Добри вести
Оваа недела можете да сметате на два убави денови – вторник и среда, кога може да добиете некоја добра вест благодарение на поволната Месечина. Понатаму, до недела, можете да сметате на помошта на планетата Меркур, подготвен да ви донесе нови искства и уште неколку можности на деловен план. Среќен викенд што се однесува до чувствата, со прекрасна романтична Месечина во сабота и недела.

Стрелец: замор
Спротивставувањето на планетата Марс продолжува да прави да се чувствувате уморни и под стрес. Пред сè, работното опкружување ќе ве направи нервозни: Меркур во неповолна позиција е до недела и може да ви донесе уште неколку лоши денови на работното место. Од следната недела ќе биде многу подобро! Во меѓувреме, уживајте во прекрасната супер среќна Месечина во четврток и петок.

Јарец: љубовни сомнежи
Ова ќе биде прилично напната недела од гледна точка на чувствата: Венера е во неповолна позиција и ќе ги разбранува сомнежите во вашиот љубовен живот. Особено внимание посветете на нервниот ден – понеделник. Од друга страна, во вторник и среда, може да пристигнат добри вести на работното место. Во сабота и недела, ќе имате прекрасна среќна Месечина на ваша страна.

Водолија: толку многу емоции!
Ваѓата ќе биде особено интересна недела во однос на љубовта и чувствата. Прекрасната Венера е повозбудена од кога и да е и несебично ќе ви ја даде нејзината поддршка за да ве натера да искусите емоции кои тешко се забораваат! Особено интересни ќе бидат деновите четврток и петок, кога ќе ја имате и Месечината на ваша страна. Понатаму, од недела, можете да сметате и на Меркур кој наскоро ќе ви донесе добра вест на работното место.

Риби: не одложувајте!
Искористете го благотворното влијание на планетата Меркур, која ќе остане во вашиот знак до недела, а потоа ќе премине во знакот на Овен. Ако треба да разговарате за важна работа во врска со вашата работа или да најдете договор од каков било вид, не одложувајте, а особено искористете ги деновите вторник и среда, кога исто така ќе имате поддршка од убавата среќна Месечина.

x

Check Also

За позитивна енергија во домот, ослободете се од овие работи

Според Фенг шуи, секој предмет што го имате во домот, има своја ...