Неделен хороскоп (2ри до 8ми септември): Топ знаци на неделата – Девица, Вага и Лав

Венера е во знакот на Девица и ќе ги фаворизира љубовните врски на сите земјени знаци, секако најмногу на родените во знакот на Девица. Помалку среќа во љубовта ќе имаат кутрите Риби, Стрелци и Близнаци. А вие, во кој знак сте родени? Прочитајте го неделниот хороскоп за периодот од 2ри до 8ми септември.

Овен – Месечина во опозиција

Во понеделник и вторник ќе мора да се изборите со негативниот аспект на Месечината во опозиција, која ќе ве направи многу нервозни. Нешто нема да се одвива како што вие сакате, но не грижете се – Меркур е со вас и ќе ви помогне да ги решите проблемите од четврток па натаму. Четврток и петок се два среќни дена полни со љубов. Тензии во врската пак, можни се за викендот.

Бик – Проблеми на работа

Оваа седмица можни се проблеми на работа, особено во вторник и среда, кога Меркур е многу неповолен за вашиот знак, а неповолна е и Месечината. Многу радост пак, ќе имате на љубовен план, благодарение на Венера која ќе ви помогне да ја зајакнете врската, а на осамените – ќе им донесе интересна личност.

Близнаци – Љубовни проблеми

Драги Близнаци, оваа недела се можни големи кавги, доколку сте во врска или во брак, затоа избегнувајте конфликти. Венера е негативна и создава проблеми во емотивните релации, особено кризни се деновите четврток и петок, кога и Месечината е неповолна. На работа пак, очекувајте убави вести, во првиот дел од неделата.

Рак – Позитивна недела

Оваа седмица за вас ќе биде многу позитивна од гледна точка на чувствата. Венера е поволна и ќе ви помогне да најдете мир во врската и разбирање со саканите. Осамените пак, ќе имаат среќни запознавања. На работа може да се соочите со некоја мала пречка на почетокот на неделата, но прекрасниот Марс ќе ви даде голема енергија да ги надминете сите проблеми.

Лав – Суперсреќна недела

Ова е за вас супер-среќна седмица, особено на работен план – Меркур е во конјукција со вашиот знак и ќе ви гарантира нови можности и контакти кои ќе бидат особено важни за во иднина. Особено среќни се деновите четврток и петок, па искористете ги! И на емотивен план работите ќе бидат како што сакате, едноставно вие сте миленик на ѕвездите во овој период.

Девица – Љубовта ви се насмевнува

За вашиот знак ова е седмица почна со љубов. Венера е во конјукција и ќе ви подари огромно спокојство во врската, многу разбирање и преубави емоции. Осамените Девици веќе нема да бидат сами, зад аголот е интересна личност која ќе ги освои. Затоа отворете ги очите! Марс во конјукција со вашиот знак ќе ви даде огромна енергија и супер расположение. И на работен план се ќе биде супер.

Вага – Среќна Месечина

Вашата седмица не може да започне подобро од ова – понеделник и вторник се два суперсреќни дена во кои ќе имате голема поддршка од Месечината. И Меркур е поволен, па ќе ви носи интересни и нови можности на деловен план. Очекувајте одлични вести на самиот крај од работната недела. Среќата е загарантирана и на емотивен план, а најромантични денови ќе бидат сабота и недела.

Шкорпија – Љубовни стрели

Оваа седмица ќе биде полна со љубов за вас, благодарение на прекрасната Венера. Вторник и среда ќе бидат особено емотивни денови, кога и Месечината ќе застане на ваша страна. Осамените би требало да запознаат посебна личност или да започнат врска која долго ќе трае. На работа пак, нема да ви цветаат рози, но и онака, целите ќе бидете посветени на љубовта.

Стрелец – Тешка седмица

И Венера и Марс се неповолни во овој период за вашиот знак, што значи дека пред вас е една тешка седмица, особено на емотивен план. Внимавајте на кавги со партнерот, избегнувајте брзи одлуки, зашто за многумина ова може да значи и крај на врската. Барајте дијалог, особено во деновите на позитивната Месечина – четврток и петок.

Јарец – Тука е Венера

Љубовта во овој период ви гарантира големи задоволства – Венера е поволна за вашиот знак и ќе се чувствувате повљубени и посакани од било-кога. Сабота и недела ќе бидат два многу романтични дена. Но на работното место, оваа седмица нема да ви цветаат рози. Внимавајте на конфликти со деловните партнери особено во понеделник и вторник, кога неповолната Месечина ќе ве прави многу нервозни.

Водолија – Внимавајте на парите

Враќањето на работното место нема да биде лесно за вас – Меркур е во опозиција и ќе ви создава проблеми со колегите и претпоставените. Внимавајте на парите и на тоа како ги трошите или инвестирате, особено во вторник и среда, кога и Месечината е неповолна. За среќа, од емотивна гледна точка, работите ќе бидат мирни, а ќе ја имате и поддршката од партнерот.

Риби – Потребна е доверба

Љубовта оваа недела ќе биде ваша ахилова пета – ќе мора да се соочите со негативното влијание на Венера која ќе ви креира проблеми во емотивните релации. Некои парови дури и ќе одлучат да се разделат, а оние кои ќе ја пребродат кризата од неа ќе излезат посилни. Обидете се имате доверба во животот – тоа што се случува, секогаш, на долга патека, е најдобро за вас.

x

Check Also

Reebok ја лансира колекцијата во соработка со Викторија Бекам, и многу е шик!

Спорската марка Reebok го најави вториот дел на колекцијата реализирана во соработка со ...