Неделен хороскоп (30 декември – 5 јануари): Топ знаци на неделата – Стрелец, Овен и Вага

Оваа недела планетата Марс го напушта знакот Шкорпија за да влезе во знакот Стрелец. Добра вест за Лавовите, Овните и Јарците. А вие, во кој знак сте родени? Откријте со нас што ви подготвија ѕвездите за периодот од 30. декември 2019 до 5 јануари 2020.

Овен: сила и енергија!
Новата година започнува со влегувањето на Марс во знакот Стрелец: што значи ова за вашиот знак? Многу поголема сила, способност да се борите за себеси, како и физичка и ментална енергија. Сите овие квалитети ќе ви требаат за да ги надминете малите и големи пречки што може да ги најдете, особено на работното место. Четврток и петок ќе бидат два навистина среќни денови, благодарение на убавата Месечина.

Бик: воздишка на олеснување!
Конечно оваа недела ќе можете да воздивнете: почнувајќи од сабота, всушност, планетата Марс веќе нема да биде во опозиција со вашиот знак! Ќе почувствувате големо закрепнување, физичко и емотивно, и ќе се  збогувате од исцрпувачкиот умор што ви одзеде толку многу енергија во последните месеци. Во љубовта, некои несогласувања се можни со партнерот, во понеделник. Супер среќа во недела!

Близнаци: Марс во опозиција
Драги Близнаци, за жал оваа недела планетата Марс ќе се спротивстави на вашиот знак: почнувајќи од сабота, може да почувствувате поголем умор, да се чувствувате лишени од енергија и желба да направите нешто. За среќа, може да сметате на поволниот аспект на Венера која, барем во сентименталното поле, ќе ви донесе многу убави вести и моменти на голема страст. Среќни денови: понеделник и петок.

Рак: не губете верба во себе!
Вашиот знак – за жал – мора да го издржите спротивставувањето на неколку планети: обидете се да ја промените перспективата и да ја сфатите секоја пречка како предизвик. Ќе успеете од секоја ситуација да излезете победник, само под услов да не ја изгубите довербата во себе. Месечината ќе ви се насмее во вторник, среда и недела: искористете го тоа да поминете повеќе време со вашите најблиски.

Лав: обновување на енергијата!
Оваа недела не започнува на најдобар начин: Месечината во опозиција во понеделник веројатно ќе ве направи многу нервозни. Венера, исто така, во опозиција, ќе донесе тензии во вашиот емотивен живот.  За среќа, почнувајќи од сабота, може да сметате на поддршката од планетата Марс, која ќе престане да ве обесхрабрува и ќе ви гарантира убаво закрепнување на енергијата.

Девица: неочекувани настани
Ѕвездите ќе ви се насмевнат оваа недела! Доаѓаат многу задоволства, нови контакти и интересни средби. Сепак, за жал, ќе мора да ја поднесете Месечината во опозиција во вторник и среда, кога може да се случи нешто неочекувано. Почнувајќи од сабота, планетата Марс ќе стане неповолна: во наредните недели може да почувствувате пад на енергијата.

Вага: Венера е со вас
Ова ќе биде среќна недела за вас во однос на чувствата: поволната Венера продолжува да ви дава сила и да внесува спокојство во вашата врска. Сепак, на работа може да се појават пречки што не сте ги предвиделе: обрнете особено внимание на деновите четврток, петок и сабота, кога ќе мора да се справите со опозицијата на Месечината. Поволниот Марс пак, ќе ви даде многу повеќе енергија!

Шкорпија: неповолна Венера
Оваа недела, за жал, неповолната Венера ќе продолжи негативно да влијае на вашиот љубовен живот. Поточно, цела недела, ќе биде доста тешка: ако можете, одложете ги дискусиите со партнерот до следната недела! Поволниот Меркур, од друга страна, е подготвен да ви даде дополнителен поттик на работното место: не плашете се да ги искажете вашите ставови.

Стрелец: секогаш позитивни!
Оваа недела планетата Марс го напушта знакот на Шкорпија за да влезе во вашиот знак! За вас започнува период на голема сила и позитивност, во кој сигурно нема да ви недостасува енергија да ги постигнете сите свои цели. Во меѓувреме, Венера ви обезбедува на љубовно поле спокојство и романтични моменти со партнерот: четврток, петок и сабота ќе бидат три дена полни со добра забава!

Јарец: одлично!
Новата година започнува за вас со многу планети во знакот кои работат во ваша корист! Меркур и Јупитер се подготвени да ви дадат период на редење на успеси, кои ги чекавте подолго време. Добрата вест би можела да пристигне веќе во вторник и среда . Четврток, петок и сабота, пак, Месечината е во неповолна позиција и би можела да ве направи да се чувствувате  нрасположени, но веќе од недела ќе биде подобро.

Водолија: романтична Нова Година!
Нова година со Венера во знакот за вас ќе биде суперромантична и незаборавна! Љубовта е подготвена да ве изненади, а вие се што треба да направите е да и се предадете.  Планетата Марс, почнувајќи од сабота, ќе престане да ве спречува да ги истурката работите, давајќи ви во наредните недели многу физичка сила и енергија.

Риби: задоволства!
Драги Риби, за жал оваа недела планетата Марс ќе ви го сврти грбот. Почнувајќи од сабота, може да почувствувате пад на енергијата. Сепак, не грижете се: ќе ја имате поддршката на Јупитер и Меркур, подготвени да ви дадат големи задоволства во следниот период, особено на професионално поле. Во меѓувреме, уживајте во супер-среќните денови – вторник и среда.

x

Check Also

УЛОВЕН МИЛИОНОТ ОД ИНСТАНТ ЛОЗОТ ЗЛАТНА РИПКА ВО ПРИЛЕП

Инстант лозот Златна Рипка и во својата 6та серија продолжува да радува ...