Неделен хороскоп (30.март до 5.април): Топ знаци на неделата – Близнаци, Вага и Водолија

Оваа недела планетата Марс ќе го напушти знакот на Јарец за да влезе во Водолија … големи револуции го чекаат овој знак! А вие, во кој знак сте родени? Откријте со нас што ви резервираа ѕвездите за оваа недела!

Овен: нервозна Месечина и топла Венера!
Ова ќе биде дефинитивно поволна недела за вашиот знак! Почнувајќи од вторник, планетата Марс ќе престане да биде неповолна за вас и ќе започне да дејствува во ваша корист, давајќи ви сила и енергија. Венера исто така се враќа во позитивен аспект почнувајќи од сабота: љубовта во следниот период би можела да стане „жешка“. Пазете се од нервозната Месечина во вторник, среда и четврток.

Бик: Неповолен Марс 
Драг Бикови, за жал оваа недела планетата Марс ќе влезе во неповолна позиција за вашиот знак, а ќе биде и во близина на планетата Сатурн. На работа може да има забавување или блокада, особено тоа е можно в петок. Меркур, од своја страна, ве прави особено активни во меѓучовечките односи, како во приватниот живот, така и на работното место. Првиот дел од неделава ќе имате прекрасна Венера во знакот, подготвена да ве натера да се вљубите.

Близнаци: добредојде, Венера!
Драги Близнаци, оваа недела ќе го почувствувате влезот на Венера во вашиот знак! Почнувајќи од сабота, планетата на љубовта ќе ви донесе големо богатство во сентименталното поле, кое ќе трае до август! За вас се отвора сезона полна со романса, во која во вашата врска ќе направите големи чекори, додека кај осамените би можела да се роди голема љубов. Во понеделник, Месечината во знакот ви носи добра вест.

Рак: полесни!
Оваа недела – конечно – планетата Марс ќе престане да биде во опозиција со вашиот знак! Почнувајќи од вторник, може да се чувствувате полесни и да закрепнете со малку повеќе енергија. Сатурн исто така ве поддржува: добра вест или неочекуван пресврт би можеле да се случат на работното место. Супер-среќни денови, со прекрасна Месечина во знакот: вторник, среда и четврток.

Лав: Марс во опозиција
Оваа недела, за жал, планетата Марс ќе се спротивстави на вашиот знак, а во опозиција е и Сатурн. Одредени ситуации – особено на работното место – може да станат посложени и може да се чувствувате поуморни и под стрес. За среќа, Венера ќе се погрижи завашиот љубовен живот во ваша корист! Почнувајќи од сабота, планетата на љубовта ќе биде на ваша страна, подготвена да ве развесели со малку романса.

Девица: Тензии 
За жал оваа недела планетата Венера ќе заземе неповолна позиција за вашиот знак. Почнувајќи од сабота, може да се појават тензии со партнерот и – во наредните недели – некои од вас може да ја доведе во прашање вашата врска. Дефинитивно подобро ќе биде на професионално поле, каде раскошната планета Меркур е подготвена да ви даде многу задоволство.

Вага: одлична вест!
Драги Ваги, одлична вест за вашиот знак! Почнувајќи од вторник, планетата Марс ќе престане да ве прави да се чувствувате толку уморни и под стрес и повторно ќе ви се насмевне, ќе ви донесе енергија и добро расположение! Дури и планетата Венера ќе биде подготвена да дејствува во ваша корист: од сабота очекувајте многу страст, а ова особено важи за оние кои се „сингл“. Среќни денови: петок и сабота.

Шкорпија: смиреноста се враќа!
Конечно оваа недела планетата Венера ќе престане да биде во спротивност со вашиот знак! По прилично комплициран период од сентиментална гледна точка, ќе можете да пронајдете дел од изгубената ведрина, почнувајќи од сабота. Поволната планета Меркур ви носи добри вести на работното место, додека Марс – неповолен од вторник – би можел да направи да се чувствувате поуморни.

Стрелец: Венера во опозиција
Драги Стрелци, за жал оваа недела планетата Венера ќе се спротивстави на вашиот знак. Почнувајќи од сабота може да се појават недоразбирања со партнерот, кои во наредните недели би можеле да ја доведат врската до вистинска криза, која најверојатно ќе продолжи до летото . Како тоа да се избегне? Не чувајте сè внатре во себе, туку секогаш барајте дијалог и меѓусебно разбирање.

Јарец: месечина во опозиција
Драги Јарци, планетата Венера ќе продолжи да работи во прилог на вашиот знак до сабота: искористете ја можноста да му ги соопштите сите свои чувства на партнерот. Бидете внимателни во вторник, среда и четврток, кога лошата Месечина во опозицијата може да ви донесе неуспеси.

Водолија: добредојде, Марс!
Оваа недела ќе го почувствувате влезот на планетата Марс во вашиот знак: неговото присуство, заедно со она на Сатурн, ќе ви донесе голема енергија и капацитет за обновување! Покрај тоа, почнувајќи од сабота, планетата Венера повторно ќе ви се насмевне: следните неколку недели ќе бидат особено убави од гледна точка на чувствата. Само внимавајте на малку нервозна Месечина во петок.

Риби: недоразбирање со партнерот
Драги Риби, планетата Меркур продолжува да престојува во вашиот знак, помагајќи ви на професионален план, каде ќе покажете многу добри резултати. За жал, сепак, почнувајќи од сабота, може да се појават тензии во контекст на чувствата.  Венера ќе заземе неповолна позиција на вашиот знак и недоразбирањата со партнерот може да бидат чести. Среќни денови – вторник, среда и четврток.

x

Check Also

Отворање на групната изложба „4 пати слобода“

„4 пати слобода“ е заеднички проект на 4 ликовни уметнички, кои потекнуваат ...