Неделен хороскоп (30-ти септември до 6-ти октомври):Топ знаци на неделата – Шкорпија, Вага и Близнаци

Оваа недела планетата Меркур го напушта знакот Вага и влегува во Шкорпија, носејќи одлични вести за Шкорпиите и за сите водни знаци. Убави вести стигнуваат и за Девиците и Јарците. А вие, во кој знак сте родени? Прочитајте го неделниот хороскоп за периодот од 30.ти до 6.ти октомври.

Овен – Пад на енергија

Конечно оваа седмица може да му кажете „чао“ на лошото влијание на Меркур, планетата на комунакациите сега полека се врти на ваша страна. Од четврток ќе се отворат убави можности на деловен план, но очекувајте и големи изненадувања. Од 4-ти октомври, за жал, Марс ќе ви се спортистави, а тоа значи пад на енергијата и замор. Внимавајте на здравјето во овој период. Сречни денови – среда и четврток.

Бик – Проблемчиња на работа

За жал, ова за вас не е посебно среќна недела, особено не на работното место каде ќе се соочите со куп проблеми. Меркур е во опозиција и ќе ве искушува, ставајќи ви сопки каде ќе „стигне“. Но не грижете се, до крајот на годинава ќе пристигнат посакуваните резултати. Нервозни и уморни ќе бидете во втроник, поради лошата месечина. Поведри денови – викендот.

Близнаци – Незаборавни емоции

Оваа недела Марс конечно ќе престане да ви здодева – тоа гарантира расположение и енергија. Од четврток очекувајте убаво обновување на енергијата и подобрена психо-физичка состојба. Љубовта ќе ви биде на прво место, особено во првиот дел од неделата, кога ќе примите емоции кои не се забораваат! Внимавајте само на деновите кога Месечината е негативна, а тоа се четврток и петок, кога ќе бидете нервозни.

Рак – Нови прилики

Последниот период ви беше тежок на работното место, се чувствувавте не доволно вреднувани, а наградите не пристигнуваа. Но работите сега значајно се менуваат. Меркур се враќа да ви даде поддршка и ви носи нови прилики кои треба да ги искористите. Пред вас се и среќни деловни средби. На љубовен план пак, воздржете се уште малку – пред вас се уште неколку тензии со партнерот, а особено внимавајте в сабота и во недела.

Лав – Тука е Венера!

Обидете се да искористете до максимум се што ви носи оваа седмица, преубава за вас, зашто од самиот крај на неделата нема веќе се да биде „мед и млеко“. Меркур ќе ви го заврти грбот што значи, веќе од следната недела на работа ќе мора да кренете „рачна“. На љубовен план, немате грижи, Венера ќе ве поддржува и понатаму и ќе ви носи преубави емоции.

Девица – Нови средби

Во последниов период ви недостигаа стимулативни средби и нови можности, ама еве ги вашите пет минути – почнувајќи од четврток, Меркур е на ваша страна и ви отвора бројни врати на деловен план. Марс останува во вашиот знак до четврток, ќе блескате со енергија и добро здравје. На сентиментален план пак, можни се „громови“ особено во четврток и петок.

Вага – Марс во знакот

Уште една недела е пред вас на огромна енергија, па никој за ништо нема да може да ве спречи. Венера во конјукција ќе ви подари огромна среќа во љубовта, додека Меркур – и тој во вашиот знак – ви носи нови проекти и убави нови можности. Од четврток и Марс ќе биде со вас носејќи ви цел период на силна волја и успешно туркање на проектите, без мака.

Шкорпија – Небото е со вас!

Одлични вести на повидок. Почнувајќи од четврток, Меркур влегува во конјукција – па подгответе се за денови полни со работна енергија, нови можности, контакти, пофалби, признанија…Неделава започнува со два позотивни дена, кога добрата Месечина е со вас. Интересни вести пак, очекувајте во вториот дел од седмицата. Небото „работи“ за вас, искористете ја позитивната енергија која ви ја праќаат ѕвездите!

Стрелец – Се подобро…

Конечно оваа недела Меркур ќе престане да ви креира проблеми на работа. Во последниот период се чувствувавте исцедени, презаморни…Ама работите, одеднаш, се менуваат. Суперсреќни ќе бидат деновите среда, четврток и петок, кога прекрасната Месечина ќе ви донесе преубави емоции, ама и пријатни изненадувања. Љубовта е со вас, без разлика дали е врската родена неодамна, или е веќе стабилна.

Јарец – Среќен викенд

Оваа седмица конечно ќе се збогувате со проблемите кои ви ги правеше Меркур – ќе почувствувате дека работите тргнуваат на подобро, особено на деловен план. На љубов план, за жал, нервози – со партнерот тензиите ќе растат, па внимавајте премногу да не ескалираат и да не дојде до, привремена, разделба. Среќна вест – викендот е многу, многу среќен!

Водолија – Не губете време!

Меркур ќе остане позитивен за вас се до четврток – затоа до максимум искористете ги овие денови за да ги завршите работите на деловен план, зашто потоа ќе биде потешко…За среќа пак, Венера останува позитивна и на љубовен план ќе ви цутат рози. Викендот ви ветува многу романтика и страст.

Риби -Енергијата се враќа

Конечно може да воздивнете! Од петок, Марс нема да биде во опозиција што значи ќе почувствувате силен наплив на позитивна енергија и добро здравје. И психички и физички ќе се чувствувате силни! Значи, енергијата се враќа, а со тоа и доброто расположение и бројните нови можности – Меркур е позитивен до четврток и ќе ви носи прекрасни изненадувања особено на деловен план. Издржете уште малку на емотивен план, наскоро и тука ќе се расчистат темните облаци…

x

Check Also

Приватно семејно здравствено осигурување отсега и онлајн со Еуролинк осигурување

Еуролинк осигурување за првпат на семејствата во Македонија им нуди решение за ...