Неделен хороскоп (3ти до 9ти февруари): Топ знаци на неделата – Овен, Риби и Лав

Оваа недела планетата Венера ќе го напушти знакот на Риби за да влезе во знакот на Овен. Многу среќа во љубовта се очекува за сите огнени знаци! А вие, во кој знак сте родени? Откријте со нас што ви резервираа ѕвездите за оваа недела!

Овен: добредојде, Венера!
Оваа недела планетата Венера ќе влезе во вашиот знак, започнувајќи навистина среќен период во однос на чувствата! Почнувајќи од сабота, љубовта ќе во донесе големи изненадувања.Среќно ќе биде, исто така, на работното место, особено во првиот дел од неделата. Во понеделник особено можете да сметате на помош од Марс, Меркур и Месечината, подготвени да ги поттикнат вашите професионални односи.

Бик: Меркур на ваша страна!
Драги Бикови, конечно оваа недела планетата Меркур ќе се врати на ваша страна: ако во последните неколку недели стресот на работа беше зголемен, сега ќе имате можност да ги искористите плодовите од толку многу напорната работа. Петок и сабота особено ќе бидат два дена бакнати со среќа, со прекрасна Месечина на ваша страна. Меѓутоа, може да се појави некаква напнатост со партнерот или семејството во недела.

Близнаци: каков замор!
За жал оваа недела планетата Меркур ќе ви го сврти грбот: од вторник може да наидете на некои потешкотии при работа. За среќа, Месечината ќе се погрижи да ви го подигне расположението и да ви даде добра можност на работа … Љубовта, по измачениот период, ќе се врати да ви се насмевне, почнувајќи од сабота. Марс во опозиција продолжува да прави да се чувствувате многу уморни.

Рак: Месечина во знакот!
Треба да го искористите максимумот оваа недела за да ја направите врската најстабилна што може, зашто почнувајќи од сабота, Венера ќе ви сврти грб правејќи ја комплицирана комуникацијата и разбирањето меѓу вас. Четврток и петок, прекрасната Месечина во знакот ќе ви донесе убави емоции и неочекувано изненадување на работа, поле кое исто така го фаворизира планетата Меркур.

Лав: Љубовта ви се насмевнува!
Конечно оваа недела планетата Меркур нема повеќе да се спротивставува на вашиот знак! Почнувајќи од вторник, може да пристигнат добри вести и комплицираната ситуација која ве мачи веќе некое време може да го најде долгоочекуваното решение. Дури и љубовта се враќа да ви се насмевне почнувајќи од сабота, благодарение на прекрасната поволна Венера: ве чека викенд полн со страст!

Девица: смиреноста се враќа!
Ако се чини дека работите во љубовта стануваат сè посложени, не грижете се: доаѓаат одлични вести за вашиот знак! Почнувајќи од сабота, планетата Венера повеќе нема да биде во опозиција! Ќе можете да пронајдете спокојство и, доколку вашиот партнер е вистинскиот, можете да започнете одново и да го оставате минатото зад себе. Внимание на работното место: Меркур е неповолен од вторник и може да донесе одреден застој.

Вага: Венера во опозиција…
Драги Ваги, за жал оваа недела – почнувајќи од сабота – планетата Венера ќе се спротивстави на вашиот знак: во следниот период може да се појават тензии во вашиот живот како пар и нема да биде лесно да се најде дијалог. Обидете се да решите некои проблеми со вашиот партнер во првиот дел од неделата, кога имате прекрасна Месечина на ваша страна. На работа најдобри денови ќе бидат понеделник и вторник.

Шкорпија: кон успехот!
Оваа недела планетата Меркур конечно ќе престане да ви создава проблеми на работа и повторно ќе се насмевне. Ако во последниот период вашите проекти не успеале, сега можете да го продолжите патувањето кон заслужениот успех! Среќни денови ќе бидат четврток и петок, кога на вашата страна ќе имате и убава месечина. Сабота и недела, сепак, ќе бидат два дена малку нервозни …

Стрелец: нервозни денови …
Вашата недела започнува со три навистина нервозни денови: Месечината во опозиција во понеделник, вторник и среда би можела да ги потенцира тензиите веќе присутни во вашиот живот (на љубовен план), но и поради Венера во неповолна позиција … Наоѓањето хармонија со партнерот нема да биде едноставно пред сабота, кога планетата на љубовта повторно ќе се насмевнат. На работа може да наидете уште на неколку пречки во првиот дел од неделата.

Јарец: контрасти со партнерот …
Почнувајќи од вторникот планетата Меркур ќе започне да дејствува во ваша корист. Ѕвездите се на ваша страна и ќе ви помогнат да направите големи планови: успехот ве чека! Пазете се, сепак, во деновите на Месечината во опозиција –  четврток и петок, кога нешто можеби нема да оди како што би сакале. Покрај тоа, почнувајќи од сабота, планетата Венера ќе престане да ве поддржува и може да дојде до некаков конфликт со вашиот партнер.

Водолија: малку збунетост …
Драги Водолии, љубовта во овој период ви испраќа збунети сигнали и вие се чувствувате затворени во ситуација што не знаете како да ги решите проблемите. Не грижете се: почнувајќи од сабота, сè ќе биде појасно благодарение на убавата Венера која конечно ќе се врати да ви се насмевне. Марс и Меркур во знакот ќе бидат до вторник и ви гарантираат добри резултати на работното место: ќе имате можност да се истакнете!

Риби: Меркур во конјукција!
Драги Риби, до сабота може да сметате на раскошната Венера во знакот, подготвена да ви даде многу љубов и страст. Почнувајќи од вторник, можете да сметате и на поддршката на Меркур: доаѓаат прекрасни вести и одлични резултати од областа на работата, особено ако имате професија што ве доведува во контакт со други луѓе. Среќни денови: четврток и петок.

 

x

Check Also

Чиста рерна е тајната на вкусните и квалитетни оброци, а рерната која се чисти сама е сон на секој готвач

 Најновата Samsung NV7000N двојна рерна е кујнски моден додаток кој секој би посакал ...