Неделен хороскоп (3ти до 9ти јуни): Топ знаци на неделата – Близнаци, Бик и Лав

Оваа седмица и планетата Венера и Меркур влегуваат во знакот Близнаци. Убави случувања се подготвуваат за овој знак, како и за другите воздушни знаци. Некои потешкотии ќе имаат Рибите и Шкорпиите…А вие, во кој знак сте родени? Прочитајте го неделниот хороскоп.

Овен – Убави изненадувања

Оваа седмица планетите се подготвени да ви донесат пријатни изненадувања! Почнувајќи од четврток може да сметате на поддршката од Меркур, кој во следните недели ќе ви подарува многу нови средби и можности на работен план. Од денот недела и Венера ќе биде на ваша страна – ве очекува период полн со емоции и страст. Среќни денови – петок и сабота.

Бик – Суперсреќна недела

Драги Бикчиња, до денот недела може да сметате на поддршката од преубавата Венера која ќе ви подари романтика во вашата љубовна приказна, а многумина од вас ќе се одлучат и на посмели чекори напред, па и на брак. Првиот дел од неделата ќе биде суперсреќен и кога е во прашање работата – можностите искористете ги „во лет“, особено во среда и четрвток.

Близнаци – Среќен период

Уште од почетокот на 2019 година го очекувате овој миг – пресврт на ситуацијата и подобрување на состојбата. Енергијата ви се враќа, а и сега ќе може да уживате во плодовите кои макотрпно ги сеевте. Оваа недела и Венера и Меркур се во вашиот знак, а тоа значи дека почнува период на голем успех и на деловен и на емотивен план. Вторник е суперсреќен ден, искористете го.

Рак – Нови прилики

Искористете ја што повеќе позитивната страна на Меркур – поволен за вашиот знак се до четврток, за да ги решите преостанатите проблеми, особено оние на деловен план. Почнувајќи од петок, работите нема да бидат толку едноставни за решавање. Среда и четврток ќе бидат суперсреќни денови, кога и Месечината ќе ви отвори нови можности, но ќе ви донесе и убави емоции.

Лав – Небото е на ваша страна

Конечно, оваа седмица ќе може да ги оставите сите проблеми зад вас и оние од дома, и оние на работното место кои ве мачеа во изминатиот период. Почнувајќи од четврток, Меркур нема веќе да биде неповолен и ќе се врати да застане на ваша страна – на работа, сите планови ќе се одвиваат забрзано и мазно. Одлични денови се петок и сабота кога може да добиете важен телефонски повик.

Девица – Внимавајте на Венера…

Планетата Венера ќе биде поволна за вашиот знак се до денот недела, а од овој датум па натаму, за жал, Венера ќе ви го заврти грбот. Затоа во овој период обидете се да ја поставите врската на здрави нозе и да ги решите сите проблеми со партнерот, доколку ги имате. На деловен план пак, стрпете се уште малку, резултатите ќе пристигнат откако убаво ќе ја анализирате ситуацијата пред да преземете важен чекор.

Вага – Љубов на повидок

Одлични вести доаѓаат за вашиот знак! Од четврток, може да сметате на поддршката од Меркур кој ќе ви помогне да постигнете успеси на работа. На љубовен план воздржете се до викендот, веќе од недела – Венера се враќа на ваша страна и ви носи период полн со пријатни изненадувања. Осамените Ваги нека се подготват за нови средби и нека си ги отворат срцата – љубовта доаѓа!

Шкорпија – Забавување…

Оваа седмица треба да прикочите малку, да застанете, да земете здив, и најпосле да се одморите..И подобро да не преземате ништо важно зашто и Венера и Меркур се во опозиција со вашиот знак. На љубовен план, ќе мора да почекате до крајот на неделата, па дури од денот недела, ситуацијата во врските ќе се подобрува…На работен план, чекајте до четврток, па потоа работите полесно ќе се решаваат….

Стрелец – Лоши вести…

Драги Стрелци, за жал, нема убави вести за вас за оваа седмица..и планетата Меркур, и Венера, ќе бидат во опозиција на вашиот знак! За жал, од четврток на работното место може да очекувате потешкотии и конфликти – добро е да направите позитивна дискусија со претпоставените или пак, ќе мора да се извините некому. И во љубовта ќе растат тензичните ситуации, особено почнувајќи од викендот, а денот недела ќе биде прилично нервозен.

Јарец – Месечина во опозиција…

Оваа седмица ќе мора да се изборите со два тешки дена – среда и четврток, кога Месечината е во опозиција и ќе ви донесе нервози и лошо расположение. Ако видите дека работите не одат во вистинска насока, сопрете и почекајте – станува збор за кус негативен период. На љубовен план може да уживате во уште една седмица полна со страст. Па, што чекате, уживајте…

Водолија – Се враќа спокојството

Одлични вести доаѓаат за вашиот знак оваа недела! Почнувајќи од четврток, конечно Меркур ќе ги фаворизира вашите деловни односи и сите проблеми кои ги имавте во изминатиот период, ќе бидат решени на едноставен и брз начин. И на сентиментален план – почнувајќи од викендот – ќе се врати спокојството. Внимавајте само на негативната Месечина во сабота, која може да ви донесе нервози.

Риби – Не чекајте

Искористете ги сите можности на работен план во првиот дел од неделата, кога Меркур сеуште ќе биде поволен. Се до четврток, ќе ви оди лесно да остварувате контакти и да добивате нови можности, додека во петок веќе може да се соочите со првиот проблем. На сентиментален план, треба да се соочите со негативностите што ви ги испраќа лошо-поставената Венера, почнувајќи од викендот – ако имате нерешен проблем со партнерот, не губете време, решете го веднаш.

x

Check Also

Ариана Гранде е главно лице на колекцијата за есен/зима 2019 на H&M

26-годишната американска пејачка Ариана Гранде е главно лице на новата колекција на ...