Неделен хороскоп (4. до 10. мај): Топ знаци на неделата – Близнаци, Вага и Водолија

Оваа недела, во знакот на Шкорпија ќе заблеска прекрасна полна месечина, подготвена да им даде среќа на љубовен план на сите водни знаци. А вие, во кој знак сте родени? Откријте со нас што ви рeзервираа ѕвездите за оваа недела!

Овен: нервозна Месечина 
Месецот мај ветува дека ќе биде полн со изненадувања за вашиот знак, што ќе го фаворизираат и Сатурн и Венера и Марс. Оваа недела подгответе се да доживеете убави емоции, особено во среќните денови петок и сабота. Бидете внимателни, сепак, во деновите понеделник и вторник, кога Месечината во опозиција може да создаде малку нервоза или блокада на работа.

Бик: дополнителна сила!
Меркур продолжува да престојува во вашиот знак, подготвен да ви даде дополнителна сила за сè што е поврзано со комуникацијата и односот со другите. Сепак, Сатурн и Марс се во неповолна позиција и ризикуваат да ги успорат вашите планови и да ве направат да се чувствувате малку поуморни. Особено тешки ќе бидат деновите на Месечината во опозиција, среда и четврток. Недела – добро закрепнување во името на страста.

Близнаци: многу енергија!
Уште една среќна недела за вашиот знак, особено од сентиментална гледна точка. Венера му дава на вашиот живот во пар разбирање и страст. Деновите понеделник и вторник ќе бидат особено интересни, со прекрасна поволна Месечина. Сепак, нервозни се деновите петок и сабота, кога може да се појави некаква семејна дискусија. Поволниот Марс ви дава толку многу енергија!

Рак: се приближува пресврт!
Овој не лесен период и може да се покаже како поважен отколку што мислите: потребата да се соочите со моментот на криза може да ве натера да го пронајдете вистинскиот одговор за вас, и да донесете важна одлука…се приближува пресврт! Особено среќни денови се среда и четврток, многу поволни за контакти со пријателите и семејството.

Лав: одморете се!
Спротивставувањето на Марс и на Сатурн продолжуваат да тежат за вашиот знак – исто толку се тешки како една карпа! Но Вие сте оној кој едвај се откажува и кој се чини дека има бесконечна резерва на енергија на располагање, но нема ништо лошо ако за момент решите да си земете одмор и да ја прифатите дури и вашата многу човечка слабост. Ситуацијата ќе се  подобри наскоро, а во меѓувреме може да сметате на убавата Венера, која носи посебна личност во вашиот живот.

Девица: Меркур се грижи за вас!
Вашиот љубовен живот во последниот период е прилично турбулентен. Некои од вас дојдоа до таму и да ја доведат во прашање нивната врска,  а неповолната Венера, наместо да помогне да се надминат несогласувањата, ги зголемува тензиите. За среќа, Меркур ќе се погрижи да ви донесе некои добри вести, особено во среда и четврток, кога ќе имате и убава среќна Месечина од ваша страна.

Вага: супер-среќни денови!
Вашата недела започнува на одличен почеток, со два супер-среќни денови. Во овој период, sвездите ве фаворизираат и на сентименталниот и на професионалниот фронт. Може да сметате на убавата Венера, подготвена да ви даде емоции и страст, и на борбениот Марс, што исто така ќе ве натера да се истакнете на работното место. Само во недела може да се чувствувате малку со лошо расположение.

Шкорпија: полна месечина во знакот!
Ова не е едноставен период за вашиот знак, ставени сте повеќе од другите на тест, особено во професионалната сфера. Всушност, ќе мора да се справите со спротивставувањето на Меркур и со неповолните Марс и Сатурн: овие планети би можеле да создадат застој на работното место, блокада или кризна состојба. Среќни денови се среда и четврток, кога прекрасната полна месечина ќе ви даде малку повеќе среќа.

Стрелец: не бегајте
Сентименталната криза – со Венера во опозиција повеќе од еден месец – се заканува дека ќе трае долго. Вие одбивате да го видите проблемот или избегнувате да се соочите, но порано или подоцна ќе мора да се справите со себе. Идеални денови да се најде конструктивен дијалог ќе бидат петок и сабота, со убава месечина во знакот.

Јарец: добри вести!
Со Меркур и Јупитер во поволна позиција ќе имате многу можности на работниот фронт, па дури и ако времето не е наједноставно, вие Јарецот секогаш ќе го пронајдете начинот за извршување на вашите проекти! Добрата вест може да пристигне во среда и четврток, додека во недела – кога месечината е во знакот – ќе бидете полни со убави емоции.

Водолија: невозможно да ве запрат!
Тешко може некој да ве запре во овој период, вашата енергија е огромна! Марс и Сатурн во знакот ве прават непобедливи, подготвени да пронајдете вистински богатства дури и во најтешките ситуации. Поволната Венера исто така ветува среќа во областа на чувствата. Пазете се, сепак, за некои можни недоразбирања со партнерот во среда и четврток, денови кои се нервозни.

Риби: тензии 
Тензиите со партнерот, за жал, се засилуваат. Венера во неповолна позиција ја затегнува вашата врска веќе еден месец: само дијалогот и меѓусебното разбирање можат да ви помогнат да пронајдете спокојство. Сепак, добра вест на работа: во среда и четврток, некои добри вести може да пристигнат благодарение на наклонетоста на Меркур и на Јупитер. Петок пак, е нервозен ден.

x

Check Also

Неделен хороскоп (1ви до 7ми јуни): Топ знаци на неделата – Бик, Вага и Шкорпија

Оваа недела, во знакот на Стрелец, ќе заблеска прекрасна полна месечина, подготвена ...