Неделен хороскоп (4 до 10 ноември): Топ знаци на неделата – Шкорпија, Стрелец и Рак

Оваа недела Близнаците, Рибите и Девицата може да имаат проблеми на сентиментален план. Ѕвездите ќе ги фаворизираат Лавовите, Овните и Стрелците. Во кој знак сте родени? Откријте што подготвија ѕвездите за вас за периодот од 4ти до 10ти ноември.

Овен: Излезете од дома!

Ова ќе биде навистина среќна недела за вашиот знак, особено од сентиментална гледна точка. Поволната Венера ви дава силна заводлива моќ: ако ви се допаѓа некој, само напред! Ако веќе сте во пар, со вашиот партнер може да правите планови кои се однесуваат на иднината. Особено викендот ќе биде супер-романтичен, благодарение на прекрасната Месечина во знакот од петок до недела.

Бик: Внимавајте на Меркур 

Конечно работите одат подобро од гледна точка на чувствата: дискусиите со партнерот од последниот период се далечно минато и се чувствувате дефинитивно поспокојни. Сепак, проблемите и блокадите остануваат на работното место: Опозицијата на Меркур ја отежна комуникацијата со колегите и претпоставените. Внимание, особено во најтешките денови -понеделник и вторник, кога и Месечината ќе биде неповолна.

Близнаци: Што навистина сакате?

За жал и оваа недела ќе мора да се справите со планетата Венера која е во опозиција, и која ќе создава проблеми на емотивен план. Минувате низ период на конфузија и треба да одвоите време за себе за навистина да дознаете што сакате од вашата врска и дали партнерот е вистински за вас. Внимание особено на деновите вторник и среда, кога ќе биде лесно да влезете во кавги со партнерот.

Рак: Среќна недела!

Оваа недела ќе биде многу среќна за вашиот знак, особено од гледна точка на меѓучовечките односи. Поволната планета Меркур ви помага да создадете врски и кнтакти што се важни за вашата професија. Среќните состаноци се „закажани“ за среда и четврток. Внимание викендот: од петок до недела Месечината е во неповолна позиција и би можела да предизвика малку нервоза …

Лав: Романтичен викенд!

Оваа недела започнува со прилично тежок понеделник и вторник, во кои Месечината ќе се спротивстави на вашиот знак: може да се појават неуспеси или блокади на работното место. Подобро ќе биде за време на викендот, кога убава поволна месечина, заедно со Венера во позитивен аспект, ќе бидат подготвени да ви дадат многу емоции и задоволства на емотивен план.

Девица: Напната недела

Во овој период на сентиментален план тешко ви оди – ако штотуку започнавте нова приказна, можеби веќе имате сомнежи. Како и да е, постарите парови ќе се расправаат. Деновите среда и четврток ќе бидат особено тешки од оваа гледна точка: Месечината е во опозиција, заедно со неповолната Венера, и ќе ги зголеми тензиите. Подобро ќе биде за викенд.

Вага: Големи изненадувања!

Драги Вагички, ова е  недела полна со енергија за вашиот знак, па во овој период ќе бидете навистина незапирливи! Марс ви дава предност во секоја област од вашиот живот, но пред сè во сентименталниот живот ве очекуваат големи изненадувања! Среќни состаноци во првиот дел од неделава. Внимание за викендот, кога Месечината во опозиција може да создаде лошо расположение и нервози.

Шкорпија: Ќе победите!

Меркур и Сонцето во вашиот знак ве прават победник. Исполнете ги целите со голема решителност -ѕвездите ќе ви помогнат да ги постигнете сите проекти! Најсреќните денови во неделата ќе бидат среда и четврток, фаворизирани од Месечината. На работа ве чекаат добри вести, но и важни состаноци. Понеделник и вторник, од друга страна, ќе бидат денови малку потензични, во кои може да се случи одредена дискусија со партнерот.

Стрелец: Венера во знакот!

Венера во поволна позиција го зголемува вашиот природен шарм: ќе биде навистина тешко да ви се одолее оваа недела! Вашиот ентузијазам и желба да направите големи нешта, ќе биде заразен, и може да ви донесе добри резултати дури и на работното место. Понеделник и вторник ќе бидат најсреќните денови од оваа гледна точка. Сепак, некои неочекувани настани може да се случат во среда и четврток, додека викендот ќе биде супер-страствен!

Јарец: Пред финишот!

Драги Јарци, Марс во знакот на Вага продолжува да ве прави да се чувствувате уморни, но конечно пристигнуваат задоволствата. Во среда и четврток, поддршката на Меркур и Месечината ќе ви отворат големи можности, состаноци и позитивни одговори. Запомнете дека во 2020 година успехот ќе биде ваш и полека се приближувате до таа цел! Викендот ќе биде нервозен, со Месечината во неповолна позиција. Бидете внимателни да не се карате со партнерот.

Водолија: Месечина во знакот!

Вашата недела започнува одлично со два дена со поволна Месечина – пристигнуваат добри вести и изненадувања! Згора на тоа, Венера ве фаворизира дарувајќи ви многу страст, а пред вас се и убави договори со партнерот. Од деловна гледна точка, може да доживеете мали неуспеси како резултат на неповолниот Меркур: ако чекате одговор или потврда, може да биде задоцни…

Риби: Не се карајте!

Ова ќе биде многу среќна недела, особено во на деловен план: в среда и четврток очекувајте одлични вести благодарение на раскошната Месечина во знакот. Поволниот Меркур пак, ви носи нови интересни контакти. Сепак, на емотивен план не цветаат рози – Венера во неповолна позиција создава напнатост во вашата врска. Справете се со вашиот проблем без да влегувате во кавги.

x

Check Also

Неделен хороскоп (9. до 15. декември): Топ знаци на неделата – Стрелец, Бик и Лав

Оваа недела планетата Меркур влегува во знакот на Стрeлец, одлични вести ги ...