Неделен хороскоп (5ти – 11ти ноември): Топ знаци на неделата Стрелец, Вага и Лав

Оваа неделат планетата Јупитер го напушта знакот Шкорпија и влегува во Стрелец, носејќи убав период полн со успеси за сите огнени знаци. Љубовта пак, ќе им оди од рака на воздушните знаци, додека со проблемчиња ќе се соочуваат Овните и Раковите. А вие во кој знак сте родени? Прочитајте го неделниот хороскоп за периодот 5ти ноември до 11ти ноември, 2018.

Овен – Концентрирајте се на работа

Оваа недела започнува за вас со два тешки дена, Месечината и Венера во опозиција ќе ви донесат лошо расположение и тензии во приватниот живот. Затоа наместо на љубов, подобро е да се концентрирате на работните обврски. На работното место, планетите се подготвени да ве фаворизираат, додека од 9-ти ноември, Јупитер ќе ви отвори нови можности и ќе ви донесе интересни проекти, предодредени за успех.

Бик – Нов почеток!

Конечно, почнувајќи од петок, нема повеќе да имате пречки кои до сега ги правеше Јупитер во опозиција. Пред вас ќе се отвори нов период полн со професионални предизвици, па најпосле ќе може и да уживате во плодовите на тоа што сте го сработиле. Среда и четврток, Месечината ќе биде во опозиција, па затоа ќе се чувствувате малку нервозни. Подобар е крајот на неделата – некоја блиска личност ќе ви донесе убави вести или изненадување.

Близнаци – Јупитер во опозиција

За жал, за вас оваа недела немаме преубави вести. Јупитер влегува во опозиција па затоа не е добар момент за преземање на важни проекти или одлуки. Особено на работен план, ќе се соочите со пречки, а можни се и сплетки од колегите, како и конфликти со претпоставените. За среќа, Венера е позитивна и утехата ќе ја наоѓате во прегратката на саканите. Најнервозни денови од неделата се петок и сабота.

Рак – Променлива недела

Пред вас е една недела на чести промени на расположението, кога станува збор за чувствата. Венера е во негативна позиција па ќе создава проблеми и недоразбирања во комуникацијата со партнерот, па дури и ризик за преиспитување на врската, особено во нервозните денови за време на викендот, кога и Месечината е во опозиција. Но, затоа среќни се деновите среда и четврток кога нема да недостигаат убави предизвици особено на работното место.

Лав – Супер недела!

Драги Лавчиња, подготвени сте за една навистина супер недела? На ваша страна ќе ја имате целата поддршка од Венера која ќе ви подари многу убави чувства. И на работното место работите ќе се одвиваат „на големо“, особено во петок, кога и Меркур ќе застане на ваша страна, но и планетата на среќата – Јупитер. Големи успеси се гледаат на хоризонтот! Неповолни денови се среда и четврток, кога ќе почувствувате мал замор и пад на енергијата.

Девица – Стрпете се

Драги Девици, познато за вас е дека ништо не правите случајно, дури и на работното место, ја преферирате прецизноста и систематичноста. Но за жал, со Меркур во негативна позиција за вашиот знак, од петок, нема да бидете задоволни со резултатите на деловен план. Уште повеќе, кога и Јупитер ќе стане неповолен и ќе ги кочи вашите планови. Стрпете се, не почнувајте значајни проекти. На љубовен план позитивни се деновите среда и четврток, кога убавата Месечина ќе застане на ваша страна.

Вага – На големо!

Вашата недела ќе започне „на големо“, Месечината ќе биде во конјукција со вашиот знак во понеделник и вторник, носејќи ви убави чувства и одлично расположение. Венера во знакот ќе им помогне на осамените да си најдат сродна душа. И на работен план ве очекуваат убави вести – одлични резултати и промоција. Почнувајќи од петок, и Јупитер ќе застане на ваша страна, за да ви ги олесни сите започнати проекти.

Шкорпија – Догледање Јупитер

Драги Шкорпии, оваа недела, за жал, Јупитер го напушта вашиот знак, затворајќи еден долг позитивен период на промени. Но, кај вас веќе сите работи се стабилизирани, и на емотивен и на деловен план, па сега започнува периодот кога може да уживате во плодовите кои сте ги насадиле. Среда и четврток се одлични денови на полето на чувствата, со преубава Месечина во конјукција која ќе ви подари големи задоволства.

Стрелец – Недела полна со успех и љубов

Почнувајќи од петок, за вас почнува еден навистина прекрасен период, полн со успеси – Јупитер во конјукција ќе ви подари многу можности, а на вас ќе биде да ги искористите. Заедно со планетата на среќата, и Меркур ќе биде со вас да ве фаворизира, а резултатите ќе бидат извонредни на работен план. И Венера е поволна, ќе ги фаворизира убавите чувства и романтичните релации, подгответе се за една недела полна со пријатни изненадувања!

Јарец – Проблеми со партнерот

Неповолната Венера, за жал, оваа недела ќе ви создава макички на срцето, а особено ќе ги разниша младите врски. Можни се големи тензии меѓу вас и партнерот, затоа подобро е во овој период да не започнувате сериозни дискусии и воопшто да одбегнувате расправии. Понеделник и вторник се два прилично нервозни дена. За да најдете малку спокојство ќе треба да го почекате викендот, убава е осебено недела кога Месечината ќе ви даде убави емоции.

Водолија – Новости и страст

Драги Водолии, ако во последниов период имавте потешкотии на работното место, сега конечно работите се средуваат и тргнуваат на подобро. Меркур е поволен и ќе му се придружи на поволниот за вас Јупитер, па почнувајќи од петок, пред вас се отвора период полн со успеси. На повидок се убави вести и нови можности! Во љубовта, Венера ќе ги фаворизира вашите релации, подарувајќи ви силни страсти.

Риби – Неповолен Јупитер

За жал, оваа недела планетата Јупитер ќе престане да ве фаворизира и затоа пред вас се отвора еден период полн со потешкотии на работното место. Не се разочарувајте, ја имате љубовта на ваша страна. Прекрасната Месечина, која е на ваша страна, е подготвени да ви подари многу емоции, особено во среќните денови среда, четврток и недела. Неповолни денови пак се петок и сабота, кога лесно ќе може да се изнервирате.

x

Check Also

Неделен хороскоп (12ти-18ти ноември): Топ знаци на неделата Водолија и Лав

Оваа недела планетата Марс го напушта знакот на Водолија и влегува во ...