Неделен хороскоп (5ти до 11 август): Топ знаци на неделата – Лав, Овен и Рак

Лавовите продолжуваат да бидат број 1 и оваа недела, со прекрасна Венера и Марс во конјукција. Кој би можел да ги сопре? Многу среќа имаат и огнените знаци, а помалку Шкорпиите и Водолиите…А вие, во кој знак сте родени? Прочитајте што ви подготвија ѕвездите за периодот од 5ти до 11ти август.

Овен – Тука е Венера

Седмицата почнува со два тешки денови поради лошата Месечина во опозиција која ќе ви донесе лошо расположение. Но веќе од среда, ситуацијата се подобрува – прекрасната Венера е подготвена да ви подари денови полни со емоции и среќа. Петок и сабота ќе бидат два посебни дена за паметење!

Бик – Почекајте го викендот

Со негативна поставеност на Венера можни се кавги со партнерот. Особено нерозни денови се среда и четврток – избегнувајте да влегувате во дискусија, а веќе ако морате – почекајте го викендот кога дијалогот ќе биде спокоен. Марс е исто така неповолен, па ќе чувствувате замор.

Близнаци – Месечина во опозиција

Љубовта е подготвена да ви се насмевне оваа недела. Седмицата ќе биде во знакот на силни емоции и преубави романтични моменти, благодарение на прекрасната Венера. Меркур е неповолен, па затоа не очекувајте ништо на деловен план, а можни се и тензии со колекгите и претпоставените. Тешки денови ќе бидат петок и сабота, кога Месечината е во опозиција и ќе ве прави нервозни.

Рак – Убави вести

Оваа седмица ве очекуваат преубави вести, благодарение на прекрасниот Меркур кој ќе ви отвори нови врати, ќе ви организира нови средби и воопшто, ќе ви донесе новости. Среда и четврток ќе бидат два дена полни со среќа кога може да се случи посебна средба за паметење! Внимавајте на денот недела кога може да дојде до некој голем конфликт со семејството.

Лав – Број 1

И оваа недела продолжувате да бидете кралеви на зодијакот. Август е ваш месец и ако до сега не дошле, на повидок се денови полни со романтика и силни емоции, благодарение на прекрасната Венера во конјукција. Марс ќе направи да се чувствувате посилни од било-кога, па ќе бидете подготвени да го освоите секој предизвик. Суперсреќни денови се понеделник, вторник, петок и сабота.

Девица – Се е можно

Подгответе се за големо изненадување, би можело да се случи нешто што воопшто не очекувате – некој предлог во последен миг, или некоја средба која ќе ве „помести“ и која ќе ви отвори нови хоризонти. Се е можно, благодарение на позитивниот Меркур во конјукција! Најсреќни денови ќе бидат среда и четврток кога и Месечината ќе биде на ваша страна. „Не“ денови се петок и сабота.

Вага – Романтични моменти

Вашата седмица не може да започне подобро од ова, понеделник и вторник ќе бидат суперсреќни благодарение на прекрасната Месечина во конјукција која ќе ви подари радост. Венера е исто така на ваша страна па животот во пар ќе ви цути. Петок и сабота се два посебни, романтични денови. Во недела пак, може да ве „нападне“ лошо расположение, но минливо е…

Шкорпија – Недела на кавги

Драги Шкорпии, овој август за вас ќе биде во знакот на кавгите кои нема да недостигаат на сите полиња. Венера е негативно поставена и ќе ви креира проблеми со саканите лица. За среќа, Месечината ќе застане на ваша страна во среда и четврток, па тогаш би можеле да направите мирни дискусии со партнерот. Од друга страна пак и Марс е негативен и затоа ќе се чувствувате празни и без енергија.

Стрелец – Месечина во конјукција

Оваа седмица ќе биде цела посветена на љубовта. Венера е позитивна и ќе ги фаворизира љубовните релации. Ако сте соло би можеле да запознаете исклучителна личност, особено во петок и сабота, кога ќе ја имате и Месечината во конјукција. На работа, за жал, ќе поминувате низ период на блокади благодарение на негативниот Меркур. Оставете ги големите проекти за септември.

Јарец – Среќна недела

Вашата седмица не започнува како што сакате поради неповолната Месечина. Но веќе од среда може да очекувате подобрување и помалку нервози. Во четврток, всушност може да слушнете убава вест или да остварите прекрасна средба. Најдобар ден од неделата ќе биде денот недела која среќата ќе биде на ваша страна на сите полиња.

Водолија – Каков стрес!

Венера е во опозиција и продолжува да ви создава непријатности на емотивен план. За жал, оваа недела нема да ви оди добро комуникацијата со саканите, а особено нервозни денови се вторник и среда, кога и Месечината ќе биде неповолна. Подобро ќе биде во петок и во сабота кога ќе успеете да си го вратите спокојството и покрај тоа што неповолниот Марс продолжува да ви носи замор.

Риби – Време за одмор

Ова е вистински миг да заминете на годишен одмор! За жал, секогаш не е тоа можно, но ако имате можност за одмор, немојте да ја пропуштате. Секако ова не е време за почнување на деловни проекти, бидејќи Меркур е лошо поставен. За успех на работа ќе мора да го почекате септември. А за љубов – искористете ги среќните денови – среда, четврток и недела.

x

Check Also

Утревечер светска премиера на „Врба“ на Манчевски на Филмскиот фестивал во Рим

Светската премиера на филмот „Врба“ на Милчо Манчевски ќе биде утревечер на ...