НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (6. – 12.ДЕКЕМВРИ): Многу љубов за земјените знаци!

Оваа недела планетата Венера во знакот Јарец ќе им донесе многу среќа во љубовта на сите земјени знаци… А вие, во кој знак сте родени? Дознајте со нас што ви подготвуваат ѕвездите оваа недела!

Овен: проблеми во врската …
Драги Овни, вашата недела започнува со нервозен понеделник, во кој неповолната месечина може да ви создаде некои неуспеси. Подобро, сепак, ќе биде во вторник и четврток: некои убави изненадувања би можеле да пристигнат на работното место. Во љубовта, за жал, Венера во Јарец продолжува да носи конфликти… Внимавајте да не делувате премногу импулсивно!

Бик: каков умор!
За вашиот знак продолжува периодот на голем замор и физички и психички, поради спротивставувањето на планетата Марс. Пред се, работната средина ќе ви предизвика малку поголем стрес. Бидете трпеливи: до крајот на месецот планетата Јупитер конечно ќе биде активна во ваша корист и работите ќе тргнат на многу подобро! Во меѓувреме уживајте во поддршката на Венера која со љубов ги бои вашите денови.

Близнаци: забавување на работите
Противењето на Меркур носи забавување на полето на работа: проектот што го имавте на ум или предлогот што го дадовте нема да добие веднаш повратен позитивен одговор, туку ќе мора да почекате. Во меѓувреме, се е фокусирано на среќните месечеви денови, оние во вторник, среда и четврток. Пазете се, сепак, од нервозните денови – петок и сабота, кога можеби ќе имате некаква дискусија со партнерот.

Рак: енергичен Марс!
Вашата недела започнува со многу тежок ден, во кој месечината во опозиција ќе ве натера да се чувствувате омаловажено… Ќе има и дискусии со партнерот, поради противењето на Венера. Добро закрепнување, сепак, ќе се случи во петок и сабота, кога ќе можете да сметате на активна месечина во ваша корист. Марс, исто така поволен, ви помага да ја повратите енергијата и прави да се чувствувате агресивно на полето на работата.

Лав: чекајќи го викендот…
Драги Лавови, ова ќе биде прилично тешка недела за вашиот знак, кој ќе доживее голем замор и стрес, особено на работното место. Обрнете особено внимание на деновите вторник, среда и четврток кога, на Јупитер во лошо позиција, ќе му се придружи и Месечината. Поопуштено за време на викендите, особено во недела, кога убавата месечина ќе ви подари моменти на романса.

Девица: проблеми на работа…
Оваа недела во преден план ќе ви биде пред се работното место кое ќе ви донесе тежок период  поради Меркур во неповолна положба, што ќе создаде блокади и непријатности во канцеларија. Особено внимавајте на деновите петок и сабота, кога ќе ја имате и Месечината во опозиција и која ќе создаде дополнителни пречки. Сепак, сè е добро од сентиментална гледна точка: Венера, активна во ваша корист, ѝ дава на вашата врска хармонија и спокојство.

Вага: љубовни проблеми …
Драги Ваги, вашата недела ќе биде многу среќна од работна гледна точка, а помалку од сентиментална. Во канцеларијата ќе бидете заштитени од Јупитер и Меркур, подготвени да ви дадат добри понуди и нови можности. Венера во неповолна положба, пак, ги акцентира конфликтите со партнеот. Недела, со месечината во опозиција, ќе биде особено нервозен ден, во кој лесно ќе избувнете, особено во дијалог со партнерот…

Шкорпија: какви нерви!
Драги Шкорпии, противењето на планетата Марс ве прави да се чувствувате особено нервозни и уморни: нема да биде тешко што оваа недела можат да ви ги разнесат нервите за некоја ситница… За среќа можете да сметате на прекрасната Венера, подготвена да ви даде поддршка и љубов кон некој посебен. Обложете се во среќните денови на месечината- понеделник, петок и сабота. Денови „не“ се вторник, среда и четврток.

Стрелец: Меркур се грижи за вас!
Планетата Меркур сјае високо во вашиот знак и е подготвена да ви даде нови можности за искористување: би можеле да имате интересна средба или да добиете признанија на работното поле. Најсреќни денови кои се бакнати од месечината ќе бидат вторник, среда и четврток. Некои незгоди, сепак, во петок и сабота, кога дури и со партнерот може да настанат кавги.

Јарец: со месечината во знакот!
Вашата недела започнува на одличен начин, со прекрасна месечина, која – заедно со планетата Венера – е подготвена да ви даде моменти на голема страст и романса! Паровите во овој период се посилни од било кога, па дури и на работното место ќе има убави изненадувања. Внимавајте, сепак, на малку нервозниот ден – недела, кога Месечината ќе биде во неповолна положба.

Водолија: сметајте на Јупитер!
Драги Водолии, цел месец декември можете да сметате на наклонетоста на Јупитер кој до крајот на годината ќе ви помогне да постигнете важна цел (ако се уште не се случила)… На полето на работа, доаѓаат интересни вести, особено во месечевите денови: вторник, среда и четврток. Неповолниот Марс, сепак, ќе направи да се чувствувате малку поуморно. Неделата, со прекрасната месечина во Овен, посветете ја на релаксација.

Риби: бидете трпеливи!
Драги Риби, ако во овој период на работа работите не одат најдобро, не очајувајте: наскоро Меркур повеќе нема да биде во неповолна положба, туку – пред се – планетата Јупитер ќе влезе во вашиот знак кон крајот на месецот, а таа го гарантира долгорочниот успех! 2022 година ќе биде исполнета со убави прилики и интересни средби. Засега, обложувајте се на среќните денови на месечината – петок и сабота.

x

Check Also

Започна продажбата на HUAWEI MateBook 14s на македонскиот пазар

Потрошувачите кои ќе го купат уредот до 31 јануари 2022 година добиваат ...