Неделен хороскоп (6. до 12. јануари): Топ знаци на неделата – Водолија, Стрелец и Овен

Оваа недела кутрите Лавови ќе бидат присилени да го издржат спротивставувањето на планетата Венера. Посреќни во љубовта, ќе бидат родените во знакот на Водолија и Близнаци. А вие, во кој знак сте родени? Откријте со нас што ви предвидуваат ѕвездите за вас оваа недела.

Овен: Марс се грижи за вас!
Оваа недела ќе биде супер поволна во однос на чувствата: Венера ја зајакнува вашата љубовна приказна или, ако сте „сингл“, ви носи нови интересни средби. Сепак, се очекуваат уште неколку пречки од професионална гледна точка, особено во четврток и петок. Меѓутоа, не грижете се: поволниот Марс ви ја дава целата сила што е потребна за да можете да ги надминете вашите предизвици.

Бик: Вестите доаѓаат!
Вашата недела се отвора со прекрасна Месечина во знакот, подготвена да ви донесе многу среќа во првиот понеделник на јануари. Меркур ветува многу новости, особено од професионална гледна точка: некои добри вести би можеле да пристигнат во понеделник, четврток и петок! Меѓутоа, Венера е во неповолна позиција , па веројатно ќе создаде уште некој конфликт помеѓу вас и вашиот партнер. Обрнете особено внимание в недела.

Близнаци: Каков стрес!
Оваа недела може да сметате на убава среќна Месечина во вторник и среда, денови кои ќе бидат особено возбудливи. Венера е поволна, подготвена да ви даде многу страст и многу посебни договори за оние кои се во врска.  Сепак, ќе мора да се справите со опозицијата на Марс, кој нема да престане да прави да се чувствувате прилично уморни и под стрес. 

Рак: Не земајте ништо лично!
Оваа недела може да сметате на убавата Месечина во четврток, петок и сабота. Тоа значи дека ќе имате три дена полни со среќа, кои ќе можат да ги компензираат тешкотиите од последниот период. Опозицијата на Меркур продолжува да ве става под притисок, создавајќи проблеми во комуникацијата, особено на работното место. Обидете се да не земете сè премногу лично, и при срце.

Лав: Размислете малку…

Вашата недела започнува со прилично нервозна Месечина, на која ѝ се придружува и опозицијата на Венера… шансите да се расправате со вашиот партнер се доста големи! Доживувате момент на криза, но важно е да престанете да ги рефлектирате и преиспитувате вашите приоритети и цели, особено во однос на вашиот живот во пар.  Поволниот Марс ви ја дава целата енергија и храброст за тоа што треба да го направите.

Девица: Малку уморни 
Оваа недела ќе мора да се справите со малку повеќе умор, заради неповолната позиција на Марс.  И покрај ова, сепак, ќе има многу добри вести за вас! Поволната Меркур ви помага да направите чекор напред кон вашите цели: особено среќни денови ќе бидат четврток, петок и сабота. Нервозни денови – вторник и среда.

Вага: Дискусии на работа 
За вас е ова навистина позитивна недела во однос на чувствата благодарение на прекрасната Венера во поволен аспект. Од професионална гледна точка, на работното место се очекува одредена дискусија, како резултат на неповолната позиција на Меркур кој создава можни недоразбирања. Внимание особено на нервозните денови – четврток и петок.

Шкорпија: Се зголемува тензијата!
Лошо почнува вашата работна недела. Месечината во опозиција ве тера да се чувствувате нервозни, дури и без причина! Партнерот ќе „си плати“ за тоа. Неповолната Венера ризикува да ја зголеми напнатоста меѓу вас и партнерот, предизвикувајќи расправии што збунуваат, а почнуваат од сесема мали дискусии. Тивко ќе биде за време на викендот, благодарение на убавата Месечина која ќе ви се насмевне во петок и сабота.

Стрелец: Невозможно да ви одолеат
Во вторник и среда ќе мора да се справите со грдата Месечина во опозиција, што ќе ве направи доста нервозни. Немате причина да бидете во вакво лошо расположение! Марс е со вас и убавата, среќна Венера, кои ви гарантираат многу решителност, енергија и среќа во сентименталниот живот во текот на целата недела. Ќе бидете особено заводливи, а да им  одолеете на комплиментите ќе биде навистина тешко!

Јарец: Добра вест!
Дури и оваа недела можете да сметате на заедничка поддршка на Јупитер, Сатурн и Меркур, подготвени да ви донесат  добри вести, особено од професионална гледна точка! Особено понеделник ќе биде ден фаворизиран од ѕвездите, со прекрасна Месечина на ваша страна. Пазете се, сепак, од можното забавување или пречки во деновите на лошата Месечина -четврток, петок и сабота.

Водолија: Венера во знакот!
Венера во знакот ветува цела недела полна со љубов! Оние кои се уште се „сингл“, можат да запознаат некој/а многу посебен/а личност, особено во среќните денови – вторник и среда. Недела, сепак, ќе биде прилично нервозен ден, со Месечината во опозиција. Поволниот Марс ви дава многу енергија што ќе ви помогне да ја надминете можната неочекувана ситуација.

Риби: Неочекувани моменти
Ова ќе биде позитивна недела, особено од професионална гледна точка. Поволниот Меркур е подготвен да ви даде нови средби и контакти што наскоро може да се покажат многу корисни. Лошо-поставениот Марс, за жал, ве тера да се чувствувате малку уморни. Обрнете особено внимание на деновите вторник и среда, кога Месечината, исто така, ќе биде неповолна и може да се појават некои мали, неочекувани настани.

 

x

Check Also

Вежбаме дома со Џејн Фонда, ѕвездата се врати на социјалните мрежи

Иако сме во изолација, размислуваме за нашиот здрав изглед, а размислува и ...