НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (8. до 14. февруари): Сеќен Ден на вљубените за Водолиите, Рибите, Вагите и Раковите!

За време на викендот на Денот на вљубените, планетата Венера ќе блесне во знакот на Водолија, а Месечината во знакот на Риби: љубовта ќе им се насмевне на сите воздушни знаци! А вие во кој знак сте родени?  Откријте со нас што ви подготвуваат sвездите оваа недела!

Овен: вистинската личност може да дојде…
Драги Овни, вашата недела започнува со два дена со неповолна Месечина, во кои може да се чувствувате понервозни од вообичаено. Не грижете се: ѕвездите се на ваша страна! Во среда и четврток, некои пријатни изненадувања веќе можат да пристигнат на работното место, додека убавата поволна Венера ви ветува Ден на вљубените полн со емоции. За слободните периодот е поволен за нови средби во може да пристигне вистинската личност!

Бик: љубовта ќе триумфира!
Оваа недела ќе биде прилично возбудлива за вашиот знак, кој ќе мора да се справи со Меркур и Венера во неповолна позиција. Марс заедно со нив ќе ве направи повеќе воинствени од кога било: тешко на оној кој ќе ве налути! За среќа, за време на викендот ќе можете да сметате на убавата Месечина која ќе може да ја заслади вашата душа: Денот на вљубените ветува дека ќе биде малку напнат, но на крајот ќе бидат љубовта и страста што ќе триумфираат над малите расправии!

Близнаци: среќна недела!
Ве чека уште една среќна недела, и од сентиментална и од работна гледна точка. Среда и четврток ќе имате убава поволна Месечина, што може да ви помогне – заедно со Јупитер и Меркур – да затворите некој важен договор или во секој случај да постигнете важна цел на професионално поле. Поволната Венера ви обезбедува среќа во љубовта, но бидете внимателни за време на викендот: може да се појави некаква напнатост помеѓу вас и вашиот партнер.

Рак:  Месечина во опозиција
Вашата недела не започнува на најдобар начин: во понеделник и вторник, Месечината во опозиција ќе направи да поверувате дека ништо не ви оди од рака ! Во петок, сабота и недела – напротив – ќе сфатите дека ситуацијата е помалку трагична отколку што мислевте и ќе можете да сметате на убаво небо полно со ѕвезди подготвено да ја зацврсти вашата љубовна приказна или, ако сте слободни, да охрабрите нови средби и љубовни приказни што би можеле долго да траат.

Лав: треба да се опуштите 
За жал, планетата Венера ќе остане во спротивност со вашиот знак и оваа недела. На љубовен план –  тензии и расправии со партнерот, особено во среда и четврток, кога Месечината е исто така во опозиција. За време на викендот, можеби ќе можете да најдете малку мир, но под услов да ги оставите работните проблеми настрана: знаеме, не ви е лесно, затоа  треба да се опуштите и да се ослободите од стресот!

Девица: време за сомнежи 
Оваа недела ќе се чувствувате прилично збунето: може да се појават некои сомнежи во вашата врска, особено за време на викендот. Петок, сабота и недела Месечината ќе биде во опозиција: подгответе се за Денот на вљубените кој ќе биде секаков, само не релаксирачки, ден во кој брзо ќе станувате нервозни. На работа, сепак, Месечината ќе ве фаворизира во првиот дел на неделата, кога ќе имате повеќе среќа на ваша страна.

Вага: посакана од кога било!
Дали сте подготвени да доживеете викенд на вљубените полн со страст и романса? Прекрасната Венера во знакот на Водолија ќе биде подготвена да ви даде – во текот на цела недела – многу среќа во љубовта. Ќе  се чувствувате повеќе сакани од кога било! Потврдите и признанијата исто така може да пристигнат на работа, особено можни во среќните денови на Месечината, среда и четврток.

Шкорпија: каков стрес!
Во ова многу стресно време ќе треба да посветите повеќе време и грижа за себе. Марс во опозиција прави да се чувствувате уморни и немате енергија, додека континуираните барања и притисоци продолжуваат да пристигнуваат однадвор, без разлика дали станува збор за професионални или семејни проблеми. Во љубовта ќе мора да се справите со неповолната Венера, што може да донесе некои сомнежи во врската.

Стрелец: многу страст!
Пред вас е еден многу позитивен период, особено од сентиментална гледна точка. Поволната Венера продолжува да и дава на вашата врска нови стимуланси и стрста и авантурите нема да ви недостигаат, но постои ризик да се заморите брзо и лесно! Најсреќни денови во неделата ќе бидат среда и четврток. Одредена напнатост, сепак, ќе почувствувате за време на викендот.

Јарец: дела, а не зборови!
Драги Јарци, вашата недела започнува одлично, со прекрасна Месечина во понеделник и вторник, која ќе ви донесе многу среќа! Поволниот Марс ви дава голема сила и многу дополнителна енергија. Понатаму, за време на викендот, можете пак еднаш да сметате на помошта од Месечината, што ќе го направи Денот на вљубените многу романтичен. Најважното – ќе се уверите дека треба да им верувате на делата, а не на зборовите!

Водолија – Посебен ден на вљубените

Коков може да биде денот на вљубените со Венера во знакот ако не посебен и прекрасен! Планетата на љубовта ветува дека ќе ве изненади, носејќи ви слатка авантура, страст, соништа…и сè што барате во љубовта. Супер-среќни денови ќе бидат среда и четврток, кога Месечината исто така ќе блесне во вашиот знак, заедно со Венера, Меркур, Сатурн и Јупитер: добитна комбинација што ќе ви даде многу позитивна енергија!

Риби: романтична Месечина на Денот на вљубените!
Драги Риби, овој викенд на Денот на вљубените, Месечината ќе блесне во вашиот знак: ова значи дека деновите петок, сабота и недела ќе бидат исполнети со големи емоции, страст и романса! Дури и осамените ќе најдат начин да се забавуваат: дури и да немате партнер покрај себе, ќе сфатат дека се опкружени со многу луѓе кои се грижат за нив и на кои секогаш можат да сметаат!

x

Check Also

Еко-Свест: Дрвото можеби грее најевтино и најубаво, но е тивок убиец

Поради намалената економска моќ дури три четвртини од населението во земјава се ...