Неделен хороскоп (8ми до 14ти април): Топ знаци на неделата – Риби, Рак и Бик

Оваа недела планетата на љубовта Венера влегува во знакот на Риби носејќи многу љубов за сите водни знаци. Не толку среќни во љубовта пак, ќе бидат Близнаците, Стрелците и Девиците. А вие, во кој знак сте родени? Прочитајте го неделниот хороскоп за периодот од 8ми до 14ти април 2019.

Овен – Вооружете се со трпение

Драги Овни, немојте да бидете нетрпеливи. Ако вашите желби и вашите цели сеуште не се реализирани, не ги обвинувајте сите околу вас – станува збор само за прашање на време. Оваа недела може да се чувствувате нервозно, полни со нетрпение, особено во деновите четврток и петок кога Месечината ќе биде неповолна за вашиот знак. Не ви преостанува ништо друго туку да се вооружате со трпение и да почекате да дојде викендот, сабота и недела, кои ќе бидат суперсреќни денови на емотивен план.

Бик – Доаѓаат големи новости!

И оваа недела може да сметате на големата поддршка од Меркур подготвен да ви подари убави изненадувања – среќата доаѓа и на работен и на емотивен план. Искористете ја оваа наклонетост на Меркур и без двоумење прифатете ги сите нови шанси кои ви ги дава. Среќен ден е понеделник, кога и Месечината ќе застане на ваша страна и ќе добиете потврда за некои значајни работи. Малку стрес се предвидува за викендот.

Близнаци – Тензии со партнерот

Оваа недела Месечината ќе биде во вашиот знак во деновите среда и четврток – тоа ќе бидат два супер дена во кои може да очекувате убави вести. За жал, Венера е неповолна за вашиот знак и ќе ја стави под знак прашање вашата врска. Внимавајте особено во деновите четврток и петок кога се предвидуваат големи кавги со партнерот. Воздржете се од драстични одлуки зашто подоцна може да се покаете.

Рак – Се подобро

Драги Ракчиња, оваа недела за вас ќе биде недела на големо обновување во која може да сметате на поддршката и од Меркур и од Венера. Најсреќни денови во неделата ќе бидат четврток и петок кога убавата Месечина ќе ви подари многу убави вести и изненадувања. На сентиментален план, планетата на љубовта ќе ви помогне да средите една комплицирана ситуација, а ќе бидат фаворизирани новите врски.

Лав – Каков стрес!

За жал и оваа недела ве очекуваат битки со неповолниот Меркур кој на сите полиња ви создава тензии, блокади и нервози, особено на работното место каде ситуацијата станува неиздржлива. Но не заборавајте дека Јупитер е на ваша страна, па така од сите неповолни ситуации ќе успевате да го извлечете најдоброто можно решение. Јупитер ќе остане да ве поддржува на подолг рок, па стрпете се, вашите денови допрва доаѓаат. Месечината, во знакот на чувствата и романтиката, ќе ви помогне да се релаксирате за време на викендот.

Девица – Проблеми во врската…

Венера е во опозиција и продолжува да ви внесува сомнежи – дали навистина е оваа вистинската личност за вас? Но искористете ги овие моменти на кризи да си поставите и други прашања, а подобро е да се повлечете и осамите, за да стигнете до вистинските одгвоори, отколку за се да го набедувате партнерот. Особено внимавајте на тензичните денови вторник и среда, кога кавгите ќе пламнуваат лесно. Подобри денови се четврток и петок.

Вага – Убава Месечина

Драги Вагички, уште една недела на обновување за вашиот знак – на работното место може да кажете „чао“ на критичните ситуации кои беа актуелни во последниов период, и конечно може да се релаксирате. Резултатите нема да бидат брзи, но ќе пристигнат! Поволни денови ќе бидат вторник и среда, кога може да сметате на поддршката од прекрасната Месечина. Внимавајте на деновите четврток и петок, на сентиментално поле, кога може да дојде до кавги меѓу партнерите.

Шкорпија – Сметајте на Венера

Вашата недела ќе почне лошо, со Месечина во опозиција, па понеделник ќе биде нервозен ден. Но не очајувајте, веќе од вторник ситуациите стануваат се подобри…За жал, Меркур е неповолен па ќе ви создава проблемчиња на работното место, а резултатите и одговорите кои ги очекувате ќе пристигнуваат со задоцнување. Не губете го трпението и вложете се во љубовта – Венера е поволна и ви подарува денови полни со страст и романтика.

Стрелец – Љубовни проблеми

Оваа недела ќе се соочите со неповолната Венера која ќе ви создава проблеми на секој чекор на емотивен план. Планетата на љубовта во овој период ќе ве прави нервозни и несигурни, а внимавајте особено во деновите вторник и среда, кога на Венера ќе и се приклучи и неповолната Месечина, носејќи ви разочарувања. Тензиите со партнерот ќе ексалираат – воздржете се од груби зборови! Викендот ќе биде порелаксиран и подобро ќе се чувствувате.

Јарец – Месечина во опозиција

Драги Јарци, работите не можат да бидат подобри за вашиот знак – Меркур е на ваша страна и ви носи многу интересни деловни контакти, додека Венера ќе и подари на вашата врска сила и страст. Внимавајте само на Месечината во опозиција во деновите четврток и петок, кога ќе пристгнат мигови на тензии и блокади на работното место. Но не грижете се, овие два дена ќе поминат, а планетите потоа повторно се на ваша страна.

Водолија – Проблеми во канцеларија

Меркур оваа недела е неповолен за вашиот знак и ќе ви креира нон-стоп проблеми на работното место, а и ќе ви ги влоши релациите со колегите и претпоставените. Ќе бидете во ситуација да се почувствувате измамени, па дури и да се прашате дали е ова вистинското работно место за вас. Тензиите малку ќе попуштат во деновите вторник и среда, кога ќе добиете некој пореален одговор. И на љубовно поле – проблеми и тензии со партнерот особено за викендот.

Риби – Љубов и среќа

Венера продолжува да блеска во вашиот знак, подарувајќи ви уште една недела во знакот на љубовта и страстите! Убави новости пристигнуваат за осамените Риби, додека оние кои се веќе во врска ги очекуваат одлуки за продлабочување на врската или за проширување на семејството. И на работно место очекувајте убави новости, особено во среќните денови – понеделник, четврток и петок. Малку нервозни денови се вторник и среда.

x

Check Also

Костими за капење од Calzedonia: Неонски нијанси, ефект на набори и копчиња како детали

Наборите, неонските нијанси, нов минимализам…тоа се трите главни модни адути во костимите ...