Неделен хороскоп (9. до 15. декември): Топ знаци на неделата – Стрелец, Бик и Лав

Оваа недела планетата Меркур влегува во знакот на Стрeлец, одлични вести ги чекаат Стрелците, како и родените во знакот на на Лав и на Овен, додека Девиците и Рибите ќе се соочат со уште некои пречки на нивниот пат … Откријте со нас што ви подготвија ѕвездите за оваа седмица.

Овен: Меркур е со вас!
Оваа недела можете да сметате на поддршката на планетата Меркур, подготвена да ви ги даде сите свои позитивни енергии: искористете ги особено на работното место за да остварите нови контакти и да отворите многу интересни деловни врати. Најповолни денови ќе бидат среда и четврток. Внимание, сепак, на сентименталниот фронт – неподобната Венера би можела да донесе уште поголема тензија со партнерот, особено во текот на викендот.

Бик: Одлична вест!

Одлична вест за вашиот знак! Почнувајќи од оваа недела, планетата Меркур повеќе нема да биде во опозиција: сите блокади и тешкотии што ве прогонуваа во последниот период, особено на работниот фронт, конечно ќе најдат решение и, благодарение на наклонетоста на планетата на среќата- Јупитер, наскоро ќе пристигнат првите позитивни резултати. Понеделник и вторник, исто така, може да сметате на супер-среќната Месечина во знакот.

Близнаци: Нови можности!

Меркур – вашата водечка планета – оваа недела ќе се врати да ви се насмевне: наскоро ќе можете да го вратите изгубениот терен, особено во работата. Среда и четврток се денови кога може да сметате и на убавата Месечина во знакот, ќе се појават нови можности кои би било добро да ги фатите во „лет“. На сентиментален план, ќе доминира неодлучноста. Оставете  ги настрана другите и посветете некое време на себе, релаксирајте се!

Рак: Не е лесно време…

Драги Ракчиња, во љубовта не е лесно време: барате рамнотежа што, за жал, приказната што ја доживувате не може да ви ја даде. Ова ве прави прилично нервозни и обесхрабрени. Лошото расположение најверојатно ќе ви ја одземе концентрацијата дури и на работното место. Искористете ги среќните денови петок и сабота, кога убавата Месечина ќе ве развесели со неочекувано изненадување.

Лав: Најлошото е зад вас!

Конечно оваа недела планетата Меркур се враќа да ви се насмевне! Најлошото сега е зад вас: прилично комплицираните ситуации со кои сте морале да се соочите на работа, со претпоставените и со колегите, сега ќе бидат решени најдобро што може и ќе имате можност да ги покажете своите лидерски вештини. Среда и четврток се среќни денови, полни со нови можности. Малку поуморени ќе бидете во понеделник и вторник, поради неповолниот Марс.

Девица: Романтичен викенд!

За жал, оваа недела планетата Меркур ќе ви го сврти грбот и може да наидете на некои потешкотии на работното место. Внимание особено во среда и четврток, кога може да има одредено одложување! Подобро ќе биде во петок и сабота, кога ќе можете да сметате на убавата среќна Месечина. Романтичен викенд, полн со страст, благодарение на поволната Венера.

Вага: Проблеми во љубовта

Драги Ваги, на сентиментален план продолжуваат да се појавуваат недоразбирања со партнерот, поради неповолната Венера која не покажува знаци на потиснување на тензиите. Внимание особено на нервозните денови петок и сабота! Сепак, подобро е на работниот фронт: Меркур – почнувајќи од 9-ти декември – се враќа на ваша страна и ви помага да склучите нови договори. Среќни денови: среда и четврток.

Шкорпија: Тежок старт 

Оваа недела започнува со два прилично тешки денови: Месечината во опозиција, в понеделник и вторник, прави да се чувствувате мрзеливи и со лошо расположение. Подобро ќе биде во останатите денови од неделата, кога убавата Венера ќе ви донесе многу среќа во љубовта! Петок и сабота особено ќе бидат супер-романтични денови. Марс во знакот продолжува да ве прави да се чувствувате полни со енергија!

Стрелец: Добредојде, Меркур!

Оваа недела планетата Меркур го напушта знакот на Шкорпија за да влезе во вашиот знак! Ова е многу поволен период, кој ќе ви носи добри вести, интересни состаноци и – воопшто – многу можности да создадете важни и трајни односи во наредните недели. В среда и четврток, малку внимавајте, имате лоша Месечина која може да ви донесе недоразбирања во љубовната врска.

Јарец: Еве ја љубовта!

Драги Јарци, Венера во знакот ви носи уште една супер-романтична недела, во која љубовта ќе ви биде приоритет. Ако штотуку започнавте врска, ќе видите дека таа веќе презема огромни чекори! Бидете внимателни, сепак, во петок и сабота, кога Месечината во опозиција може да донесе некое незадоволство , но ништо сериозно. Во денот недела веќе ќе ви се врати  изгубената ведрина.

Водолија: Напната недела

Конечно оваа недела планетата Меркур ќе престане да биде неповолна за вашиот знак и ќе застане на ваша страна! Работните тешкотии од последниот период ќе бидат само далечно минато. За жал, ќе чувствувате замор, поради неповолната позиција на Марс. Внимавајте на семејните односи – Месечината во опозиција може да создаде уште поголема тензија во семејството.

Риби: Венера мисли на вас!

За жал, оваа недела планетата Меркур ќе престане да биде поволна за вашиот знак: во следниот период може да наидете на некои потешкотии во меѓучовечките односи и да наидете на затворени врати. Но, не плашете се, љубовта ќе ве утеши! Венера продолжува со својот позитивен транзит, гарантирајќи за страсна и стабилна љубовна приказна.  Среќни денови: петок и сабота.

x

Check Also

Samsung Galaxy S10 и Note10: Телефони кои ја одбележаа 2019 година

Во растечката индустрија на паметни телефони, секој месец излегуваат нови модели, меѓутоа ...