Неделен хороскоп (9ти до 15ти март): Топ знаци на неделата – Јарец, Бик и Девица

Оваа недела планетата Венера е во знакот на Бик и ќе донесе уште поголема љубовна болка на кутрите Шкорпии, но и на Лавовите. А, вие, во кој знак сте родени? Откријте со нас што ѕвездите резервираа за вас оваа недела!

Овен: не губете трпеливост
Драги Овни, Меркур се врати да ве фаворизира: оваа недела некој конфликт што сте го доживеале во последниот период – дома или на работа – може да најде среќна разрешница. Се разбира, ќе има борба за докажување! Марс е во неповолна позиција, заедно со Месечината во опозиција во вторник и среда, па лесно ќе можете да ја изгубите трпеливоста. За среќа, викендот ќе биде помирен и ќе можете да закрепнете од стресовите и да внесете одредена ведрина во секојдневието.

Бик: вистински шармери
Драги Бикови, Венера во знакот ве прави вистински шармери! Тешко ќе биде некој да се спротивстави на вашиот шарм во овој период … Осамените нема да имаат потешкотии да направат нови врски, додека оние кои се веќе во пар нема да се плашат да направат планови за иднината. На работа, може да има одредено забавување или блокада заради неповолната позиција на Меркур. Деновите четврток и петок се особено нервозни, со лоша Месечина.

Близнаци: Меркур ви дава сила!
Драги Близнаци, интелигентната планета Меркур се врати и почна да работи во полза на вашиот знак: оваа недела ќе ја вкусите целата своја моќ, чувствувајќи се посилни и порешителни од кога било! Меркур ќе ви даде предност во меѓучовечките односи, помагајќи да направите нови сојузи или да добиете проект кој многу ви е драг!  Нервозен ќе биде викендот со Месечина во опозиција: дајте си момент за себе со убава масажа!

Рак: Венера се грижи за вас!
Драг Ракови, многу спротивставени планети веројатно ќе ве натераат да се чувствувате сè повеќе уморни и под притисок. За среќа, оваа недела може да сметате на поддршката од Венера, подготвена да ви донесе олеснување. Љубовта ќе ги осветли вашите денови, кои – и покрај секојдневните борби – секогаш ќе бидат полни со убави емоции. Среќни денови: четврток и петок. Потешки денови: вторник и среда.

Лав: неуспех
Драги Лавови, со опозиција на Меркур, постои ризик некои од вашите планови – оваа недела – да претрпат неуспех. Не грижете се премногу: тоа ќе бидат само привремени тешкотии што ќе можете да ги надминете со вашиот постојан и решителен став и труд. Венера е во неповолна позиција и ризикува да ги поттикне конфликтите помеѓу вас и вашиот партнер. Внимание особено на деновите четврток и петок, во кои Месечината исто така ќе биде неповолна.

Девица: Понеделник со Месечина во знакот!
Драги Девици, вашата недела започнува одлично, со прекрасна Месечина во знакот во понеделник, која ветува среќа и добро расположение. Венера се врати да ве расположи и во вашиот емотивен живот ќе донесе многу поволности : ако од неодамна сте во врска, вие и вашиот партнер ќе почувствувате дека разбирањето расте. Старите парови, кои можеби во последно време доживеале мала криза, ќе се чувствуваат посилни и пообединети од порано.

Вага: врската станува посилна!
Драги Ваги, по еден период проблематичен од сентиментална гледна точка, конечно ќе можете повторно да се чувствувате силни и сакани. Ако сте „сингл“, пред вас се интересни средби, особено во вторник и среда, кога ќе имате убава Месечина во знакот. Вторник и среда се исто така среќни денови и на работното место: поволна е планета Меркур и ви гарантира важни контакти и признанија.

Шкорпија: обрнете внимание на вашиот „мрачен“ дел!
Драги Шкорпии, со Венера во опозиција ќе биде лесно да се нагласи таа малку потемна страна од вас, па ќе изгледа дека си барате конфликт по секоја цена. Дискусиите со партнерот ќе станат неподносливи и стресни! Затоа, обидете се да се воздржите од создавање на нови проблеми, кога се уште не сте ги решиле старите, во спортивно ризикувате да си ја расипете (или прекинете) вашата врска. Четврток и петок ќе бидат два среќни денови благодарение на убавата Месечина во знакот.

Стрелец: изненадувања на патот!
Драги Стрелци, планетата Меркур оваа недела може да ви донесе некои добри вести. Се појавуваат интересни можности во врска со работата. Особено вторник и среда може да бидат денови полни со изненадувања! Сабота и недела, со Месечината во знакот, ќе бидат два дена полни со емоции, многу романтични.

Јарец: страст!
Драги Јарци, со планетата Венера во знакот на Бик страста светнува и за вас! Сега, дури и оваа планета се врати да ве поддржи. Ѕвездите ви носат само добри вести и големи успеси: вие сте главен протагонист на Зодијакот оваа година и во наредните недели ќе го сфатите тоа сами. Во меѓувреме, уживајте во среќните денови – понеделник, четврток и петок. Сепак, малку пад на расположението ќе има во вторник и среда.

Водолија: одлична вест!
Драги Водолии, Меркур во знакот ви носи одлична вест: може да прифатите нова работа или да имате состанок кој ќе ви го промени животот … секако ќе има многу емоции, особено во вторник и среда и за викендот! Бидете внимателни, сепак, на полето на чувствата: Венера е во неповолна позиција и може да ве доведе сериозно да се сомневате во врската што ја имате.

Риби: среќа во љубовта!
Драги Риби, вашата недела започнува со нервозен ден, понеделник, во кој Месечината во опозиција ќе ви даде малку лошо расположение … Не грижете се: почнувајќи од вторник ќе биде сосема друга приказна! Поволната Венера ве уверува во среќа во љубовта. Ако неодамна сте затвориле важна приказна, конечно ќе се чувствувате емоционално силни да започнете одново и да верувате во љубовта. Среќни денови: четврток и петок.

x

Check Also

Почнува продажбата на Huawei P40 Pro и на македонскиот пазар во пакет со Huawei Watch GT 2, 50 GB меморија на Cloud и Huawei VIP Service

Предводникот на серијата P40 – Huawei P40 Pro, објавен вчера на глобалниот ...