Неделен хороскоп (9ти до 15ти септември): Топ знаци на неделата – Вага, Шкорпија и Водолија

Оваа седмица планетата на љубовта го нашушта знакот Девица и влегува во знакот Вага – убави вести за Вагите и за сите воздушни знаци, но и за огнените знаци. А вие, во кој зна сте родени? Прочитајте го неделниот хороскоп.

Овен – Венера во опозиција

За жал, ѕвездите немаат убави вести за вас оваа седмица, што се однесува до емотивниот план. Венера влегува во опозиција со вашиот знак од сабота. Во следниот период може да ве очекуваат сентиментални кризи. Добри вести пак, се на деловен план, особено во деновите вторник и среда, кога и убавата Месечина е на ваша страна.

Бик – Добри вести

Добри вести за вашиот знак. Почнувајќи од среда, планетата Меркур ќе престане да ви создава проблеми на работното место – Сите проблеми на работа кои ги имавте во последниов период, ќе се решат. Многу убави новости треба да пристигнат до крајот на неделата, можеби, унапредување или подобра финансиска состојба. Во љубовта пак, може да сметате на убавата Венера која е на ваша страна.

Близнаци – Венера ви се насмевнува!

Оваа седмица Венера конечно ќе престане да ви создава проблеми на сентименатлен план. Почнувајќи од сабота, всушност, тензиите со партнерот ќе бидат надминати. Но на работен план нема да биде се така добро, од среда, би можеле да се соочите со проблеми во деловните односи и задоцнување на реализација на проектите.

Рак – Моменти на криза

За жал, оваа седмица, Венера нема да биде веќе со вас. Планетата на љубовта, почнувајќи од сабота, ќе заземе негативна положба за вашиот знак најавувајќи ви период на емотивни кризи. На работен план, пак, очекувајте убави вести, особено во четврток и во петок, два суперсреќни дена. Внимавајте на денот понеделник, поради лошата Месечина, може да бидете полни со нервоза.

Лав – Довидување Меркур

Оваа недела планетата Меркур ќе го напушти вашиот знак за да влезе во Девица. Затоа, подгответе се дека следниот период нема да биде толку успешен како претходниот – ќе имате помалку можности и успеси на деловен план. Но не грижете се, многу набргу повторно ќе триумфирате! Од сабота може да сметате на поддршката од Венера која ќе ви отвори нови љубовни приказни.

Девица – Добредојде Меркур

Оваа седмица ќе биде во знакот на влезот на Меркур во вашот знак. Почнувајќи од утре, може да бидете сигурни дека на деловен план се ќе ви оди од рака. Меркур ќе ви донесе многу нови можности и подобрување на финансиската ситуација. Малку потешки денови на сентиментален план се четврток и петок, кога Венера ќе ви создава пречки. Сепак, и на полето на чувствата, убави вести се зад аголот.

Вага – Добредојде Венера

Оваа седмица, поточно, во сабота, Венера ќе биде во конјкукција со вашиот знак. Тоа значи дека пред вас е период на голема среќа во љубовта! Стабилните парови веројатно ќе се одлучат за чекор напред…Внимавајте само на денот недела, кога лоша Месечина во опозиција може да ве направи многу нервозни.

Шкорпија – Денови за паметење

Драги Шкорпии, конечно оваа недела Меркур ќе престане да ви создава нервози на работен план. Од вторник може да очекувате подобрување на деловната атмосфера и започнување на брзо реализирање на проектите, особено на оние кои доцнат. Убави вести ќе пристигнат во централниот дел на неделата. Во љубовта пак, очекувајте незаборавни денови – петок и сабота!

Стрелец – Се враќа спокојството

Оваа седмица конечно ќе се стави крај на вашите љубовни болки. Од сабота, Венера веќе нема да биде во опозиција и планетата на љубовта ќе почне да ви помага. Набрзо ќе си го најдете спокојството и разбирањето со саканото лице…На работа пак, може да се појават потешкотии, а особено внимавајте во четврток и петок.

Јарец – Проблеми во врската

За жал, Венера, планетата на љубовта, ќе престане да ве поддржува. Во следните недели би можеле да се соочите со тешкотии на емотивен план – ако сте во врска, можни се кавги со партнерот кои лесно нема да се надминуваат. На работен план пак, доаѓаат убави новости, почнувајќи од среда, а благодарение на позитивниот Меркур.

Водолија – Се подобро

Драги Водолии, конечно оваа седмица ѕвездите ќе ви се насмевнат. Од вторник, Меркур нема веќе да биде во опозиција со вашиот знак, што значи ќе ви донесе добри комуникации и на деловен и на семеен план. Вторник и среда ќе бидат два позитивни дена за вас, благодарение на Месечината во конјукција. Венера пак, многу е поволна особено во сабота кога ќе ви донесе голема среќа во љубовта.

Риби – Една добра и една лоша вест

Оваа седмица ве очекува една добра и една лоша вест. Лошата е што, од утре, планетата Меркур ќе влезе во опозиција со вашиот нак, најавувајќи пречки на работното место и одолжување на проектите. Добрата вест е, за компензација, што планетата Венера, од сабота, нема веќе да биде во опозиција, што значи дека конечно ќе го најдете спокојството на емотивен план, кое толку ви недостигаше во последниот период.

x

Check Also

Први тротинети и велосипеди за најактивните корисници на апликацијата HalkEco  

  Апликацијата HalkEco на Халкбанк  со која се стимулира пешачењето, трчањето, возењето ...