Неделен хороскоп (од 14ти до 20ти јануари): Топ знаци на неделата – Шкорпија, Стрелец и Лав

Оваа недела Меркур ќе ги дарува сите земјени знаци, носејќи им успеси на работен план и можности кои треба да се фатат во лет! Проблеми пак, ќе имаат кутрите Ракчиња и Вагички…Во љубовта продолжуваат да бидат главни протагонисти Стрелците. А вие, во кој знак сте родени? Прочитајте го неделниот хороскоп за периодот од 14ти до 20ти јануари 2019.

Овен – Среќен почеток

Драги Овни, вашата недела ќе започне со супер-среќен понеделник, во кој Месечината ќе блеска во вашиот знак! Емоции секако нема да недостигаат – Венера е многу поволна и ќе ви подари бројни средби, додека оние кои се во врска ќе уживаат во нежни моменти со партнерот. Некое проблемче би требало да се појави на работното место, бидејќи Меркур е во неповолна позиција за вашиот знак. Сметајте на помирните денови четврток и петок.

Бик – Убави вести!

Оваа недела на вашиот знак ќе му донесе добри вести на работен план – Меркур конечно е на ваша страна и ќе ви помогне да ги решите сите блокирања од претходниот период. Интересни средби и нови можности се на повидок на љубовен план, особено во деновите на среќна Месечина, вторник и среда. Убав е и крајот на неделата, посветен на релаксирање.
Близнаци – Љубовни проблемчиња
Со Венера во опозиција не можете да се опуштите на емотивен план – вашиот сентиментален живот во овој период ќе биде вистински земјотрес! Обидете се да не ги избегнувате мирните дискусии и размислувајте со ладна глава. Вие точно знаете што сакате и токму затоа може да биде тешко во овие моменти, да направите компромис со партнерот. Сметајте на деновите четврток и петок кој се среќни за дискусии кога убавата Месечина ќе застане на ваша страна.
Рак – Не носете важни одлуки!
За жал, драги Ракчиња, со Меркур во опозиција нема шеги на работен план – ако очекувате пресврт во вашиот живот, особено на работното место, оваа позиција на Меркур уште повеќе ќе ве допре. Не е добар момент за промени, уште повеќе што и Сатурн е во опозиција – затоа не носете никакви важни одлуки. Сконцентрирајте се на убавите работи кои веќе ги имате, а не се малку! Сабота и недела ќе бидат два суперсреќни дена во кои Месечината ќе ви подари убави изненадувања.
Лав – Каква прекрасна Месечина!
Драги Лавчиња, вашата недела ќе започне „на големо“ со прекрасна Месечина и поволна Венера на ваша страна! Љубовта ќе биде вистински протагонист во вашиот живот – паровите кои во последниот период имале проблеми, брзо и лесно ќе ги надминат и ќе уживаат во романтични моменти, додека осамените Лавови ќе имаат можности за интересни средби. Најсреќни денови во неделата се понеделник, четврток и петок. Денови „не“ се вторник и среда.
Девица – Подеми и падови
Љубовта во овој период нема да ве остави спокојни, и оваа недела ќе живеете со подеми и падови. Најсреќни денови ќе бидат вторник и среда, додека од четврток до сабота нема да недостигаат дискусии, но и вознемиреност. За среќа, одлично ќе ви оди на работен план каде ќе ве пресретнат убави изненадувања – Меркур гарантира средби и интересни искуства, особено во првиот дел од неделата.
Вага – Месечина во опозиција…
Драги Вагички, вашата недела за жал ќе почне со неповолна Месечина која ќе ви донесе нервозни моменти и незадоволство. На работен план, исто така работите нема да тргнат во насока која ја посакувате, бидејќи Меркур е неповолен, и ќе ви донесе блокади, доцнења па и разочарувања. За среќа, поволна е Венера која особено во вториот дел од неделата ќе ви подари утеха преку убавите емоции, а два неверојатни дена од аспект на сентименталниот живот ќе бидат четврток и петок.
Шкорпија – Нови можности!
Новата година започна „на големо“ за вашиот знак, со прекрасен Меркур подготвен да ви подари нови можности и убави изненадувања. Вторник и среда ќе бидат два дена кога Месечината ќе биде во опозиција па ќе почувствувате пад на расположението и замор. Но немате причина за загриженост. Ѕвездите се на ваша страна и подготвени се да ги реализираат вашите соништа! Викендот ќе биде супер-среќен и секако многу романтичен.

Стрелец – Да живее љубовта!

Драги Стрелци, љубовта ќе биде голем и главен протагонист во вашиот живот оваа недела – тоа ќе биде недела во која Венера постојано ќе ве наросува со страст! Осамените Стрелци ги чекаат нови важни средби, додека паровите ќе најдат нови начини за заедно да се забавуваат и да ги надминат рутините. Неповолни денови се само четврток и петок, кога Месечината во опозиција може да ви донесе некој немир или нервоза.

Јарец – Меркур во знакот!

Меркур конечно влегува во вашиот знак – а тоа значи многу можности и успеси на работно поле. Оваа планета ќе ви донесе стабилни резултати, зацврстување на работната позиција, а многу Јарци ќе добијат и унапредување. Внимавајте само да не се изложувате премногу на обврски и стрес, зашто Марс ви носи замор, особено на крајот на неделата. Сабота и недела Месечината ќе биде во опозиција и ќе ве направи многу нервозни. Внимавајте за викендот да не влезете во кавги со саканите лица.

Водолија – Големи задоволства!

Драги Водолии, во неделата пред вас ви доаѓаат големи задоволства на емотивен план – подготвени сте за големи изненадувања? За вас љубовта ќе значи нов стимул и многу авантура. А партнерот ќе биде подготвен да ви го овозможи се тоа, доколку сте сами – тој/таа ве очекува зад аголот! Супер среќни денови во неделата ќе бидат понеделник, четврток и петок. Внимавајте на деновите вторник и среда кои ќе бидат нервозни поради лошата поставеност на Месечината.

Риби – Неповолна Венера

Љубовта ќе ве загрижува во претстојниот период. Уште еднаш ќе се запрашате – зошто токму вас ова ви се случува и зошто толку многу ве допира?! Затоа што сте едни од најчувствителните знаци во зодијакот и затоа што премногу се си земате при срце. Можеби сега е вистинско време на прво место да ги ставите вашите интереси и вие самите. Најсреќни денови во неделата ќе бидат вторник и среда. Внимавајте на четврток и петок кои се тензични денови.

x

Check Also

Huawei го воведува новиот ARM процесор со ултра-високи перформанси со што ја доведува глобалната компјутерска моќ на повисоко ниво

Huawei го објави највисокиот процесор во индустријата базиран на архитектурата на Advanced ...