Неделен хороскоп (од 15ти до 21ви октомври): Топ знаци на неделата – Јарец и Шкорпија

Оваа недела Биковите ќе мора да се соочат со опозицијата на Венера и Меркур. Месечината ќе гарантира среќа за Водолиите, додека Лавовите нема да ја имаат нејзината поддршка. Љубовни денови ги очекуваат Рибите и Шкорпиите. А вие, во кој знак сте родени? Проверете што ви подготвија ѕвездите за оваа недела, од 15ти до 21ви октомври.

Овен – нервозен почеток

За Овновите оваа недела нема да почне прекрасно, деновите понеделник и вторник се во знакот на опозицијата на Месечината што ќе донесе многу нервози. Ќе се чувствувате уморни и нерасположени. Но до крајот на неделата, ситуацијата се подобрува, а особено позитивни се четврток и петок, кога може да очекувате убави вести, но и силни емоции. Во љубовта, ќе уживате со партнерот за време на викендот, а ако сте сами – на повидок се интересни средби.

Бик- тешка недела

Драги Бикчиња, целиот месец октомври за вас нема да биде лесен. А оваа недела, проблемите ви доаѓаат од опозициите на Меркур и на Венера кои ќе ви создадат љубовни проблеми, но и пречки на работното место. Најтешки денови се четврток и петок, кога ќе треба да се изборите дури и со неповолната Месечина, која пак ќе ве прави константно нервозни. Подобри денови – сабота и недела, затоа искористете ги за одмор.

Близнаци – каква досада!

Драги Близнаци, оваа недела навистина ќе ви биде многу здодевно. Особено од понеделник до среда, кога ќе ви недостига енергија за да ги избуткате започнатите работи на работното место. А знаеме, вашиот знак не може да ја поднесе монотонијата! Во четврток и петок, сепак, ќе ја имате убавата Месечина на ваша страна, додека викендот ќе биде прилично тензичен, па одбегнувајте да влегувате во љубовни дискусии.

Рак – Месечина во опозиција

Не влегувајте во дискусија од понеделник до среда, за да не се каете подоцна. Нервозата ќе ви биде предизвикана од Месечината која е неповолна и која најмногу ќе се одрази во емотивните врски. Кон крајот на неделата ситуацијата се подобрува, а одлични денови се сабота и недела, во кои лесно се ќе ви оди од рака. Венера ќе застане на ваша страна и ќе ви подари спокојност, додека Меркур ќе ги фаворизира работните обврски и ќе ви отвори нови можности.

Лав – Кавги на повидок

Драги Лавчиња, пред вас не е една убава недела, за жал, Меркур не е поволен и ќе ви создава пречки на работното место, но исто така ќе ви ги отежнува социјалните релации. Не е вистински момент за дискусии и за преземање на нови чекори. Дури и на сентиментален план лесно би можеле да создавате кавги, па затоа воздржувајте се! Најлоши денови, со Месечина неповолна, се среда, четврток и петок. Викендот ќе биде поспокоен.

Девица – Прекрасна недела

Пред вас е една убава недела, мирна и во која нема да недостигаат убави вести, особено во суперсреќните денови вторник и среда. Меркур ќе ви помогне да се истакнете на работното место и да ги надминете сите проблеми од изминатиот период. Искористете го поволното небо за да ги истуркате важните проекти! И Венера ќе застане на ваша страна и ќе ви донесе спокојност и разбирање во емотивниот живот. Внимавајте само на викендот (сабота и недела) кога нервозната Месечина ќе ви донесе вознемиреност.

Вага – Се ќе се реши!

Пред вас, драги Ваги, е една мирна и пријатна недела, без големи очекувања. Најпозитивни денови ќе бидат среда, четврток и петок, кога Месечината е прекрасна и ќе застане на ваша страна, носејќи ви силни емоции и пријатни моменти со партнерот. Понервозен ден ќе биде вторник, кога работите нема да се одвиваат според вашите очекувања, особено на работното место. Но, не грижете се, се ќе се реши на добро.

Шкорпија – Супер недела

Сите ѕвезди оваа недела ќе бидат на ваша страна и ќе добивате голема поддршка на секое поле. Во вашиот знак ќе блескаат и Венера и Меркур, па нема да ви недостигаат убави можности и нови отворени врати на сите фронтови. Пред осамените Шкорпии на повидок се интересни средби, додека оние кои се веќе во врска ќе имаат можност да ја стабилизираат и да уживаат прекрасни мигови со партнерот. Супер денови – сабота и недела.

Стрелец – Преиспитување

Драги Стрелци, дојде време да ги преиспитате вашите реакции и потези кои ги правевте во изминатиот период. Некои од вас, ќе донесат значајни одлуки, на полето на работата или пак, ќе посакаат на емотивен план да започнат нешто ново. Време е со старите работи кои ви пречат да расчистите или да им ставите крај. Доколку пак, сакате да си ја сочувате врската, одложете ги дискусиите за следната недела. Викендот е прилично тензичен.

Јарец – Романтика и среќа

За вас, Јарци, оваа недела сите ѕвезди најубаво ќе светат! Почетокот на неделата е прекрасен со убава Месечина на ваша страна, а особено среќни се вторник и среда кога може да добиете некој значаен одговор кој долго го чекате или некоја преубава вест. Љубовта продолжува да ви цути, ако сте во врска можно е да донесете големи одлуки, а ако сте сами – вратите за нови средби ви се широко отворени. Искористете го овој убав период и излезете од дома!

Водолија – Месечината е со вас!

Октомври не е посебен месец за вас, драги Водолии. За жал, и Венера и Меркур веќе ви го свртија грбот, но може да се надевате само на добрината од Месечината, која ќе ве награди со позитивни денови, особено на љубовно поле, – среда, четврток и петок. Во петок очекувајте убави вести, а доколку сакате да остварите диалог со партнерот, петок навечер е вистинскиот момент! Но на работно поле нема да биде толку добро, па затоа воздржете се од дискусии со претпоставените и колегите.

Риби – супер викенд!

Драги Рипчиња, повторно љубовта е главен протагонист во вашиот живот и оваа недела. Венера е на ваша страна и ќе ви донесе силни емоции. Осамените Риби ќе имаат отворени врати за нови љубовни романси. Најсреќен е викендот кога многу пријатни изненадувања последователно ќе ве пресретнуваат! Искористете ја саботата и неделата за храбри потези, зашто се ќе ви оди од рака!

x

Check Also

Неделен хороскоп (12ти-18ти ноември): Топ знаци на неделата Водолија и Лав

Оваа недела планетата Марс го напушта знакот на Водолија и влегува во ...