Неделен хороскоп (од 1ви до 7ми јули): Топ знаци на неделата – Рак и Лав

Оваа недела планетата Венера влегува во знакот Рак, носејќи многу среќа во љубовта за Раковите и за сите водни знаци. Меркур пак, влегува во Лав, носејќи големи деловни можности за Лавовите. А вие, во кој знак сте родени? Прочитајте го неделниот хороскоп за периодот од 1ви до 7ми јули.

Овен – Тешка недела

Оваа недела планетата Венера ви го врти грбот, почнувајќи од среда веќе не може да сметате на поддршка на полето на чувствата. Очекувајте тензии меѓу вас и партнерот, а осамените Овни ќе ја увидат грешната слика за идеализираното лице. И на деловен план се работи за недела полна со пречки и потешкотии, особено во вторник и среда. Подобро е да заминете на годишен одмор…

Бик – Многу страст

Почнувајќи од среда, Венера ќе застане повторно на ваша страна носејќи ви убави мигови на емотивен план. На работа, Меркур е на ваша страна, па затоа се што ќе посакате успешно ќе реализирате, но до сабота. После сабота нема да биде се толку лесно…Осамените Бикови нека ги искористат овие денови за излегување со друштво, зошто љубовта е зад аголот.

Близнаци – Со поддршка од ѕвездите

Венера останува во вашиот знак до среда, а потоа влегува во знакот на Рак. Затоа искористете го периодот до среда за да профитирате на емотивен план – довршете ги разговорите со партнерот зашто сега ја имате поддршката. Ѕвездите уште оваа недела ќе бидат на ваша страна и ќе ви помагаат да добиете се што сакате. Вторник е особено среќен ден, благодарение на прекрасната Месечина.

Рак – Ѕвезди на зодијакот

Драги Ракови, ова е ваш период, вие сте ѕвезди на небото. Планетата на љубовта влегува во вашиот знак, подготвена да ви донесе многу убави емоции почнувајќи од среда. Осамените нека се подготват за нова, интересна врска. Меркур пак, е во конјукција се до сабота, па ќе ви отвори нови деловни можности и се, на работното место, ќе оди како подмачкано.

Лав – Добредојде Меркур

Оваа недела планетата Меркур влегува во вашиот знак заедно со Марс – почнувајќи од сабота, почнува за вас период на големи деловни успеси! И деновите четврток и петок ќе бидат полни со среќни можности, благодарение на прекрасната Месечина во конјукција која треба да ви донесе убаво изненадување и романтични моменти.

Девица – Релаксиран викенд

Конечно оваа недела планетата Венера се враќа да ви се насмевне – после еден тежок период што се однесува до сентименталниот живот, следуваат убави денови…Почнувајќи од среда спокојството ќе ви се врати, без разлика дали сте во врска или сами. Сабота и недела ќе бидат два дена многу релаксирачки, но и многу среќни, благодарение на прекрасната Месечина во конјукција.

Вага – Тврдоглава Венера

За жал, оваа недела ќе мора да се соочите со каприциозната Венера – планетата на љубовта, почнувајќи од среда, ќе ви го заврти грбот и ќе создава тензии меѓу вас и саканото лице. На работа пак, сметајте на среќните денови четврток и петок, кога убавата Месечина ќе ви ги отвора вратите на успехот, а ќе добиете и некоја сатисфакција. Почнувајќи од сабота па натаму, Меркур нема веќе да ви дава поддршка, па се ќе оди потешко на деловен план.

Шкорпија – Се што ви треба е љубов!

Подготвени сте за да се вљубите? Оваа недела Венера ќе ви донесе се што ќе посакате на љубовен план, потребно е само да си замислите желба…Почнувајќи од среда, за осамените Шкорпии нема да недостигаат шанси да запознаат интересни лица. На работа пак, најсреќни денови ќе бидат вторник и среда, а стресен ден ќе биде четврток.

Стрелец – Се враќа мирот

Конечно оваа недела ќе се ослободите од опозицијата на Венера која до сега ви креираше проблеми на емотивен план. Почнувајќи од среда, ќе можете се да оставите зад себе и да стартувате нова страница од животната книга. Нова „лав стори“? Да, на повидок е, стрпете се само уште малку…На работа пак, доаѓа период на големи успеси, почнувајќи од сабота.

Јарец – Професионални успеси

Од една страна, ова е недела полна со професионални успеси, а од друга страна – полна со љубовни маки. Всушност, за вас, цел месец јули ќе биде во знакот на љубовните проблеми, додека на работа ќе бидете успешни. Затоа, подобро е извесен период да заборавите на љубовта и да ги стишите страстите, а да се посветите до максимум на деловен план.

Водолија – Не губете време!

Оваа недела, за жал, Меркур нема веќе да биде со вас, влегувајќи во опозиција ќе ви создаде бројни проблеми на работното место, почнувајќи од сабота. И релациите во семејството и меѓу партнерот ќе станат тензични…ако сакате да довршите некој започнат проект, не губете време, направете го тоа овие денови. На полето на чувствата пак, посреќен ќе биде првиот дел од неделата…

Риби – Се враќа насмевката

Драги Рипчиња, оваа недела конечно планетата Венера ќе застане на ваша страна! Тоа значи дека љубовта, после подолг период на потешкотии, повторно ќе почне да ви цвета – со партнерот ќе најдете разбирање, а осамените Риби ќе сретнат интересно лице…На работа, сметајте на среќните денови вторник и среда, кога прекрасната Месечина ќе ви помогне да ги реализирате проектите. Нервозен ден – недела.

x

Check Also

Неделен хороскоп (18. до 24.ноември): Топ знаци на неделата – Шкорпија, Вага и Стрелец

Оваа седмица и планетата Марс е во знакот на Шкорпија. Раковите, Овните ...