Неделен хороскоп (од 2. до 8.август): Жешка недела за Раковите, љубовни маки за Рибите, многу енергија за Лавовите и Јарците!

Оваа недела планетата Венера е во знакот на Девица и ќе им донесе уште малку љубовни маки на Рибите, ама не само на нив… А вие, во кој знак сте родени? Откријте со нас што ви подготвуваат sвездите оваа недела!

Овен: интересна недела 
Драги Овни, вашата ќе биде интересна, особено во однос на работата или, генерално, на состаноците. Меркур е во поволна позиција, а прекрасна Месечина ќе свети за вас во понеделник, вторник и среда и ќе ви помогне да се постигне мала, но голема победа. Внимание, сепак, на страната на чувствата: нервозната Месечина може да создаде тензии помеѓу вас и вашиот партнер во четврток и петок.

Бик: Да живее љубовта!
Венера во поволна положба е подготвена да ви даде големо задоволство во сентименталната сфера. Љубовта ќе биде вистинската sвезда на оваа недела, која ќе ви пружи особено романтични денови, особено – четврток и петок. Од друга страна, во сабота и недела, Месечината е во неповолна положба и може да создаде назадување на деловен план. Некои грижи за работата ќе се појават на самиот крај на неделета.

Близнаци: со Месечината во знакот!
Драги Близнаци, вашата недела започнува одлично, со три месечеви денови: понеделник, вторник и среда ќе бидат многу среќни денови за вас! Добрата вест може да дојде пред се во областа на работата, исто така фаворизирана од прекрасниот Меркур во одлична позиција … Меѓутоа, сепак, покомплицирано, ќе биде во однос на чувствата: дисонантната Венера може да генерира уште еден конфликт со партнерот.

Рак: жежок почеток на август!
Уште една недела на голема сила и енергија за вашиот знак, во која ќе може да сметате на прекрасниот аспект на Венера и Марс, подготвени да ви дадат многу љубов и многу страст! За вашиот знак се очекува многу жежок почеток на август и, ако сте слободни, нема да недостасуваат вистинските средби… Во четврток и петок, згора на тоа, можете да сметате и на супер-среќната Месечина која ќе ви донесе убави зборови и романтика.

Лав: вистински воин!
Сонцето сјае во вашиот знак, а и планетата Меркур: небото е подготвено да ве фаворизира, и покрај противењето на Сатурн што не ви го олеснува животот… Како вистински воин, сепак , ќе можете да ја надминете секоја пречка! Во овој период ќе бидете фаворизирани особено на професионално поле, но ќе има и возбудливи и страсни моменти, како оние што ќе ги доживеете благодарение на Месечината во сабота и недела.

Девица: возбудливи денови!
Драги Девици, продолжува период на големо богатство за вас што се однесува до чувствата. Венера – многу поволна, заедно со планетата Марс делуваат во ваша корист: ова ќе биде недела полна со страст! Дури и паровите кои се заедно веќе некое време повторно ќе го откријат задоволството да поминуваат време заедно и во интимност… Искористете ги до максимум деновите четврток и петок, кои ќе бидат особено возбудливи.

Вага: одлично!
Вашата недела ќе биде интересна, особено во врска со состаноците и меѓучовечките односи: ако сте на работа, Меркур би можел да фаворизира нови сојузи или можности, додека – ако сте на одмор – можеби ќе апознаете некој посебен. Најсреќни денови ќе бидат понеделник, вторник и среда, додека во четврток и петок нервозната Месечина може да ви донесе уште некоја дискусија со саканите.

Шкорпија: со наклонетост на Венера!
Оваа недела треба да ги оставите работните грижи настрана и да се фокусирате на љубовта и на оние околу вас: за жал Меркур во неповолна положба не ги олеснува работите во канцеларија, додека можете да сметате на прекрасната Венера која ќе ви донесе големо задоволство во областа на чувствата. Тензични денови: сабота и недела. Денови „да“: четврток и петок.

Стрелец: Месечина во опозиција
За жал вашата недела се отвора со три прилично тешки денови, со Месечина во опозиција: помеѓу понеделник, вторник и среда може да се чувствувате под стрес многу повеќе од вообичаено. Подобро да се „обложите“ во деновите кои следуваат –  сабота и недела, кога Месечината ќе се активира во ваша корист. Чувствата ќе ви предизвикаат многу мисли, затоа внимавајте да не дејствувате премногу импулсивно!

Јарец: обновување на енергијата!
Оваа прва недела од август ветува дека ќе биде севкупно позитивна за вашиот знак, кој ќе може да смета на убавата Венера и конечно на поволен Марс, подготвен да ви помогне да закрепнете и да добиете малку повеќе енергија. Внимавајте, сепак, на спротивената Месечина во четврток и петок, што може да направи да се чувствувате доста нервозни и да ве натера да гледате се подраматично отколку што е …

Водолија: Месечината се грижи за вас!
Драги Водолии, дури и ако конечно планетата Венера веќе не е во опозиција и – во смисла на чувствата – постепено добивате одредена ведрина, ќе мора да се справите со спротивставените Сонце и Меркур, што може да ви донесат одредено одложување или забавување на полето на работа или, ако сте на одмор,може да остварите непријатни средби… Обложете се во среќните месечеви денови – понеделник, вторник и среда.

Риби: љубовни проблеми
Драги Риби, за жал оваа недела повторно ќе треба да се справите со двојната спротивставеност на Венера и Марс, што ќе донесе проблеми во вашиот живот во пар, нагласувајќи ги тензиите, и ќе ве натера да се расправате повеќе од кога било! Понеделник, вторник и среда особено ќе бидат доста тешки денови, а подобро ќе биде во четврток и петок, кога ќе имате прекрасна активна Месечина на ваша страна.  Лесно е да се каже, но обидете се да се опуштите колку што можете повеќе и да посветите време само на себе.

x

Check Also

Иновативниот уред IQOS отсега достапен и во Битола

Во Битола, во центарот на градот во продажниот објект Парфимерија Шатци е ...