Неделен хороскоп (од 20. до 26.јануари): Топ знаци на неделата -Риби, Водолија и Јарец

Оваа недела планетата Меркур e во знакoт на Водолија и им носи добри вести на сите воздушни знаци.  Уште неколку потешкотии ќе имаат кутрите Лавови…А вие, во кој знак сте родени? прочитајте што ви подготвија ѕвездите за периодот од 20. до 26.јануари 2020.

Овен: среќни денови!
Драги Овни, ви доаѓа недела на голема сила: поволната планета Меркур носи многу интересни можности,  додека Марс ви дава енергија која ви е потребна за да ги зграбите во лет сите прилики, и не дозволувајте да избегаат! Понеделник и вторник ќе бидат навистина среќни денови, со убава Месечина на ваша страна. Од друга страна, деновите среда и четврток се малку нервозни. Венера ви дава викенд полн со страст!

Бик: убави чувства!
Чувствата ќе бидат фаворизирани оваа недела, благодарение на една убава Венера подготвена да ѝ даде на вашата врска сила и разбирање. Внимание, сепак, на работниот фронт: нешто може да не оди точно како што очекувавте. Меркур во неповолна позиција ризикува да создаде контрасти во канцеларијата. Во петок, сабота и недела може да се чувствувате малку  нерасположени заради нервозната Месечина.

Близнаци: тежок старт 
Драги Близнаци, вашата недела започнува со два прилично тешки денови: понеделник и вторник, со опозиција на Марс, но исто така, и на Месечината. Многу е веројатно дека може да се чувствувате уморни – физички и психички. Покрај тоа, неповолната Венера ризикува да создаде тензии дури и во сентименталната сфера. За среќа, Меркур размислува да ви даде среќна средба!

Рак: Месечина во опозиција
Конечно планетата Меркур веќе не е во опозиција: оваа недела ќе можете да „соблечете“ дел од наталожената тежина. Поволната Венера ви дава поддршка од посебна личност: ставете ја настрана гордоста и дајте си можност да станете блиски! Среда и четврток се понервозни денови: Месечината во опозиција веројатно ќе ве натера да пуштите солзи за ситница, како вистинска драма-кралица!

Лав: проблеми во канцеларија
Меркур во опозиција започнува да прави проблеми: може да се појават недоразбирања во комуникацијата со газдите и колегите во канцеларија. Не грижи се: Марс е во ваша полза, подготвен да ви ја даде целата сила што ви е потребна за да не се срушите! Викендот ќе биде особено нервозен поради Месечината во опозиција, што ризикува да доведе до конфликти дури и со партнерот.

Девица: проблеми со љубовта
Опозицијата на Венера продолжува да се чувствува: дури и оваа недела, за жал, ќе мора да се справите со оваа планета, што секако не ја олеснува комуникацијата со партнерот. Во љубовта, најверојатно ќе се појават сите оние конфликти за кои во последниот период направивте сè да ги игнорирате. Особено понеделник и вторник ќе бидат тешки денови.Сепак, подобро е од среда и четврток.

Вага: задоволства наскоро!
Оваа недела сигурно ќе има задоволства за вашиот знак! Поволната планета Меркур е подготвена да ви донесе многу ентузијазам и нови стимулативни ситуации во кои ќе се чувствувате 100% задоволни! Понеделник и вторник ќе бидат два особено среќни денови, бакнати од спокојството на Месечината. Во среда и четврток, сепак, може да се појават мали тензии.

Шкорпија: среќна Месечина!
И оваа недела можете да сметате на поддршката на Венера. Планетата на љубовта е подготвена да ви донесе многу емоции, без разлика дали сте сингл или во двојка. За жал, ситуацијата на работа е помалку среќна: неповолната планета Меркур ризикува да создаде одредено одложување или блокирање во работата. Обрнете особено внимание на деновите понеделник и вторник. Во среда и четврток, сепак, убава среќна Месечина ќе дојде да ве спаси!

Стрелец: тензии со партнерот 
Вашата недела започнува со два навистина среќни денови, со Месечината во знакот! Добрата вест може да пристигне на работното место. Сепак, на сентиментален фронт, неповолната Венера ризикува да создаде дополнителна тензија со партнерот. Искористете го викендот да поминете некое време заедно со партнерот, и доколку има љубов, ќе можете да надминете билокаков конфликт. Марс е во знакот и ви дава толку многу енергија!

Јарец: нова патека 
Продолжува суперсреќниот јануари за вашиот знак. Зачекоривте на нова патека во вашиот живот и ги имате со вас – како и на небото – сите потребни карти за да го постигнете посакуваниот успех! Дури и на сентименталното поле ќе има убави изненадувања: Венера работи во ваша полза и ги засилува долгогодишните приказни, а на осамените им дава можност да започнат врски кои ќе траат.

Водолија: поволни времиња доаѓаат!
Меркур во знакот е подготвен да ви ја даде можноста што ја чекавте: оваа недела би можеле да добиете важен одговор или да имате состанок што би можел да ги промени картите на маса. Подготвени сте да започнете нова, возбудлива авантура? Во петок, сабота и недела, Месечината ќе биде во вашиот знак: тоа ќе биде викенд полн со изненадувања, во кој страста сигурно нема да изостане.

Риби: Венера е со вас!
Драги Риби, Венера во знакот ви дава уникатен шарм и неспоредлива заводлива моќ! Вашата сладост и длабока чувствителност ќе стопат нечие срце… Оние кои во последните неколку месеци мораа да се соочат со разделба или сентиментални кризи, сега конечно ќе имаат можност повторно да започнат нова врска и да цветаат од љубов. Среќни денови: среда и четврток. Денови кога ќе бидете малку уморни: понеделник и вторник.

x

Check Also

Топ 5 видеа за оригами, одлична забава и за децата во изолација

Барате креативна забава во периодот на домашна изолација? Или забава за вашите ...