Неделен хороскоп (од 24ти до 30ти јуни): Топ знаци на неделата – Близнаци, Бик и Рак

Оваа седмица Венера во опозиција ќе креира љубовни проблемчиња за Стрелците. Многу среќа пак, ги чека Близнаците и Водолиите. Раковите ќе бидат фаворизирани на деловен план. А вие, во кој знак сте родени? Прочитајте го неделниот хороскоп за периодот од 24ти до 30ти јуни.

Овен – Месечина во знакот

Оваа седмица може да сметате на три суперсреќни денови кога Месечината ќе биде во конјукција – вторник, среда и четврток. Во овие три дена ќе добивате различни пријатни изненадувања. Среќата ќе ви се насмевне и на емотивен план, благодарение на позитивната Венера. На работа пак, нема да бидете толку задоволни, поради лошата поставеност на Меркур и Марс, ќе чувствувате замор и пад на енергијата. Искористете го викендот за релаксација и обновување на енергијата.

Бик – Никој не може да ве сопре

Во овој период никој не може да ве сопре – имате енергија колку што сакате и сила да се спротиставите на секоја пречка. Марс е на ваша страна и ќе ве форсира се додека не ги остварите сите планови, особено на работа. Петок и сабота ќе бидат два дена на голема среќа на љубовен план, можни се интересни средби…Осамените Бикови, нека ги држат очите отворени, љубовта е зад аголот.

Близнаци – Недела на љубовта

Со Венера во вашиот знак и оваа недела ќе имате супер среќа во љубовта – планетата на љубовта ве наградува со заводливост и за спротивниот пол ќе бидете како магнет. Осамените конечно може да сретнат вистинска личност, додека оние кои се во пар ќе уживаат во прекрасни мигови. Најсреќен ден во неделата ќе биде недела.

Рак – Меркур во конјукција

Меркур во вашиот знак ќе ве направи комуникативни и успешни во деловните, но и во семејните односи. Ќе бидете барани од пријателите, од колегите, од семејството – ѕвезди на неделата, а нема да недостигаат и можности за нови интересни средби. Марс во конјукција пак, ќе ве награди со огромна енергија и суоер расположение. Најсреќни денови – петок и сабота.

Лав – Посебен партнер

Драги Лавчиња, оваа седмица обидете се да ги тргнете на страна професионалните прашања и да се сконцентрирате на емоциите и сентименталните прашања. Покрај вас е една многу посебна личност, затоа обрнете и посебно внимание. Разрешувањата на љубовните маки од минатото ќе ви помогнат да продолжите со отворено срце напред, и ќе почувствувате неверојатни промени. Супесреќни денови се вторник, среда и четврток. Пад на енергијата ќе почувствувате во сабота.

Девица – Одвојте си време за себе

Неделата нема да започне баш добро – в понеделник ќе се соочите со опозиција на Месечината која ќе ве направи нервозни и избувливи. И Венера е неповолна, па нервозата ќе биде акцентирана, а тоа ќе придонесе за зголемување на тензиите со партнерот. Внимавајте да не направите или кажете нешто за што подоцна ќе ви биде многу криво! Обидете се да си дадете време за себе, одете во спа центар, купете си нешто…

Вага – Тука е Венера

Ова ќе биде прилично стресна недела за вас – во вторник, среда и четврток една неубава Месечина ќе ви создава тензии и пречки, пред се, на работното место. Обидете се да се воздржите од избувливост и конфликт со колегите. За среќа, тука е Венера, планетата на љубовта, која ќе ви го подобрува расположението – таа ќе ви донесе интензивен живот во двојка и викенд со многу страст.

Шкорпија – Одличен почеток

Оваа седмица ќе започне многу позитивно со една прекрасна Месечина, која заедно со Меркур, ќе ви донесе преубави вести на работа или одговор на нешто што многу го очекувате и посакувате. Малку проблематични пак, ќе бидат деновите петок и сабота, кога Месечината во опозиција ќе ви создава пречки на секој чекор – ако можете во овие два три дена избегнете дискусии со партнерот и саканите лица.

Стрелец – Напорна недела

Ова ќе биде, за жал, тешка недела за вас, драги Стрелци, и тоа токму на емотивен план. Опозицијата на Венера ќе ви носи проблеми во љубовниот живот, недоразбирања со парнерот, нервози…Но, земете го ова како предизвик – ако ги надминете овие проблеми, значи дека вашата врска е силна и стабилна. Посебно внимавајте на денот недела, кога нервозната Месечина дополнително ќе создава тензии.

Јарец – Проблеми на работа

Драги Јарци, овој период не е поволен на деловен план – вашите проекти ќе наидат на големи блокади и нема да бидете разбрани. Тоа се должи на опозицијата на Меркур и на Марс – планета која дополнително ќе ви ја исцрпи енергијата во овој период. Ќе се чувствувате уморни и демотивирани. Но, не грижете се, на долга патека вие ќе бидете победник. Искористете ги за романтика убавите денови петок и сабота.

Водолија – Да живее љубовта!

Љубовта ќе биде главен протагонист оваа седмица. Прекрасната Венера ќе направи да се чувствувате сакани. Осамените Водолии треба да направат важни средби, особено во среќните денови вторник, среда и четврток. Петок е неповолен ден, кога лошата поставеност на Месечината ќе создаде тензии во семејството и нервози на работа, но станува збор само за ден до два.

Риби – Љубовни проблемчиња

За жал, продолжува за вас периодот на неповолното влијание на Венера што ќе донесе потешкотии во вашата врска, а најмногу во комуникацијата со партнерот. Денот недела ќе биде посебно тежок и нервозен. На работа пак, се ќе ви оди од рака – Меркур е поволен и ќе ве наградува со добри комуникации и убави нови прилики. Понеделник ќе биде ден полн со пријатни изненадувања кога и Месечината ќе ви се насмевне.

x

Check Also

Неделен хороскоп (18. до 24.ноември): Топ знаци на неделата – Шкорпија, Вага и Стрелец

Оваа седмица и планетата Марс е во знакот на Шкорпија. Раковите, Овните ...