НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (од 25. до 31.јануари): Тешка недела за Раковите, љубов за Јарците и Девиците

Оваа недела планетата Венера во знакот на Јарец ќе им донесе среќа на сите земјини знаци, додека кутрите Ракови ќе претрпат уште некоја љубовна болка. А вие, во кој знак сте родени? Откријте со нас што ви подготвуваат ѕвездите оваа недела!

Овен: тензии во љубовта 
Вашата недела ќе биде во знакот на помошта од Јупитер и Меркур, кои ви подготвуваат убави изненадувања: наскоро ќе пристигнат добри вести, особено на професионално поле. Венера пак, е во неповолна позиција, и го прави вашиот љубовен живот прилично комплициран: емотивните повредувања ќе бидат чести во овој период,  а во вторник или среда може да дојде до жестока кавга помеѓу вас и вашиот партнер.

Бик: со помош на Венера!
Планетата Венера продолжува да ве фаворизира: иако не е лесно време за вашиот знак, особено од професионална гледна точка, нема да ви недостасува љубов и разбирање од партнерот и луѓето кои ги сакате. Затоа, почитувајте ја оваа подршка и под влијание на Марс немојте да избувнувате за мали нешта кои вусшност ништо не значат. Среќни денови: сабота и недела. Лоши денови: четврток и петок.

Близнаци: деловна зделка на повидок
Драги Близнаци, вашата недела започнува со прекрасна месечина во понеделник, која ќе ви донесе многу позитивна енергија! Поволниот Меркур, заедно со Јупитер, ќе ви помогнат пак, да организирате некоја деловна работа  што е одамна важна за вас. Особено среќни ќе бидат деновите четврток и петок, додека пад на расположението и одредена напнатост со партнерот може да се појават во сабота и недела, кога Месечината ќе биде во неповолна положба.

Рак: тешка недела!
И оваа недела – за жал – ќе мора да се справите со спротивставувањето на планетата Венера, што ќе ви донесе нови тензиите со вашиот партнер. Побарајте разговор со него/неа во вторник и среда, кога прекрасната Месечина ќе ви притрча на помош и ќе го олесни меѓусебното разбирање. На работа може да доживеете неколку моменти на стрес, затоа воздржете се од коментирање и не наседнувајте на коментарите од колегите.

Лав: Месечината е со вас!
Вашето небо во овој период е доста натежнато, а заморот и стресот наскоро ќе се почувствуваат… Од вас ќе се бара дополнителен напор да ги решите проблемите што ви се важни: бидете внимателни, сепак, да не преземате премногу обврски. За среќа, Месечината е тука да ви помогне, гарантирајќи ви два супер-среќни денови – четврток и петок, во кои ќе заблеска во вашиот знак.

Девица: романтичен викенд!
Вашата недела започнува со неповолна Месечина во понеделник, ден во кој нешто може да оди поинаку од очекуваното. Не грижете се, сепак! Ја имате наклоноста на Марс и Венера, подготвени да ви ја дадат целата енергија што ви е потребна за да реагирате на вистински начин и да ја надминете секоја потешкотија на најдобар можен начин! На сентиментален плна сте фаворизирани од ѕвездите: се очекува особено романтичен викенд, со прекрасна страсна Месечина во знакот.

Вага: Венера неповолна 
Драги Ваги, оваа недела љубовта ќе ви создава мака – Венера во неповолна позиција ги потенцира контрастите со партнерот. Особено внимание посветете на деновите вторник и среда, кои ќе бидат прилично нервозни. За разлика од нив, мирни и убави денови се четврток и петок, кога со вас ќе биде прекрасната Месечина. Од друга страна, на работа ве очекуваат признанија и добри вести.

Шкорпија: адаптирајте се…
Во овој момент sвездите ве замолуваат да се прилагодите: не оди сè како што беше планирано, а некои од вас можеби беа принудени да се откажат од проект за кој сонувале долго време. Не грижете се: на долга патека ќе можете да ги трансформирате тешкотиите на сегашноста во можност за раст! Особено романтично небо имате во сабота и недела, со прекрасна Месечина и Венера во поволна положба.

Стрелец: Месечина во опозиција
Месечината во опозиција во понеделник може да направи да се чувствувате малку нерасположени, но немате причина да се грижите: небото за сè друго ќе биде на ваша страна! Наскоро ќе ви се отворат нови перспективи: Јупитер и Меркур го фаворизираат вашиот професионален напредок и, ако успеете да имате упорност и трпеливост, наскоро ќе бидете наградени! Среќни денови: четврток и петок. Малку напнатост со партнерот во сабота и недела.

Јарец: да живее Венера!
Небото ви се насмевнува во овој период и е подготвено да ви донесе многу големи задоволства, особено на сентиментално поле! Венера е со вас и ве прави повеќе романтична и страствена од кога било. Осамените се особено фаворизирани за успешни средби. Обрнете внимание, сепак, на деновите вторник и среда, кога Месечината во опозиција може да ви донесе малку лошо расположение.

Водолија: новости и промени 
Ова е важен период за вашиот знак, полн со новини и промени што може да доведат до малку повеќе стрес, нагласен со неповолната позиција на Марс. Обрнете особено внимание на деновите четврток и петок, кога Месечината во опозиција ќе внесе уште некоја напнатост во вашиот живот. Запомнете дека ги имате Меркур и Јупитер на ваша страна: успехот ќе биде ваш на крајот!

Риби: среќно небо!

Драги Риби, над вас оваа недела се простира цело среќно нево кога се чувствата во прашање! Ќе можете да сметате на прекрасната Венера во позитивен аспект, подготвена да ви ја даде целата заслужена љубов. Обрнете внимание, сепак, на деновите сабота и недела, кога Месечината ќе биде во опозиција и може да се чувствувате малку нерасположени. Не дозволувајте да ве фаќаат неосновани сомнежи, ѕвездите ве уверуваат во присуството и близина на лојална личност.

x

Check Also

Еко-Свест: Дрвото можеби грее најевтино и најубаво, но е тивок убиец

Поради намалената економска моќ дури три четвртини од населението во земјава се ...