Неделен хороскоп (од 29-ти април до 5-ти мај): Топ знаци на неделата- Овен, Бик и Лав

Оваа недела кутрите Вагички ќе бидат (се уште) под влијание на лошата поставеност на Венера и Меркур. Многу посреќни ќе бидат родените во огнените знаци, а пред се – родените во знакот на Овен! А вие, во кој знак сте родени? Откријте со нас што ви подготвија ѕвездите во периодот од 29ти април до 5ти мај.

Овен – Кралеви на зодијакот

Уште една недела во која ќе бидете главни ѕвезди, а секако кралеви на зодијакот. Венера во конјукција со вашиот знак ќе ве направи магнетски привлечни, припадниците на спротивниот пол тешко ќе може да ви одолеат! Убави вести пристигнуваат и на работен план – од среда, потоа четврток и петок на ваша страна е и Месечината, па очекувајте големи успеси!

Бик – Среќна недела

Вашата недела не може да започне подобро – понеделник и вторник се суперсреќни денови на сите полиња, ќе зрачите со радост и позитивна енергија, благодарение на прекрасната Месечина која е со вас и која ќе ви донесе бројни можности. Но, најдобриот дел ќе биде самиот крај на неделата, во деновите сабота и недела, кога ќе бидете полни со љубов и се што ќе допрете на ова поле ќе „позлатите“. Ако сте подготвени за нова љубовна врска, очекувајте ја во следните недели.

Близнаци – Убави вести на повидок!

Драги Близнаци, не се загрижувајте многу што в понеделник или вторник нема се да ви оди од рака, станува збор само за мали и минливи пречки на вашиот пат, предизвикани од неповолната Месечина. Но, веќе од среда работите ќе се средат и во средината на работната недела очекувајте фантастична вест! И љубовта ви се насмевнува, време е за нови средби и љубовни приказни.

Рак – Денови на стрес…

Внимавајте во средината на неделата, особено во среда, четврток и петок кога ѕвездите ве ставаат на тешка проба на вашето трпение! Венера и Меркур се неповолни, а на ваша страна не е ниту Месечината, па очекувајте пречки буквално на сите полиња. Со партнерот кавгите се неизбежни, затоа стиснете ги забите во овој период, и обидете се да премолчите…

Лав – Желба за љубов

Ова е среќна недела за вашиот знак. Поволната Венера ќе ви даде многу емоции, но и ќе ви ја исполни желбата да сакате и да бидете сакани. Ако сте осамени, очекувајте многу важни средби, особено во четврток и петок. На крајот на неделата пак, ќе се соочите со неповолна Месечина која ќе ве направи нерасположени, во сабота и недела, затоа искористете го викендот за спорт и релаксација. Одлични вести пристигнуваат на работен план и тоа во централниот дел од неделата!

Девица – Месечина во опозиција…

За жал, вашата недела започнува со неповолна Месечина во деновите понеделник и вторник, која обединета со неповолниот Марс, може да ви донесе замор и нерасположение. Внимавајте и на настинки! За среќа, многу подобро ќе се чувствувате веќе од среда, а најдобро – на крајот на неделата. Во сабота и недела ѕвездите се на ваша страна и ќе ви подарат незаборавни моменти на страст!

Вага – Не инсистирајте

Ако работите не одат како што посакувате, подобро да не инсистирате! Во овој момент поставеноста на ѕвездите за вас е лоша, Меркур не ги фаворизира деловните односи, а Венера не ви помага на љубовно поле. И не само тоа, Венера дури би можела и да ви донесе болка на емотивен план. Ако можете мирно да поразговарате со партнерот направете го тоа, ако не, почекајте да помине тешкиот период.

Шкорпија – Тежок викенд

Вашата недела започнува со позтивна Месечина која ќе ги осветли вашите патишта на сите полиња, во понеделник и во вторник. Во воие два дена може да пристигне одговорот на нешто што го очекувате, што ви е многу важно – и тоа особено ќе ве израдува! Сепак, не многу среќен ќе биде крајот на неделата – сабота и недела, кога лошата поставеност на Месечината ќе ви предвизвика нервози и тензии особено на емотивен план.

Стрелец – Марс во опозиција

Драги Стрелци, оваа недела ќе чувствувате голем замор и исцрпеност, затоа чувајте се од настинки! Продолжува неповолната поставеност на Марс која ќе ви донесе недостиг на енергија за да ги реализирате работите кои ги посакувате. Сепак, добрата поставеност на Меркур ќе ве заштитува на деловен план, па очекувајте убава потврда на работа во среда или четврток. На љубовен план ќе се чувствувате сигурни, а партнерот ќе ви ја дава поддршката.

Јарец – Венера и Меркур неповолни

И оваа недела, за жал, ќе војувате со лошата поставеност на Меркур и на Венера кои ќе ви создаваат пречки на сите полиња. Среда, четврток и петок ќе бидат три потешки дена кога ќе бидете преоптоварени со грижи и обврски. Посреќни денови се понеделник и вторник, искористете ги за размена на позитивна енергија со драгите лица. На љубовен план, дискусиите оставете ги за викендот.

Водолија – Многу енергија!

Оваа недела ќе се чувствувате силни и полни со енергија. Се ќе биде возможно, затоа поставете си ги целите и приоритетите – и на работен и на емотивен план. Ѕвездите се на ваша страна и ќе ви носат нови можности, а некои од нив не треба да ги одбиете. Слушајте си го срцето! Суперсреќни денови се среда, четврток и петок. Внимавајте на замор и настинки на крајот на неделата.

Риби – На големо!

Драги Рипчиња, вашата недела ќе започне „на големо“ со преубави настани, од понеделник до среда ќе бидете под закрилата на една прекрасна Месечина која ќе ве награди со супер-среќа! И останатиот дел од енделата ќе биде среќен, иако Марс ќе ви носи замор…Убаво е да го искористите викендот за одмор со блиските или со саканата личност.

x

Check Also

Доделени Еуролинк стипендии за 30 студенти од Правен факултет „Јустинијан Први“, во вкупна вредност од 1 700 000,00 денари

Во насока на реализирање на годишните активности, вчера во просториите на Еуролинк Осигурување ...