Неделен хороскоп (од 4ти до 10ти февруари): Топ знаци на неделата – Јарец и Водолија

Оваа недела планетата Меркур влегува во знакот Водолија, носејќи многу убави вести и новости за сите воздушни знаци, но и за некои огнени знаци. Многу среќа немаат да имаат Лавчињата и Ракчињата, за кои сигурно ова нема да биде недела која се помни! А вие, во кој знак сте родени? Откријте што ви подготвија ѕвездите за периодот од 4ти до 10ти февруари, 2019.

Овен – каква Месечина!

Драги Овни, Венера за жал сеуште ви врти грб па во следниот период нема да бидете многу ксметлии во љубовта. Но убави вести ви стигаат на работен план, почнувајќи од четврток, би требале да се отворат неочекувани, среќни, деловни прилики. Меркур престанува да биде неповолен и со тоа ќе ви се подобрат комуникациите и поддршката од претпоставените. Викендот ќе го паметите – прекрасна Месечина во конјукција ви носи многу романтика.

Бик – Многу страст

За вас, Бикчиња, оваа недела ќе биде во знакот на страста и силните емоции. Може да сметате на големата поддршка од планетата на љубовта Венера која ќе ви донесе разбирање со партнерот, додека осамените Бикови може да запознаат интересна личност. На работен план, почнувајќи од четврток, ја губите поддршката од Меркур, па нема да ви биде лесно да ги туркате поставените цели и да добивате признание за трудот. Внимавајте да не влезете во кавга со колегите.

Близнаци – Се враќа спокојството…

Конечно оваа недела ви се враќа спокојот во вашиот сентиментален живот. Без Венера во опозиција, може да очекувате убави дијалози со партнерот, а разбирањето ќе биде многу полесно. Убави вести доаѓаат и на работен план – почнувајќи од четврток, кога Меркур ќе ви помогне да ги деблокирате пречките. Може да очекувате некакво унапредување или зголемување на платата, а може и да добиете дополнителни хонорарни финансиски приливи.

Рак – Долга недела…

Драги Ракчиња, за жал, првиот дел од неделата ќе биде толку тежок за вас што ќе ви изгледа како бесконечно долго да трае. Тоа се должи на две планети, Меркур и Венера, и двете ќе бидат во лоша поставеност за вашиот знак, правејќи ви белји на сите полиња. Избегнувајте важни дискусии и со партнерот и на работното место. На крајот на неделата ќе ве „смеле“ заморот, па подобро е да го поминете викендот гледајќи филмче, во домашна атмосфера.

Лав – Меркур во опозиција…

За жал, оваа недела може да биде многу стресна и тешка за вас, Лавчиња. Уште од самиот почеток, започнува нервозата, поради неповолната Месечина. Не трошете ги нервите напразно, зашто ве чекаат уште потешки денови до викендот. Од четврток, и Меркур, планетата на комуникациите, влегува во опозиција, носејќи ви комплицирана работна атмосфера. Мора да се вооружате со трпение, зашто ако избувнете рискирате да ја загубите поддршката и од колегите и од претпоставените.

Девица – Венера ве поддржува

Драги Девици, оваа недела за вас ќе биде карактеристична по одличната поставеност на планетата на љубовта, Венера, која ќе ви донесе пријатни романтични мигови, без разлика дали сте во врска или сте сами. Ако сте сами, фаворизирани се убави средби со интересни лица, особено во првиот дел од неделата. Внимавајте на четврток и петок, кога негативната Месечина може да ве збуни и да внесе конфузија. Викендот е малку стресен, па затоа поминете го во спорт или во патување со саканото лице.

Вага – Неповолна Венера

Со неповолната поставеност на Венера не може да се игра – веднаш ќе почувствувате тензии во брачниот живот или пак, доколку сте во врска, ќе започнат недоразбирања со партнерот. Повеќе осамени Ваги би можеле дополнително да се разочараат. Но, затоа, сконцентрирајте се на работата. Од четврток, Меркур доаѓа во ваша помош и ви носи пријатни вести. Викендот пак, ќе бид емалку нервозен, Месечината неповолна ќе ви додаде конфузни чувства и блага депресивност.

Шкорпија – Средба со вистински луѓе на вистинско место

Драги Шкоприи, на сентиментален план, за вас продолжува идиличниот период – Венера е многу поволна и ќе ве наградува со прекрасни мигови со саканите лица, и со голема страст кон партнерот. Осамените Шкорпии ќе се најдат со вистински лица во вистинско време, па не се исклучени судбински средби. Но за жал, на работно поле нема да ви цветаат рози. Од четврток, Меркур не е поволен за вашиот знак, па вртејќи ви го грбот ќе ви создаде блокади при реализирање на проектните планови. Ќе ви треба многу вложен труд за да успеете.

Стрелец – Успехот е зад аголот

Вашата недела се отвора со два суперсреќни дена – понеделник и вторник, кога доаѓаат убави, неочекувани вести! Среда и четврток пак, ќе бидат два нервозни дена во кои може да се чувствувате нерасположени. Но веќе од петок, Меркур се враќа на ваша страна да ве поддржи, носејќи ви подолг период со успеси, средби и можности на работно поле. Не заборавајте дека 2019 е ваша година!

Јарец – Да живее Венера!

Драги Јарци, со Венера во конјукција може да очекувате само убавини на сентиментален план! Осамените Јарци ќе бидат отворени за нови средби, а оние кои се веќе во врска ќе уживаат во романтичните денови. Суперсреќни ќе бидете и на работен план, особено во првиот дел од неделата. Внимавајте само на викендот кога неповолната Месечина може да ви донесе нерасположение и замор.

Водолија – Да живее Меркур!

За вас ова е недела во знакот на работата и на прекрасните можности кли ви се отвораат! Пред вас е еден подолг период на деловни предизвици, а некои Водолии, за подобро, може да го сменат и работното место. Понуди за прокети ќе добивате од сите страни, ваше е да одберете, но се ќе ви оди од рака. Понеделник и вторник се суперсреќни денови, кога и Месечината е на ваша страна, искористете ги! Крајот на неделата пак, и викендот, е многу романтичен.

Риби – Среќа во љубовта!

Драги Рипчиња, Венера конечно одлучи да ве награди – оваа недела ќе пристигнат прекрасни вести на љубовен план! Ќе поминувате период полн со емоции, поддршка од партнерот и многу љубов, додека осамените Риби ќе имаат бројни можности за запознавање на нови интересни лица. Особено прекрасни денови ќе бидат среда и четврток, кога и Месечината ќе застане на ваша страна, осветлувајќи ви го срцето! На работен план пак, сметајте на првиот дел од неделата кој е попозитивен од вториот.

x

Check Also

Неделен хороскоп (9. до 15. декември): Топ знаци на неделата – Стрелец, Бик и Лав

Оваа недела планетата Меркур влегува во знакот на Стрeлец, одлични вести ги ...