Неделен хороскоп (од 9. до 15.август): Добра вест за Биковите, љубов за Раковите, пари за Девиците…

Оваа недела планетата Меркур ќе го напушти знакот Лав за да влезе во знакот Девица, носејќи прекрасни изненадувања на сите земјени знаци.  А вие, во кој знак сте родени? Откријте со нас што ви подготвуваат sвездите оваа недела!

Овен: Месечина во опозиција
Драги Овни, вашата недела ќе биде посреќна во првата половина отколку во втората. До среда, всушност, можете да сметате на наклоноста на Меркур, подготвен да ви донесе добра вест и интересни средби. Во четврток и петок, сепак, ќе мора да се справите со лошата Месечина во опозиција, што ризикува да ви донесе некои неуспеси и малку повеќе тензија со вашиот партнер или со семејството.

Бик: добра вест!
Следуваат добри вести за вас оваа недела! Почнувајќи од среда, планетата Меркур ќе престане да делува против вас и ќе започне да дејствува во ваша корист, подготвена да ви донесе интересни вести и можности во следниот период, што главно ќе се однесува на полето на работа. Венера во поволен аспект му помага на вашиот љубовен живот. Внимание само на жестоките дискусии во сабота и недела.

Близнаци: Месечината се грижи за Вас!
Драги Близнаци, ова не е лесно време за вашиот знак, кој треба да се соочи со Венера и Марс во неповолна положба и – почнувајќи од среда – и со планетата Меркур. Грижите нема да изостанат, и во сентименталната област и во работната средина. Најкомплицирани денови ќе бидат вторник и среда, додека во четврток и петок Месечината ќе ви помогне да решите некои неочекувани настани.

Рак: небото ви се насмевнува!
Небото Ви се смешка оваа недела! Не само што ќе ги имате планетата Венера и планетата Марс на ваша страна, подготвени да ви донесат многу среќа во љубовта и голема психо -физичка енергија, туку – почнувајќи од среда – планетата Меркур исто така ќе се активира во ваша корист и наскоро можат да пристигнат добри вести. Среќни денови на Месечината: вторник и среда. Малку нервозни денови: четврток и петок.

Лав: збогум, Меркур!
Драги Лавови, оваа недела започнува со прекрасна Месечина во вашиот знак, која ќе го направи денот понеделник полн со енергија! Понатаму, до среда, планетата Меркур исто така ќе биде во вашиот знак, подготвена да ви донесе добра вест или состанок за паметење! Сепак, внимавајте на викендот: во сабота и недела, Месечината во неповолна положба ризикува да создаде кавга со партнерот или во семејството.

Девица: добредојде, Меркур!
Уште една супер недела за вашиот знак, а почнувајќи од среда ќе добиете поддршка и од планетата Меркур, која ќе се доближи до Венера и Марс. Се отвора период на големо богатство за вас, и од сентиментална и од професионална гледна точка. Добрите можности може да се појават наскоро. Во меѓувреме, уживајте во Месечината полна со позитивна енергија која исто така ќе блесне во вашиот знак во вторник и среда.

Вага: специјални прилики!
Драги Ваги, ова ќе биде среќна недела за вашиот знак, кој ќе може да ужива во благотворните влијанија на прекрасната Месечина во четврток и петок, кога може да се случи нешто посебно! Понатаму, до среда, планетата Меркур ќе остане активна во ваша корист, подготвена да ви донесе посебни пригоди и деловни можности. Слободните Ваги треба да ги држат очите отворени бидејќи може да се појави некоја важна, посебна личност за нив…

Скорпија: Меркур се враќа на ваша страна!
Драги Шкорпии, ова недела, коленчно, планетета Меркур ќе почне да работи во ваша полза и ќе делува на вашите добивки! Почнувајќи од среда, работниот проблем може да најде решение. Ако сте се нашле во расправија со вашиот партнер или со некого во семејството, сега можете да најдете дијалог и меѓусебно разбирање. Супер-среќни денови се сабота и недела, кога Месечината ќе блесне во вашиот знак.

Стрелец: Меркур ви го врти грбот 
За жал оваа недела планетата Меркур ќе ви го сврти грбот. Почнувајќи од среда, може да се соочите со уште некои потешкотии во вашите меѓучовечки односи: ако сте на работа, може да настанат несреќи, ако сте на одмор, може да доживеете дискусии во семејството и особено со вашиот партнер. Искористете ги среќните денови на Месечината, во четврток и петок.

Јарец: среќни средби!
Драги Јарци, оваа недела планетата Меркур ќе биде активна во ваша корист: почнувајќи од среда, може да се појават нови можности за вашиот знак или ќе имате среќен состанок. Венера, исто така во поволна позиција, ви помага на сентименталниот фронт, без разлика дали сте слободни или веќе сте во пар. Особено романтични ќе бидат деновите сабота и недела. Денови „НЕ“- четврток и петок.

Водолија: во закрепнување!
Бидете трпеливи во првиот дел од неделата, кога ќе треба да се справите со опозицијата на Месечината и на планетата Меркур. Од среда, се ќе биде многу подобро и, во четврток и петок, среќната Месечина може да ви донесе одлични вести! Во љубовта нема да има големи пресврти, но малку по малку ќе можете да го пронајдете спокојството што сте го изгубиле.

Риби: Меркур во опозиција
Драги Риби, оваа недела – за жал – нема да има добри вести за вашиот знак: почнувајќи од среда ќе мора да го поднесете противењето на планетата Меркур, која ќе влезе во Девица заедно со планетата Венера и планетата Марс. Нема да биде лесно време за вашиот знак ниту од гледна точка на чувствата, ниту од професионална гледна точка, и ќе се чувствувате особено нерасположени. Месечината ќе се погрижи да ве охрабри во сабота и недела, носејќи ви малку среќа.

x

Check Also

Иновативниот уред IQOS отсега достапен и во Битола

Во Битола, во центарот на градот во продажниот објект Парфимерија Шатци е ...