Неделен хороскоп: Промоција за Раковите, супер-вести за Шкорпиите, нова љубов за Рибите

Поставеноста на ѕвездите во неделата пред нас продолжува да им носи среќа на Рибите и на сите водени знаци. Девици, како и Близнаците и Стрелецот ќе мора да бидат трпеливи уште некој период.

Дознајте што ѕвездите ви подготвуваат за оваа недела.

Овен – Период на големо задоволство и важни вести доаѓаат за вас. Оваа недела ќе бидете во можност да уживате уште малку во спокојството, па дури може и малку да се досадувате. Но знаете дека работите наскоро ќе се променат на подобро! Вторник и среда ќе бидат два особено среќни дена, додека меѓу саботата и неделата лошата поставеност на Месечината во опозиција може да ви создаде некоја мала пречка и лошо расположение.

Бик- Уште една прекрасна недела за вашиот знак, кој конечно ја обновува силата и енергијата! Поволната позиција на Венера Ви дава посебни моменти со партнерот. Оние кои не се во врска ќе бидат фаворизирани од ѕвездите, особено во среќните денови – четврток и петок. Неповолната Месечина, сепак, ќе ја почувствувате преку помали нервози во вторник и среда: ако треба да донесете некоја важна одлука или да предложите нешто, избегнувајте ги овие два дена!

Близнаци –  Стигнете ги забите: пред вас е уште една недела на трпеливост и наскоро овој период на стрес ќе заврши! Во моментов, за жал, ќе мора да се борите против лошото влијание на Венера и Меркур. Во љубовта може да се чувствувате осамени или напуштени, додека на работа ќе треба да почекате уште малку за задоволствата да пристигнат. Вторник и среда се сметаат за насјреќни денови од неделата.

Рак – Неделата пред вас се отвора на големо со прекрасна Месечина уште од понеделник. Би можеле да добиете промоција или добра вест што долго време сте ја чекале. Всушност, поддршката од Меркур, во основа, ги олеснува односите со шефовите и колегите и ви дава мир на работа. Дури и во љубовта сте фаворизирани: Венера ги намалува тензиите за оние кои се во пар, а на осамените им помага да пронајдат ведрина и разбирање. Среќни денови: четврток и петок.

Лав – Уште малку треба да останете трпеливи. За сега, за вашиот знак тешко е веднаш да се добие сè што сакате, но поддршката од ѕвездите ќе следува во следните недели кога и вашите желби ќе бидат исполнети! Трепнието е клучен збор за неделата пред вас, и во љубовта и на работното место. Најпозитивни денови од неделата ќе бидат вторник и среда, кога Месечината ќе биде во вашиот знак. Викендот ќе биде во знакот на релаксација но и во друштво на некој посебен за вас.

Девица -За жал, ќе мора да ја поднесете опозицијата на Венера и Меркур. Двете планети ги ставаат „стапчињата“ во тркалата на вашите проекти кои, за жал, засега остануваат блокирани. Но, тоа нема да биде толку долго, продолжете да имате доверба во вашите способности. Супер-среќните денови почнуваат од четвртокот и петокот, кога Месечината ќе биде во вашиот знак и нешто неочекувано може да се случи.

Вага – Вашата недела не започнува на најдобар можен начин: В понеделник, Месечината ќе биде во неповолна позиција и би можела да создаде препрека на патот. Подобра поставеност на ѕвездите доажа со вторникот и средата,  но убавите изненадувања ќе дојдат за време на викендот, почнувајќи од петок попладне. В сабота и недела прекрасната поставеност на Месечината ќе им даде многу среќа и за оние кои се во врска, и на осамените.

Шкорпија –  Дали сте подготвени за една многу посебна недела? Можете да сметате на позитивните влијанија од Венера и  Меркур, во реалноста и на вашите пријатели. Во љубовта ќе можете да решавате лесно за проблемите кои се блиски до вашето срце и ќе сфатите дека имате навистина исклучителена личност до вас.  Добри вести би можеле да дојдат на работното поле во понеделник, четврток и петок. Меѓутоа, во вторник и среда може да доживеете некоја стресна ситуација.

Стрелец – Небото оваа недела не ветува нешто многу добро за вашиот знак. Но нека не ве зафаќа анксиозност и имајте на ум дека наскоро ситуацијата ќе се смени и ќе може да ги преземете „конците“ во ваши раце. Во меѓувреме, фокусирајте се на деновите – вторник и среда, кога ќе ја имате поддршката од Месечината. Избегнувајте посериозни дискусии со партнерот помеѓу четврток и петок, зашто тоа ќе бидат два прилично нервозни дена и ситуацијата може да ескалира.

Јарец – Ѕвездите подготвија уште една супер недела за вас! Венера и Меркур дејствуваат во ваша корист и ви даваат големо задоволство, како во љубовта така и на работа. Внимавајте, сепак, на понеделникот кога Месечината, која е во опозиција, би можела да ви приреди лоша шега. Викендот веројатно ќе биде малку „нервозен”, по ваша вина, но да знаете дека не сте во право! Ставете ги своите мисли настрана и фокусирајте се на чувствата.

Водолија – Во овој период се отвораат нови патишта и наскоро ќе можете да одберете по кој ќе тргнете. Во меѓувреме, никогаш не се сомневајте во себе и во своите вештини! Бидете поумерени во се, во вторник и во среда, кога спротивната Месечина може да создаде некои препреки или да ви донесе повеќе „тешки“ мисли. За време на викендот, очекувајте релаксација и возбуда!

Риби -За вас продолжува одличниот период од секоја гледна точка! Венера во вашиот знак ги зајакнува старите приказни и раѓа нови, сите создадени за да траат! Меркур, од друга страна, се залага за состаноци, и лични и професионални, и носи одлични вести, особено во понеделникот. Внимателно само во деновите на Месечината во опозиција, четврток и петок, кога нешто може да се развива на начин како што не очекувавте.

 

 

x

Check Also

Инвестирај во своето знаење – студентски бенефити од Халкбанк за студирање во МБУ

Со најдобра програма за настава и учење во државата, според Шангајската листа, ...