Неделен хороскоп: Шкорпијата, Бикот, Ракот и Рибите – фаворити на ѕвездите

Месечината и Марс ќе осигураат енергија и среќни моменти за родените во знакот на Овен, Бикот ќе биде уморен постојано да ги прави истите работи, па ќе добие желба да се издигне над нив, Близнаците ќе треба да се воздржат и да не влегуваат во кавги, а Ракот особено ќе биде фаворизиран од ѕвездите на љубовно поле. За родените во знакот на Лав почнуваат подготовките за еден подобар дел од годината. За Девиците ова е една комплицирана недела, додека Вагата ќе мора да продолжи да балансира. На Шкорпиите полека ќе им се врати доброто расположение, Стрелците би требало да се одморат од насобраниот стрес, а Јарецот ќе се подготвува за силни емоции на љубовен план. Ова ќе биде многу креативна недела за Водолиите, додека за Рибите дојде мигот да си ги соберат плодовите од она што го сееле.

Во продолжение, по редослед, за неделата на астролошките знаци, според фаворизирањеето на ѕвездите.

Шкорпија – Родените во знакот на Шкорпијата се најфаворизирани од ѕвездите во текот на престојната недела. Можностите за потврдување на успесите не недостигаат, иако во првиот дел од работната недела сеуште ќе бидат присутни нервозата и вознемиреноста. Веројатно, ќе има уште од прашањата кои ќе треба да бидат решени и кои ќе ве преокупираат. Во секој случај, кога некои проблеми не зависат од Вас, и директно не ве засегаат, избегнувајте во нивното решавање претерано и емотивно да се вклучувате.  Недела е најдобриот ден за уживање во емотивните мигови.

Бик – Добри можности за големо враќање на работната сцена ги очекуваат Биковите оваа недела. Не откажувајте се од новите идеи, туку споделете ги со претпоставените. Некои Ваши деловни потфати можат да предизвикаат љубомора кај колегите, но оваа трансформација секако дека ќе биде на крајот наградена. Во текот на целата недела ќе имате поддршка од ѕвездите, особено од Венера која ќе ви осигура многу пријатни емотивни моменти, особено во среда и четврток. Слушајте ја Вашата интуиција, која е фаворизирана од планетата Нептун.

Рак – Раковите се најдоа на третото место за оваа недела, фаворизирани од ѕвездите, но најголемата поддршка ќе ја имаат на љубовното поле. Всушност, станува збор за многу интересна недела кога се во прашање емоциите. Одличната поставеност на Венера ќе ви даде и виталност, енергија и оптимизам. Можно е повторно да ја обновите старата љубовна приказна, но подеднакви можности имате и за ново познанство кое брзо ќе премине во романтична врска.  Ни на работен план, нема да недостигаат задоволствата. Сега е полесно да ги реазлизирате проектите, кои до неодамна беа „заглавени“.

Риби – Рибите се меѓу најподржуваните астролошки знаци од страна на ѕвездите оваа недела. Во деновите пред вас ќе имате можност конечно да ги соберете плодовите од минатиот вложен труд. Ако моментно сте во реализација на некој проект, или сте преокупирани со некој договор, следува мигот кога ќе добиете потврда за постигнувањето на одлични резултати. На љубовен план, не плашете се да поставите прашање или да побарате нешто, ова е вистински момент за реализирање на вашите желби.

Водолија – Позиционирани на 5-то место според фаворизирањето на ѕвездите оваа недела, на Водолиите ќе им се врати оптимизмот и позитивниот став. Конечно, проблемите кои ви изгледаа дека се нерешливи, пред само неколку недели, сега ќе се пресретнат со нова светлина. Марс ви носи вистинска енергија. Одличната поставеност на Месечината ќе ви донесе добри резултати на полето на креативноста. Оваа недела ќе имате можност да пресвртите во ваша полза некоја ситуација, за која до неодамна мислевте дека е бескорисна.

Лав – Сега може да ги оставите зад грб тешките и проблематични денови. Во последно време дури и околината ве гледаше дека сте под стрес, но сега е пред вас период на обновување и почеток на поинаков, поведар дел од годишната сезона. Оваа недела ви носи спокојство и растеретување. Ова се однесува и на љубовното поле и на работното место. Среда и четврток се денови кога ќе биде ставено на тест вашето трепение, затоа внимавајте на зборовите.

Јарец – На љубовно поле ќе ви се врати разбирањето од партнерот. Би можеле да доживеете интензивни емоции, и повторно да му дадете голема важност на вашиот сентиментален живот. Паровите кои се заедно веќе подолго време ќе можат да уживаат во спокојната врска, оставајќи ги зад себе полемиките и дискусиите од минатото. Осамените пак, би можеле да „запловат“ во мирна врска која повеќе би се темелела на пријателство. И додека конфликтите ќе бидат далеку од љубовното поле, тие ќе бидат сега присутни на работното место. Затоа, на работен план, е подобро да одложите некои донесени одлуки.

Овен – Неделата започнува со убава поставеност на Месечината, астролошка поставеност која ги фаворизира среќните средби. Добарата поставеност на Марс пак, ќе ви гарантира енергија и виталност. На работното место полесно ќе ги извршувате обврските, иако ќе чувствувате дека ништо не се случува и дека тапкате во место. Петок и сабота се најдобрите денови за вас, но затоа внимавајте на недела, ден кој ќе биде исполнет со тензии.

Близнаци – Ќе почувствувате благо опаѓање на ентузијазмот и енергијата. Пред вас се пречки кои треба да ги надминете, луѓе и ситуации кои ве блокираат и не ви дозволуваат да ги реализирате вашите идеи и желби. Оваа недела треба да бидете многу трпеливи, бидејќи сеуште не се дојдени вашите „пет минути“. Обидете се да се воздржите, да не избувнувате, да не влегувате во полемики и едноставно да се помирите со трпението дека ќе мора да почекате подобра поставеност на ѕвездите за да ги истуркате вашите замисли, и на работно и на љубовно поле.

Вага – Оваа работна недела ќе почне на комплициран начин. Месечината е во опозиција, а вие ќе се чувствувате дистанцирани, па дури и изолирани. Многумина од вас ќе добијат желба да се повлечат од работните проекти, а на љубовно поле, ќе побараат дистанцираност од партнерот. Од среда попладне полека ќе ви се враќа доброто расположение, а желбата за дружење е видлива за време на викендот. Сабота и недела се денови кога ќе ви се врати вербата во љубовта, а со тоа и можностите за стабилизирање на емотивните врски или за започнување на нови.

Стрелец – Од Марс ќе добивате голема енергија, но поради неповолнота поставеност на другите планети нема да имате можност на кое поле да ја „истурите“ позитивно таа енергија. Блокадите од сите страни ќе направат да се чувствувате фрустрирано, од една страна полни со енергија, од друга страна – кочници и препреки. Оттука и ваквата енергија во вас ќе ве вознемирува. Ако гледате дека нешто не оди како што вие сакате, подобро е во овој период да се повлечете и да не влегувате во кавги. Особено тензични денови се петок и сабота. Затоа, планирајте го викендот за „бегство“ од градот, за релаксирање во природа или во спа центар.

Девица – Најголем пад на енергијата оваа недела ќе почувствуваат Девиците, на кои, во љубовта како ништо да не ќе им оди од рака. Венера и Меркур се во опозиција, не е лесно да се прават договори или компромиси со другите луѓе или со партнерот, но и да се најде правилен поглед на размислување. Тешкотии ќе почувствувате и на работното место, каде би можеле да се вплеткате во конфликтни ситуации дури и при банални прашања. Сочувајте си го спокојството и трпението, не влегувајте во кавги, и обидете се трезвено да се дистанцирате од провокациите.

 

 

x

Check Also

Над 2.000 корисници и 70 компании за една недела се дел од Challenger Дома

Точно пред една недела преку продавниците за апликации на мобилните телефони, iOS или Android, 2.000 македонски ...